Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон - Канал 5

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон

Огласот е за пополнување на местото на судијката Елизабета Дуковска чиј избор во 2023 година беше поништен по одлуката на Управниот суд по поднесената тужба за постапката за нејзин избор. 

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон

Судскиот совет на продолжението на 534. седница денеска едногласно со осум гласа донесе одлука да објави оглас за избор на судија на Уставен суд од редот на судиите, согласно новиот Закон за Судскиот совет што беше донесен на крајот од декември, лани.

Согласно новиот Закон за Судскиот совет, Советот по објавен оглас, од редот на судиите со најмалку 20 години судиски стаж, по претходно утврдена оцена на нивните вкупни резултати во работата му предлага на Собранието двајца кандидати за избор на судии на Уставниот суд на РСМ.

Огласот е за пополнување на местото на судијката Елизабета Дуковска чиј избор во 2023 година беше поништен по одлуката на Управниот суд по поднесената тужба за постапката за нејзин избор.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, во однос на расправата по пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025 за Дуковска, информираше дека тужбата е поднесена на одлуката за избор на судијката Елизабета Дуковска за член на Уставниот суд, која по одлуката на Управниот суд повеќе не е судија на Уставниот суд и тоа место сега е испразнето и, како што нагласи, треба да дадат нов предлог за уставен судија.

Камбовски, како свое мислење, рече дека од пресудата произлегува дека кога се давал предлогот од Судскиот совет се направени пропусти поради коишто е и одлуката на Управниот суд.

-Од напатстивијата на Управниот суд не е спроведена законита, транспарентна и објективна постапка по мерит систем и со почитување на законот за Судскиот совет. Мое мислење е дека треба да постапиме по новиот Закон за Судскиот совет и треба да објавиме оглас согласно член 103, кој пропишува кој се може да се јави и на тој начин ќе обезбедиме еднаков пристап за сите судии кои сакаат да се пријават. Според мене, единствен начин да постапиме по напатствијата на Управниот суд е овој, изјави Камбовски.

Џенета Бектовиќ, изјави дека се согласува со предлогот и нагласи дека во најкраток рок треба да се изврши и промена во Деловникот за работа на Судскиот совет, со оглед дека не е усогласен со новиот Закон за Судски совет.

-На тој начин нема да им се ускрати правото на претходните тројца кандидати и истовремено ќе им се даде можност на сите останати што би сакале да се пријават. Со тоа ќе се обезбеди мериторна и транспарентна постапка за избор на судија на Уставниот суд, изјави Бектовиќ.

Членот на Судскиот совет, Ивица Николовски рече дека сите денеска се, вели, со "свежа перцепција" по одлуката на Уставниот суд, но дека неговиот став е јасен и дека оваа пресуда е преседан, нагласувајќи дека "последиците ние дополнително ќе ги чувствуваме", изразувајќи жалење што Судскиот совет пропуштил шанса да заземе став и ја наметне својата позиција.

-Конфузна и нејасна одлука со многу празнини. Ние денеска разговараме за поништена одлука за избор на друг орган, законодавниот, и денеска ние држиме жежок костен. И се согласувам ние немаме друга можност освен да постапиме по одлуката, која е правосилна, изјави Николовски.

Членот на Судскиот совет, судијката Антоанета Димовска, рече дека таа ја поднела тужбата и дека ќе ја напушти седницата, нагласувајќи дека сега повеќе не е заинтересирана за расправа по оваа точка.

Собранието на 29 декември, лани, со 73 гласа „за“и еден „воздржан“ го донесе Законот за Судски совет. Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно време со температура до 23 степени

Времето во текот на денов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Променливо облачно време со температура до 23 степени

Наместа ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од 6 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 11 до 22 Целзиусови степени.

Синоптичарите најавија период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Наместа повремено ќе има услови за краткотраен дожд. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 27. септември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 27. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 27. септември 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Во вашиот приватен живот работите се одвиваат како што треба. Поради тоа неумесни прашања не ве загрижуваат.

Кариера

Ќе треба да поработите на една работа заостаната од порано. Веројатно сеработи за пренамена или некакви корекции.

Здравје и совет

Мали стресови што добро ги поднесувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Радоста поради хармонијата и среќата во вашиот приватен живот ќе биде заразна. Игнорирајте ги грижите.

Кариера

Повремено ќе се сетите на новите планови и се она што ве очекува. Сепак , тоа нема да биде товар , туку само интересно комбинирање.

Здравје и совет

Бидете свои.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Поради тоа што има се помалку шанси кои се во прилог на вашиот љубовен живот , денеска ви паѓа самодовербата.

