МакедонијаСудовите во Македонија работат со две третини пополнетост на судиски местаСудовите во земјава работат со две третини пополнетост на судиски места, во просек за решавање на предметите граѓаните чекале од 20 до 200 дена.Основните судови низ земјава минатата година од примени вкупно 578 577 предмети, решиле 96,5 проценти или 558 336 предмети, со просечно време на решавање на предметите од 74,8 дена. На почетокот на годината имале 93 072 нерешени предмети од претходниот период, додека на крајот од годината го зголемиле тој број за дваесет илјади на 113 313. Кај второстепените пак, ажурноста била речиси двојно полоша, односно просечното време за решавање на предметите на апелационите судови низ земјава по предмет бил 146,79 дена или нешто помалку од пет месеци. Бројот на нерешени предмети го зголемиле за две илјади од 9 225 на почетокот на годината, на 11 264 нерешени предмети на крајот од годината. Минатата година во земјава имало вкупно 391 судии. Тоа значи по 21 судија на 100 илјади жители, што е во рамки на европскиот просек. Но, бројот на судии во земјава од година, во година постојано се намалува, па така, од 493 во 2020 година, е намален на 473 во 2021, па на 449 судии во 2022 година. Од предвидените по систематизација 639 судиски места, пополнети биле 61 процент или 391 судиско место. Но, и од нив, не сите биле активни судии, односно на речиси десет проценти или 36 судии, местата им биле ставени во мирување. Недостигот на судии по судови не е рамномерен, па така додека 12 судови работеле со помалку од половина од предвидените судии, меѓу кои и ОС Берово и ОС Крушево со ниту едно пополнето судиско место, па во нив претседателот на судот, кој работел и како судија, бил избран од друг суд. Основните судови во Прилеп и Струга работеле со една петтина од потребниот број на судии. Околу 5 проценти или 19 судии биле делегирани во друг суд. Ова е особено непопуларно решение за пополнување на подолго испразнетите места во помалите судови беше видливо и со изборот на судии од последната генерација на Академијата на судии и јавни обвинители. Па така, откако на огласите за избор на судии во некои од помалите судови не се пријави ниту еден кандидат, Судскиот совет немаше друго решение, освен да ги избере во поголемите судови каде што конкурурале, а потоа да врши делегирање. Во просек за решавање на предметите граѓаните чекале од 20 до 200 дена Според Извештајот за работата на судовите во 2023 година сите основни судови решиле вкупно 558 336 предмети, со просечна стапка на решени предмети од 96,50 проценти. Просечно за решавање на предметите на судовите им требало по 74,08 денови. По апелациони подрачја ажурно е само Гостиварското, со стапка на решени предмети од 100,48, а истовремено и со најмало просечно време за решавање предметите – 39,72 дена. Сите останати се неажурни. Најнеажурно е Битолското со стапка на решени предмети од 93,79 проценти, а истовремено и со највисоко просечно време за решавање на предметите 118,62 дена. Речиси три пати повеќе од Гостиварското. Скопското апелационо подрачје има стапка на решени предмети од 94,84 проценти и просечно време за решавање на предметите од 79,48 дена. Штипското апелационо подрачје има стапка на решени предмети од 98,95 проценти и просечно време на решавање на предметите од 63,77 дена. Во просек најмногу време за решавање на предметите му биле потребни на Управен суд – 206,76 дена. Од Основните судови, најмногу време за решавање на предметите им требале на ОС Прилеп – 205,73 дена, Основниот граѓански суд Скопје – 161,25 дена и Основниот суд во Охрид – 146,54 дена. Повеќе од три месеци за решавање на предметите им биле потребни и на ОС Струга – 142,22 дена, ОС Крушево – 115,93 дена, ОС Крива Паланка – 107,51 дена, ОС Радовиш – 102,41 дена и ОС Делчево – 102,15 дена. Тука, треба да се нагласи дека основните судови во Прилеп и Струга работеле само со една петтина од потребниот број на судии. Најажурни биле Основниот суд во Дебар и Основениот суд во Гевгелија каде во просек за решавање на предметите им требало по 13 дена. Помалку од месец за решавање на предметите им требало и на Основниот суд Виница – 21,04 дена, ОС Кавадарци – 21,08 дена, Основниот суд Тетово – 22,97 дена и Основниот суд Кратово – 27,37 дена. Интересно е дека во сите овие судии работеле со над 60 проценти пополнетост, освен основните судови во Кратово и Виница кои работеле со една третина од потребните судии. По апелациони подрачја најажурни биле судовите од Гостиварското, каде во просек ги решавале предметите за 39,77 дена. Од четирите основни суда на подрачјето на Апелација Гостивар најажурен бил ОС Дебар со 13,53 дена за решавање на предметите, а најмалку ажурен ОС Гостивар – 70,32 дена. Второ по ажурност