Судскиот случај со ширење гласини дека Брижит Макрон е родена како маж денеска добива епилог - Канал 5

Судскиот случај со ширење гласини дека Брижит Макрон е родена како маж денеска добива епилог

Во Париз денеска се очекува да бидат осудени осум мажи и две жени во случајот за кибер малтретирање против првата дама на Франција,  Брижит Макрон.

Судскиот случај со ширење гласини дека Брижит Макрон е родена како маж денеска добива епилог

Десетмината се обвинети за бројни злонамерни изјави за полот на сопругата на претседателот, како и за нејзината разлика во годините со Емануел Макрон. Некои од изјавите вклучуваа обвинувања за педофилија. Обвинетите се соочуваат со затворска казна до две години.

Случајот произлегува од теорија на заговор што циркулира на социјалните медиуми од изборот на Емануел Макрон за претседател во 2017 година, во која се тврди дека Брижит Макрон е трансродова жена и е родена како маж.

Сопружниците Макрон претходно презедоа правни мерки против ваквите тврдења.

Меѓу обвинетите е и Орелиен Поарсон-Атлан (41), промотер и специјалист за маркетинг кој работел на социјалните мрежи под псевдонимот Зое Саган, а кого обвинителството го смета за еден од клучните актери во ширењето лажни тврдења за Брижит Макрон.

Обвинета е и Делфин Ј. (51), жена која се претставувала како медиум, новинарка и информаторка под името Амандин Рој, а чија сметка на платформата X оттогаш е суспендирана. Медиумските извештаи наведуваат дека таа одиграла важна улога во популаризацијата на теориите на заговор.

Исто така, пресуда чека и блогерката Наташа Реј, која претходно беше осудена за клевета за слични тврдења, иако таа пресуда подоцна беше поништена по жалба. Обвинети се вкупно осум мажи и две жени на возраст меѓу 41 и 60 години, а тие се луѓе од различни профили, вклучувајќи наставници, ИТ специјалисти и локални службеници, чии имиња не се познати на јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стандардниот „McMurtry Speirling Pure“: Хиперавтомобил со речиси 1.000 коњски сили

Британската компанија „McMurtry Automotive“ ја претстави сериската верзија на својот електричен хиперавтомобил, „Speirling Pure“ .

Стандардниот „McMurtry Speirling Pure“: Хиперавтомобил со речиси 1.000 коњски сили

Британската компанија „McMurtry Automotive“ ја претстави сериската верзија на својот електричен хиперавтомобил, „Speirling Pure“ – модел заснован на прототипот што го постави апсолутниот рекорд на патеката за искачување на рид на фестивалот на брзината во Гудвуд (Goodwood Festival of Speed) во 2022 година, со време од само 39,08 секунди.

Новиот автомобил ќе биде претставен пред јавноста на овогодишниот настан во Гудвуд, по што ќе следи презентација во Калифорнија, а првите испораки до купувачите се очекуваат до крајот на годината.

Перформанси на ниво на Формула 1.

Развиен исклучиво за возење на патека, Speirling Pure се придвижува со два електромотори кои испорачуваат комбинирана моќност од 986 коњски сили; ова овозможува забрзување од 0 до 96 км/ч за само 1,55 секунди и максимална брзина од 306 км/ч.

Автомобилот користи батерија од 100 kWh – значително поголема од онаа во прототипот – а производителот наведува дека таа може да се наполни од 20 до 95 проценти за околу еден час, во зависност од полначот и надворешната температура.

Една од најупечатливите карактеристики на моделот е патентираниот систем со вентилатори кој создава потисна сила од приближно 2.000 килограми дури и кога автомобилот мирува, овозможувајќи му да совладува кривини со сили што надминуваат 3G.

Уникатната технологија обезбедува неверојатно прилепување за подлогата.

Благодарение на оваа технологија, Спирлинг веќе постави рекорди на Гудвуд и на други познати патеки, а компанијата верува дека сериската верзија би можела да биде уште побрза од прототипот што го воодушеви автомобилскиот свет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Анистон објави нови фотографии со своето момче

Конечно е среќна во љубовта: Џенифер Анистон објави нови фотографии со своето момче.

Фото:  Џенифер Анистон објави нови фотографии со своето момче

Холивудската ѕвезда, убавата актерка, Џенифер Анистон веќе некое време е во центарот на вниманието на јавноста, главно поради нејзината врска со Џим Кертис.

Се чини дека актерката конечно е среќна во љубовта, а тоа го потврдува и самата преку објави на социјалните мрежи.

Неодамна, екс сопругата на Бред Пит објави компилација од фотографии на Инстаграм, а оние на кои се гледаат таа и нејзиниот партнер за време на летните денови го привлекоа вниманието.

На првата фотографија, ѕвездата од серијата „Пријатели“ направила селфи од автомобилот, додека Кертис се смешка покрај отворената врата на возилото.

Двојката дел од времето го помина и во друштво на пријатели, меѓу кои Наоми Вотс, Били Крудап, Аманда Анка и Џејсон Бејтман. Дури и долгогодишната пријателка на актерката, Сандра Булок, ја коментираше објавата на Анистон.

„Секоја сцена е совршена“, напиша таа накратко. Набрзо потоа следеа бројни коментари од обожаватели кои напишаа дека изгледаат „прекрасно“ и дека е очигледно оти се „вљубени“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најубавата италијанска водителка изгледа неверојатно, иако неодамна шсе породи

Една од најубавите телевизиски спортски водителки, „жешката“ Италијанка Дилета Леота повторно го привлече вниманието на своите фанови откако на социјалните мрежи сподели фотографија во костим за капење.

Фото: Најубавата италијанска водителка изгледа неверојатно, иако неодамна шсе породи

Водителката Дилета Леота, која неодамна се породи по вторпат, позираше за време на својот одмор во елегантно бикини што ја истакнуваше нејзината витка линија и исончан тен.

Многумина забележаа дека таа изгледа беспрекорно, а во коментарите пристигнуваа бројни комплименти за нејзиниот изглед.

Покрај тоа, водителката сподели и неколку семејни моменти со своите деца и со сопругот Лорис Кариус, а судејќи според нејзиниот профил на Инстаграм, уживањето нема крај.

„Преубава“, „Изгледаш неверојатно“, „Кој би рекол дека речиси се породи“, „Нестварна си“, „Ова изгледа како вештачка интелигенција“ – ова се само дел од реакциите на нејзините следбеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер