Судскиот совет оставен на совеста на членовите – не одговораат за своите постапки пред никого

Додека членовите на Судскиот совет што скандалозно ја разрешија претседатлката Весна Дамева, се обидуваат да најдат уште еден глас за избор на нов претседател во вторник, сѐ погласни се повиците за нивна одговорност – морална, па дури и кривична.

Има ли законски механизми со кој членовите на Судскиот совет по минатонеделните случувања може да бидат повикани на одговорност или се ќе остане на нивната совест? Како највисоко тело судскиот совет според законот е независен орган кој не одговара пред никој, па оттаму останува нејасно кој е надлежен да утврди дали при разрешувањето на Весна Дамева била прекршена законската процедура.

Професорот по уставно право Денис Прешова сугерира пратениците веднаш да иницираат постапката за интерпелација против сегашната и поранешната претседателка на Судскиот совет, но и за заменик претседателот, како истакната правници избрани од Собранието, за да се испитаат сите наводи за разни влијанија.

Интерпелацијата би требало да биде иницирана во најбрз можен рок особено поради тоа што е очигледно дека овие членови на Судскиот совет во континуитет не сакаат отворено и јавно да кажат за какви влијанија и притисоци станува збор, а најмалку тоа и го должат на јавноста, но и фелата.

По седницата од средата се погласни се повиците кај експертската јавност за одговорност на членовите на советот, но останува и нејасно кои се точните причини за групирањата меѓу членовите иако во јавноста доминира информацијата дека тоа е постапаката за одговорност на апелациониот судија Енвер Беџети за кој се утврди дека го довел под ризик од застарување случајот Таргет – Тврдина.

Најверојатно, сега шпекулирам, било предмет дали да се стави на разгледување тој извештај или не и се поделиле членовите на Судски Совет на две страни. Едни биле за разгледување на тој извештај, други најверојатно не. И од тие причини се дојде до прекин на седницата и наеднаш се пристапи кон разрешување на претседателката што е нон сенс. Не може така да се постапува. Како и да е и каква и да била состојбата, дали имало некакво ненавремено постапување од страна на претседателката или пак се вршел притисок да се стави на разгледување ова прашање околу тој судија, не може да се постапува незаконски. Мора да се спроведат сите работи коишто се предвидени со Законот за судски совет.

Весна Дамева беше разрешена со седум гласа, еден обид за избор на нов претседател пропадна и нова седница е закажана за во вторник.

Дури и под претпоставка дека седумте членови кои гласаа за разрешување на Дамева, би гласале за нов претседател, прашање е колку во вака завориена атмосфера ќе се најде уште еден глас за да се обезди потребно мнозинство од 8 членови.. Екпертите веќе предупредија дека таквата одлука би била незаконска, а ќе отвори и можност за случајот предмет да отвори Обвинителството..

Демири сака болницата во Лешок да ја спои со Клиничката болница во Тетово

Министерот за здравство Илир Демири сака болницата за белодробни заболувања во Лешок да ја спои со Клиничката болница во Тетово...

На ваквата одлука што ја најави министерот при неодамнешната посета на Тетово, остро се спотивставува медицинскиот персонал од специјализираната болница.

-Бараме да се донесат доктори специјалисти за да продолжи нормалното функционирање на болницата. Бараме барањето на министерот Демири, поврзано со нашата болница, итно да се поништи да не се најде на следната седница на Владата“, се вели во соопштението кое го испратија од болницата во Лешок.

Демири рече дека ако специјализираната болница не се земе под покровителство на тетовската болница таму без плата ќе останат 20 вработени.

Управен ги отфрли сите тужби на ДУИ - ќе дојде ли до промена на пратеничките мандати?

Ќе дојде ли до промена на пратеничките мандати во 5. и 6. изборна единица?

По маратонска расправа во текот на вчерашниот ден Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ против решенијата на ДИК за прегласување на парламентарните избори во седум избирачки места. Според пресметките на партиите, со прегласувањето најмногу може да загуби ДУИ, два пратеника – по еден во петката и шестката..

Во Изборната единица 6 ДИК прифати еден приговор за избирачко место во Желино. Таму најмногу гласови освои коалицијата Влен, вкупно 332, додека коалицијата преводена од ДУИ освоила 134 гласа, а СДСМ само 4.

Во шестка, Европскиот фронт освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш резултатот ќе биде 8-8.

Во петката, поништено е гласањето во 6 избирачки места. Таму ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца, но по прегласувањето може да се случи СДСМ да освои еден повеќе, а има и опција коалицијата на ВМРО ДПМНЕ да добие еден или двајца пратеници во зависност од пресметката со Донтовиот модел кој може да биде пресуден а со оглед на ниската разлика во изборниот количник.

Од коалицијата „Вреди“ ја поздравија одлуката на Управниот суд, за која велат дека е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај.

-Ја поздравуваме одлуката на Управниот суд, која е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат.- Коалиција Вреди

Со поднесувањето на приговорите до ДИК и барањето за прегласување од Вреди и ВМРО ДПМНЕ, од ДУИ обвинуваа за изборен инжињеринг кој како што тврдат бил договорен по политички договор на опозицијата, во кој учествувал и СДСМ.

Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели

Променливото време со повремени врнежи дожд е погодно за појава на плевели, болести и штетници.

Поради тоа, земјоделците треба да посветат поголемо внимание за заштита на нивните посеви, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Доколку временските услови дозволуваат, може да се продолжи со другите агротехнички мерки. Се препорачува да се преземат и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и за расчистување и заштита на одводните канали за полесно одлевање на површинските води, велат агрометеоролозите.

-Променливото време со повремени врнежи дожд во изминатите денови, ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата, но и со услови на појава на плевели, болести и штетници заради големата релативна влажност на воздухот. При вакви временски услови, земјоделските производители треба да посветат поголемо внимание на заштита на нивните посеви од плевели, појава на болести и штетници, заради постоење оптимални услови за нивно ширење и развој, нагласуваат агрометеоролозите.

Тие оценуваат дека новите врнежи кои ги најавува УХМР, ќе ги дополнат вештачките акумулации кои беа со намалено ниво на вода.

притисни ентер