е Штипското апелационо подрачје, каде во просек предметите се решавале за 63,77 дена. Најажурен на ова подрачје бил Основниот суд во Виница – 21,04 денови, а најмалку ажурни Основните судови во Радовиш и Делчево – по 102 дена. Интересено е дека сите три судови работеле со околу една третина од предвидениот број на судии. Трето по ажурност е Скопското апелационо подрачје, каде во просек за решавање на предметите на судовите им требале по 79,48 дена. Најажурен на ова подрачје бил Основниот суд во Гевгелија – 13, 86 дена, а најнеажурен Основниот граѓански суд во Скопје, каде во просек за решавање на предметите биле потребни 161,25 дена. Битолското апелационо подрачје е најнеажурно, каде во просек предметите судовите ги решавале за 118,62 дена. Од судовите на ова подрачје најажурен бил Основниот суд Битола – 63,65 дена, а најнеажурен Основниот суд во Прилеп – во просек по 205,73 дена за решавање на предметите. За судскиот систем одвојуваме 19 евра по глава на жител – четири пати под европскиот просек Според податоците на Евростат во просек, во периодот 2019-21 година во Европа имало по 18 професионални судии на 100 илјади жители, од кои процентуално 58,5 биле жени. Сепак, податоците покажуваат големи разлики меѓу земјите. Така, најголем број на професионални судии на 100 илјади жители има Словенија (42,3), потоа следат Хрватска (41,6), Луксембург и Романија (по 35,7), додека дури шест земји членки на ЕУ имале под десет професионални судии на 100 илјади жители – Малта, Шведска, Чешка, Шпанија, Австрија и Ирска. Последниот достапен извештај на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ) за судските системи од 2022, со податоци од 2020 година покажува дека земјава е далеку под европскиот просек според буџетот што го одвојува за судскиот систем – 19,27 евра по глава на жител, наспроти 78,09 евра по жител на ниво на Европа. Но, во однос на процентот на БДП што се одвојува на судскиот систем со 0,37 проценти од БДП е малку над европскиот просек од 0,35 проценти од БДП-то. Земјава влегува во групата А, земји со БДП под 10 илјади евра по глава на жител. Во ова група најмногу пари за судскиот систем одвојуваат Црна Гора (64,2 евра по жител или 0.80 проценти од БДП), Бугарија (54,13 евра по жител или 0.61 проценти од БДП), Србија (40,21 евра по жител или 0.66 проценти од БДП) и Босна и Херцеговина (37,81 евра по жител или 0.73 проценти од БДП). Помалку од нас трошат Турција (16,2 евра по жител или 0.21 проценти од БДП) и Албанија (14,53 евра по жител или 0.33 проценти од БДП). Генерално најмногу средства за судскиот систем по глава на жител одвојуваат Швајцарија (217,13 евра по жител или 0.29 проценти од БДП), Монако (199,42 евра по жител или 0.29 проценти од БДП) и Луксембург (176,73 евра по жител или 0.17 проценти од БДП). Годинава треба да се пензионираат 18 судии, а да завршат обука 55 кандидати Според анализата на Комисијата при Судскиот совет за утврдување на бројот на слободни судиски места на X-та генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители треба да изнесува 162. Во Основните судови за навремено и ажурно постапување по предметите бројот на потребни судии изнесува 434, додека моменталната пополнетост е 272 места. Во 2024 година ќе се пензионираат 11 судии, во 2025 – 15, а во 2026 – 14 судии. На Апелационите судови, во моментот од предвидените 118 судиски места, судиска функција вршат 64 судии. До крајот на 2026 година ќе се пензионираат вкупно 12 судии. Во Врховниот суд потребни се 26 судии, а во моментот судиската функција ја извршуваат 14 судии. За да се пополнат судиските места во апелационите и Врховниот суд потребни ќе бидат 85 судии кои ќе треба да бидат извлечени од основните судови. До крајот на 2026 година произлегува дека во Основните судови очекувано е да постапуваат 232 судии, во апелационите судови – 54, а во Врховниот – седум судии, ако се одземат само пензионирањата. Осмата генерација на кандидати на Академијата за судии и јавни обвинители се очекува да ја заврши обуката на крајот на 2024 година и брои 55 кандидати. За деветтата генерација Академијата запишува 100 кандидати за обука за судии. Потребниот број на кандидати кои треба да се запишат во десеттата генерација е 162, согласно оваа математика на прилив и одлив. Укинување на два ОС и намалување на бројот на судии во повеќе од десет Работната група на Судскиот совет – во анализата објавена на 26 февруари 2024 предлага намалување на бројот на предвидени судии по систематизација во 12 основни судови, како и преиспитување на потребата од функционирање на два основни судови – Крушево и Кратово и нивно функционирање како одделение на некој поголем суд. Само во еден основен суд Работната група предлага зголемување на бројот на предвидени судиски места и тоа во ОС Кичево, додека за останатите 14 основни судови не се предлагата промени во бројот на предвидени судиски места за оптимално функционирање. Според овие податоци моменталната пополнетост на судии по основните судови е 60 проценти. По апелациони подрачја најдобро пополнето е скопското со 68 проценти, потоа следи гостиварското со 59,4 проценти, па штипското со 55 отсто и најслабо пополенто е битолското со 40,9 проценти. Кај самите апелациони судови, најмногу судии има Апелација Гостивар со пополентост од 87,5 отсто, потоа следи Апелација Скопје со 57,7 отсто, додека Апелација Битола има 52 и Апелација Штип само 50 отсто пополентост. Работната група на апелационот подрачје Битола за четири основни судови смета дека треба да се намали бројот на предвидени судиски места и само за два да останат исти – ОС Битола и ОС Прилеп. За ОС Крушево дури и предлага да се размисли за негово укинување и префрлање како одделение во рамки на друг суд. Според работната група оптималниот број на судии за функционирање на судовите на ова подрачје е 76 судии. И со таа бројка, сепак моменталната пополнетост ќе остане ниска – 44 отсто. За основните судови од апелациско подрачје Гостивар, работната група предлага намалување во ОС Дебар, зголемување во ОС Кичево, а во два бројот на предвидени судиски места да остане ист. Според работната група оптималниот број на судии функционирање на судовите на ова подрачје е 71 судии, што е за две места повеќе од моментално предвидените 69. Со таа бројка, моменталната пополнетост ќе биде 57,7 отсто. За четири судови од апелационо подрчаје Скопје работната група смета дека бројот на потребни судиски места треба да остане ист, додека во пет судови треба да се намали. ОС Кратово според работната група треба да се размисли да се укине и припои како одделение на некој поголем суд. Според работната група оптималниот број на судии во ова подрачје е 221, за 15 помалку од моментално предвидените судиски места. Со таа бројка моменталната пополнетост би била 73,3 проценти. Работната група смета дека во два основни суда од апелациското подрачје Штип треба да се намали бројот на судиски места во ОС Делчево и ОС Струмица, додека за сите останати бројот да остане ист. Според работната група оптималниот број на судии во ова подрачје е 66, за 3 помалку од моментално предвидените судиски места. Со таа бројка моменталната пополнетост би била 57,8 проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаЈанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат Во моментов пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар во близина на селото Трстеник.Со брза и координирана интервенција се преземаат сите неопходни мерки за локализирање и ставање на пожарот под контрола, објави ноќеска по полноќ на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија со балистички проектили го нападна Киев, погодена е станбена зграда (ВИДЕО)Русија ноќеска започна напад со балистички ракети врз Киев, при што наводно е погодена една станбена зграда. Нападот се случи еден ден откако претседателот Володимир Зеленски предупреди за можен масовен напад врз украинскиот главен град, објавува „Киев Индепендент“. Новинарите на терен пријавија повеќе експлозии во градот околу 00:23 часот по локално време, со големи пламени видливи на местото на нападот. Непосредно пред експлозиите, украинските воздухопловни сили издадоа предупредување за закана од балистички ракети за главниот град. Overnight Russian ballistic missile attack on Kyiv. 6 Iskander-M/S-400 ballistic missiles were launched in total, targeting the Solomianskyi District of Kyiv. Large fires broke out in an industrial zone following the impacts. In total, Ukraine launched at least 9 Patriot PAC-3… pic.twitter.com/FplN1CuJSB — AMK Mapping 🇳🇿 (@AMK_Mapping_) July 26, 2026 Последици Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека остатоците од ракетата погодиле 18-катна зграда во населбата Шевченко. Паѓачките остатоци предизвикале пожар што се проширил на седмиот и осмиот кат. Државната служба за вонредни ситуации подоцна објави дека се регистрирани и изгаснати пожари во населбите Десњански, Шевченко и Соломјански. Во нападот, исто така, изгореле неколку автомобили, нестанбена зграда и напуштена четирикатна зграда. Според првичните информации, немало жртви во нападот. Проценката на вкупната материјална штета е во тек. Напад по предупредувањето Нападот се случи откако претседателот Зеленски ден претходно предупреди дека Москва планира голем ракетен напад врз Киев во рок од 48 часа. „Нашите разузнавачки информации и информациите од партнерите укажуваат дека Русите подготвиле ракети за нов масовен напад врз Украина. Според прелиминарните информации, ова би можело да се случи во следните 48 часа“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање. Нападот се случи само два дена откако руска балистичка ракета погоди изложба на оружје во Киев на 24 јули. Официјални извори потврдија дека 10 лица се убиени, а повеќе од 100 се повредени во тој напад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОгромни пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија, огнот се приближува до Мадрид (ВИДЕО)Големи пожари продолжуваат да се шират во Шпанија и Франција, а властите предупредуваат дека ситуацијата останува многу сериозна. Едно лице загина во пожар, кој сега е под контрола, во близина на Валенсија во источна Шпанија. Во Шпанија, најкритичните области се Мадрид, Авила и Толедо, каде што пожарите сè уште не се под контрола и зависат од временските услови. Пожарот продолжува да се шири кон Мадрид. Во Франција, пожарот во Жиронда се приближува кон областа Бордо, досега уништи околу 42.000 хектари, автопатот А63 кон Шпанија е затворен, а 220.000 луѓе се евакуирани. Германија испраќа помош во Франција Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија испраќа авиони и служби за итни случаи за да ѝ помогне на Франција во борбата против големите пожари на југозападот од земјата. Je suis en contact étroit avec @EmmanuelMacron. Nous envoyons de l'aide dans les régions françaises touchées par les incendies de forêt afin de soutenir nos voisins. Des hélicoptères, un avion A400 et des secouristes sont en route. — Bundeskanzler Friedrich Merz (@bundeskanzler) July 25, 2026 „Во близок контакт сум со Емануел Макрон. Испраќаме помош до областите погодени од пожарите во Франција за да ги поддржиме нашите соседи. Хеликоптер, авион А400 и служби за итни случаи се на пат“, напиша Мерц на X. „Ви благодарам многу, Германија“, одговори Макрон на германски јазик. Градоначалник на Сестас: Не можеме да кажеме кога луѓето ќе можат да се вратат Градоначалникот на Сестас, Жером Стеф, изјави за BFMTV дека градот, кој се наоѓа југозападно од Бордо, е „за среќа напуштен“. „Имаме неколку луѓе кои не сакаа да ги евакуираат своите куќи. Секако, водиме список на нив во соработка со префектурата“, рече Стеф. Сестас има околу 17.000 жители и се наоѓа на југозапад од метрополитенската област Бордо. „Овој пожар е непредвидлив и секој пат кога мислиме дека сме добиле една битка, за жал нè изненадува на најлош можен начин. Затоа денес, за жал, не можеме да објавиме никаков датум за враќање“, рече градоначалникот. „Денес е невозможно да се каже каде ќе престане пожарот“, додаде тој. ¡Incendios arrasan Madrid! @Elnacionalweb #25Jul | Los incendios descontrolados que siguen arrasando este sábado la región de Burdeos y los alrededores de Madrid forzaron la evacuación de casi 270.000 personas, ennegreciendo el cielo de la capital española y arrasando bosques y… pic.twitter.com/PXlMfWdGH3 — Javier Vivas Santana (@vivassantanaj_) July 26, 2026 Следните часови се клучни за контролирање на пожарот во близина на Мадрид Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на пожарот под контрола, соопштија шпанските власти. „Ќе вложиме многу голем напор за да ги заштитиме различните згради, куќи и населби во оваа област, каде што работиме сите овие часови“, рече Франциско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид. Зборувајќи во командниот центар во Навалкарнер, тој нагласи дека работата што треба да се изврши во наредните часови ќе биде клучна. Пожар се заканува на областа околу Бордо Француските власти предупредуваат дека пожарот повторно се разгорел и им се заканува на населбите околу Бордо. Пожарникарите се борат со ветерот, сувата вегетација и опасноста од ширење на пожарот во текот на денот. Поради пожарот, автопатот А63 помеѓу Бордо и Шпанија беше затворен за 60 километри, објави префектурата Жиронда. Овој пат е една од клучните врски помеѓу југозападна Франција и Шпанија. 🚒🔥Firefighters are struggling to contain #wildfires in south-west #France as strong winds push flames towards the city of #Bordeaux, with one official saying they "are far from having the fire under control."https://t.co/bQEN7EuWEX 📌More than 250,000 people in France & Spain… pic.twitter.com/d4FxxXEee8 — ⚡️🌎 Пожарот во близина на Бордо уништи 42.000 хектари Голем пожар во француската покраина Жиронда продолжува да се шири кон областа Бордо. Според проценката од префектурата Жиронда од 4 часот наутро, пожарот досега опустошил околу 42.000 хектари. Во текот на ноќта, евакуирани се нови места јужно и источно од заливот Аркашон и во близина на Бордо. Меѓу нив се Маршприм, Ле Барп, Биганос, Миос и Сестас. Според новите податоци, вкупно 220.000 луѓе се евакуирани во Жиронда.Тагови: Франција Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47