Кариера

За да постигнете напредок во една работа , ќе треба од нешто да се откажете. Кај некои тоа ќе значи и финансиски трошок.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе сфатите дека немате каде и дека требада ја прифатите состојбата каква што е. Тоа ќе биде зрела одлука што ќе треба да ја спроведете.

Кариера

На некои ќе им легнат пари на сметка. Други ќе осмислат уште подобар начин на заработувачка. Тртети ќе работат повеќе надевајќи се на поголем приход.

Здравје и совет

Не пијте студени напитоци.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Внимавајте со духовитите , а сепак несоодветни разговори да не ја повредите саканата личност.Контролирајте се.

Кариера

Вашите соработници од блиската работна околина ќе бидат оруигинални , но доста непродуктивни. Ќе имате утописки идеи.

Здравје и совет

Не поддржувајте нешто со што нес е согласувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои во пријатна личност ќе препознаат идеален партнер. Ќе бидете збунети , но и подготвени за акција.

Кариера

Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило.

Здравје и совет

Држете се до својот план.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска саканата личност би можела навистина да ве збуни. Час ќе биде отворена и на раб на агресивност , а час чувствителна и повлечена.

Кариера

Во работите со луѓе и комуникации ќе бидете продуктивни и успешни. Поврзете се што можете повеќе со соработниците.

Здравје и совет

Не инсистирајте да биде по ваше.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно денеска ќе чувствувате дека созреваатнекои важни работи меѓу вас и партнерот. Само немојте да брзате.

Кариера

Важно е да не се држите до крај до своите идеи , туку подобро да ги прифаќате и идеите на другите.

Здравје и совет

Да се греши е човечно , но да не се признаат грешките е лудост.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои во милата личност ќе го препознаат идеалниот партнер . Ќе бидат по малку збунети , но и подготвени за акција.

Кариера

Можен е финансиски трошок на кој не сте подготвени , но вашите идеи се толку богати што набргу ќе го вратите изгубеното.

Здравје и совет

Чувајте го грлото и вратот.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Она што можеби недостасува ќе го надополните со конструктивен пристап и фокусирање на она што е позитивно во вашиот однос. Тоа е паметно.

Кариера

Имате право да прашате доколку нешто не ви е јасно , но ако денеска не работите, прашањето одложете го за следната недела.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Доаѓа до се поголема хармонија во личните односи , а вие ќе бидете задоволни. Работите се одвиваат како што треба.

Кариера

На работа јасно ќе ви стават до знаење дека го ценат вашиот труд и професионалност. Тоа уште повеќе ќе ве мотивира за понатаму.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Конечно ќе најдете вистински зборови со кои ќе го подобрите односот со саканата личност. Самците успешно се додворуваат.

Кариера

Денеска ќе добиете одговори на некои прашања , а деловната кореспонденција ќе се интензивира.

Здравје и совет

Можни се мали нервози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рита Ора објави селфи, седната на ВЦ школка- сите згрозени, реагира и вереникот (ФОТО)

Британската пејачка со албанско потекло Рита Ора е во центарот на вниманието со години благодарение на нејзините големи музички хитови, но се чини дека сè повеќе привлекува внимание од јавноста со содржини што немаат многу врска со музиката.

Рита Ора објави селфи, седната на ВЦ школка- сите згрозени, реагира и вереникот (ФОТО)

Пејачката сега ги изненади своите следбеници со својата најнова објава на Инстаграм, бидејќи меѓу фотографиите од секојдневниот живот сподели фотографија од тоалетот.

Рита ги шокираше своите следбеници со невкусен потег позирајќи седејќи на тоалетот, целосно опуштена пред камерата, со што уште еднаш покажа дека не бира средства за да ја постигне својата цел, да привлече внимание.

Покрај фотографијата од тоалетот, Рита објави и неколку други сцени - од автомобилот, кујната, како и фотографии направени додека поминува време надвор.

Таа кратко напиша „Каква недела“ покрај галеријата.

Нејзиниот вереник веднаш реагираше на нејзината објава, кој напиша со хумористичен тон: „О, човече. Селфи на тоалетот. Изгледа дека беше навистина напорна недела.“

Додека некои обожаватели ја пофалија и ѝ рекоа дека изгледа одлично, други се прашуваа кога конечно ќе го издаде својот нов албум. Многумина коментираа дека би сакале Рита повеќе да се фокусира на музиката и да открие детали за нејзините нови песни.

Иако е позната по тоа што нема проблем да ги покаже различните страни од својата личност, овие објави повторно го поставуваат прашањето колку далеку одат познатите личности во обид да останат во центарот на вниманието. Рита, според сите извештаи, нема намера да се грижи што ќе каже јавноста, туку споделува со своите следбеници токму она што ѝ паѓа на ум во моментот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер