Судскиот совет се жали на притисок од функционери

Замена на едни луѓе со други не е реформа, туку ризик за партизација во судството, смета лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Судскиот совет се жали на притисок од функционери

Иницијативите на Владата и премиерот Христијан Мицкоски за промена на членови на Судскиот совет и разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски според него претставуваат упад и груба партизација, бидејќи отстапуваат од реформската агенда којашто Владата ја потпиша во Брисел. Тој ги повика сите политички партии да ги изгласаат сите закони што се дел од Планот за раст на ЕУ за вистинска реформа во правосудниот систем.

-Сметам дека најавите на Владата за промена на членови на Судскиот совет и Републичкиот јавен обвинител апсолутно не е никаква реформа, туку притисок и обид за партизација на судскиот систем. Постои јасна стратегија, којашто е содржана во Планот за раст, којшто владата на СДСМ го спремаше, а оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот го потпиша во Брисел, во којашто јасен е патоказот по која временска рамка треба да се оди за да се имплементираат различни измени на закони за вистински се реформира Судскиот совет и севкупниот правосуден систем кај нас. Владата веќе прави консултации за новиот Закон за Судски совет и на овој начин едноставно самата на себе си прави упад во системот менувајќи на членовите на Судскиот совет коишто во ова сценарио би биле смените и избрани нови по стариот закон, изјави Филипче.

Во меѓувреме, работната група во министерството за правда интензивно ги подготвува измените на Законот за судски совет согласно препораките од оценската мисија на ЕУ, кои треба да предвидуваат многу построги критериуми. Согласно планот за раст измените треба да бидат донесени до јуни. Врховната судијка Мирјана Лазарова – Трајковска која е на чело на оваа група за Канал 5 вели дека настојуваат да ја завршат првата работна верзија до крајот на месец март, за Министерството за правда да има доволно време овој текст да го прати на мислење пред Венецијанската Комисија.

-Настојуваме да ја завршиме првата работна верзија до крајот на месец март, со цел Министерството за правда да има доволно време овој текст да го прати на мислење пред Венецијанската Комисија. Нашата цел е да понудиме промени кои во центарот на вниманието ги имаат современите европски модели на саморегулаторни судски тела, без да ја занемариме Уставната рамка, досегашните пресуди на Европскиот суд за човековите права, сите конструктивни критики и досегашните искуства со овој совет. Работната група се води од од препораките на Оценската мисија кои се посочени како краткорочни и среднорочни цели, бидејки за останатите препораки кои се од долгорочен карактер ќе бидат потребни уставни измени, изјави судијката Лазарова-Трајковска за Канал 5.

Од Судскиот совет, пак, денеска реагираат за изјавите на носителите на највисоките функции на власта и изразуваат загриженост бидејќи според нив истите се одразуваат на интегритетот на членовите на советот и на судиите и директно влијаат врз перцепцијата и довербата на граѓаните за работата на Судскиот совет и судството.

-Членовите на Судскиот совет и судиите мора да бидат ослободени од каква било форма на притисок и влијание, за да истите одлучуваат самостојно и независно и во таа насока Судскиот Совет упатува апел до сите носители на јавни функции, во своето работење и делување доследно да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот, со цел владеење на правото и враќање на довербата кај граѓаните во системот, стои во соопштението од Судски совет.

Врховниот суд на Бразил одобри судење против Болсонаро

Бразилскиот Врховен суд денеска со мнозинство гласови одлучи поранешниот претседател Жаир Болсонаро да биде изведен пред суд по обвинение за заговор за соборување на владата по изборниот пораз во 2022 година.

Врховниот суд на Бразил одобри судење против Болсонаро

Тројца од петтемина судии гласаа за судење против Болсонаро. Доколку биде прогласен за виновен, тој може да се соочи со казна затвор од над 20 години.

Судијата Алешандри де Мораис на денешното рочиште покажа снимки од насилниот упад во владините згради, што се случи една недела по инаугурацијата на претседателот Луиз Инасио Лула да Силва во јануари 2023 година.

Болсонаро, кој ја водеше земјата од 2019 до 2022 година, е обвинет за пет кривични дела, меѓу кои и обид за насилно укинување на демократскиот поредок.

- Болсонаро систематски ја поткопуваше довербата во електронските гласачки машини во обид да ја дискредитира својата изборна загуба, рече на судењето судијата Мораис.

ЕУ со строги правила за несовесни возачи- одземање на возачка во една, ќе важи во сите 27 земји

Европскиот парламент и претставниците на земјите-членки постигнаа договор за нова директива која ќе овозможи забраната за возење наметната во која било земја-членка на ЕУ да важи во целата Унија.

ЕУ со строги правила за несовесни возачи- одземање на возачка во една, ќе важи во сите 27 земји

Оваа значајна промена носи ново ниво на координација на транспортната политика на Европската унија и ја зголемува безбедноста на патиштата во сите 27 земји-членки, пренесе Телеграф.

Според новиот договор, доколку возачот направи сериозен сообраќаен прекршок во земја на ЕУ, казната за суспендирање на возачката дозвола ќе важи и во земјата каде што е издадена дозволата. Ова претставува значителна промена од досегашната практика, според која забраните за возење се применуваат само во земјата каде што е извршен прекршокот.

Земјата што ја издала возачката дозвола ќе биде обврзана да ја спроведе забраната за возење низ цела Европската унија, што значи дека возачите повеќе нема да можат да ги избегнат последиците од сериозни прекршоци со преминување на границата.

Кои прекршоци резултираат со забрана за возење во ЕУ?

Новите прописи ќе се применуваат особено за најтешките сообраќајни прекршоци како што се возење под дејство на алкохол, значително пречекорување на дозволената брзина или предизвикување сообраќајни незгоди со смртни последици. За забраната да важи низ ЕУ, таа мора да биде изречена за период од најмалку три месеци и да се исцрпат сите правни лекови.

Досега беше практика возачката дозвола целосно да се одземе само во земјата во која е издадена. Во случај на прекршоци извршени во други земји-членки, забраната за возење се применуваше исклучиво на територијата на државата во која е изречена казната, што создаде правни дупки што некои возачи ги искористија.

Дигитализација на возачките дозволи до 2030 година

Покрај усогласувањето на системот на казни, Европскиот парламент и земјите членки се договорија и за воведување дигитални возачки дозволи кои ќе важат низ ЕУ. Овој проект треба да се реализира до 2030 година и дополнително ќе ја олесни контролата и спроведувањето на сообраќајните прописи.

Иако Европскиот совет и Европскиот парламент сè уште треба официјално да ги усвојат овие планови, ова се смета за обична формалност, бидејќи суштинскиот договор веќе е постигнат меѓу клучните засегнати страни.

Оваа реформа претставува значаен чекор кон создавање на единствена европска област на полето на безбедноста на патиштата и ја покажува подготвеноста на ЕУ да преземе посериозен пристап кон прашањето на сообраќајните прекршоци кои одземаат илјадници животи на европските патишта секоја година.

Еколози поставиле камери во шума, па снимиле нешто неверојатно: Го бараме 4 години (ВИДЕО)

Реткиот животински вид е снимен благодарение на камерите инсталирани од австралиските екологисти во природниот резерват Ваулинбах, на околу 225 километри североисточно од Сиднеј.

Еколози поставиле камери во шума, па снимиле нешто неверојатно: Го бараме 4 години (ВИДЕО)

Крзненото суштество, со големина на зајак, го снимиле ноќе, најверојатно додека барало храна.

„Тешко се откриваат“

Експертите објаснија дека на снимката се гледа торбар со долг нос (Potorous tridactylus) кој обично живее сам покрај источниот брег на Австралија.

Еколозите велат дека го барале ова слатко суштество четири години, но безуспешно, пренесува Мајами Хералд.

"Овој вид е тешко да се открие во области со мала густина. Покрај тоа, тие се ноќни видови кои се кријат во гнезда во текот на денот. Ова е прв пат да се снима во резерватот", изјави екологот Енди Хау.

Загрозен вид по пожарот

Хау додава дека се чувствува „еуфорично“.

„Тие се многу срамежливи и ретко се појавуаат пред камерите. Овој вид беше сериозно погоден од пожарите во шумата во 2019-2020 година, бидејќи голем дел од нивното живеалиште беше уништено“, нагласи тој.

Еколозите се надеваат дека снимката од камерата ќе помогне подобро да се разбере овој вид торбар.

притисни ентер