Обвинителите бараат уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
2Обвинителите бараат уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
3Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
Шоу бизГвинет Палтроу за врската со Бред Пит: Ми беше срам (ВИДЕО)Гвинет Палтроу се осврна на својата врска со Бред Пит во 1990-тите и откри како медиумскиот притисок влијаел врз неа по нивното раскинување. Во гостување во подкастот, таа сподели дека поради фактот што нивната врска била толку јавна, чувствувала дополнителен срам што не успеала. 53-годишната актерка беше гостинка во вторникот во подкастот „Пријателите чуваат тајни“ што го водеа Бени Бланко, Лил Дики и Кристин Баталуко. Зборувајќи за својата кариера и живот во јавноста, таа се осврна и на својата врска со Пит. Се запознале на снимањето на филмот „Седум“. Палтроу рече дека таа и Пит, кој денес има 62 години, се запознале на снимањето на филмот „Седум“. Нејзината кариера тогаш само што почнувала да полетува. Таа рече дека врската започнала кога таа имала околу 22 години, а тој 31 година. „Се запознавме на снимањето и тоа беше речиси љубов на прв поглед“, се присети таа. „Беше прилично неверојатно. Толку многу забавно.“ Таа додаде дека сè што следело ја преплавило и дека луѓето наскоро почнале да ја препознаваат првенствено како девојка на Пит. Двојката се запознала во 1994 година, се свршиле во 1996 година и ја раскинале свршувачката во јуни 1997 година. По раскинувањето, таа почувствувала дополнителен срам Еден од водителите ја прашал Палтроу дали нивната врска е повеќе како фантазија отколку реалност. Таа признала дека „еден дел од неа бил многу интензивен“ и додала: „Бев многу млада, а тој беше прекрасна филмска ѕвезда“. Актерката, исто така, открила дека денес се пријатели и рекла дека Пит е „одличен човек кого таа многу го сака“. По раскинувањето, вели таа, била „навистина депресивна“. „Мислам дека поради медиумскиот притисок и сè друго, целата работа станува многу поголема отколку што е всушност“, рекла таа. „Потоа го носиш на грб товарот на таа вештачки создадена важност што јавноста му ја придава на сето ова, дополнителен притисок и срам затоа што си не успеал“. „Не бев подготвена за брак“ Палтроу и претходно зборувала за причините за раскинувањето. Во подкастот „Call Her Daddy“ во 2023 година, таа објасни дека ја раскинала свршувачката бидејќи не била подготвена за брак, иако срцето ѝ било скршено. „Тоа беше вистинската одлука во тој момент, но беше многу тешко“, рече таа во тоа време. „Се случија голем број работи. Тој беше девет години постар од мене, знаеше што сака и беше подготвен за тоа, додека јас сè уште не знаев што сакам.“ „Тоа беше еден од оние тешки моменти кога си помислив: „О, Боже, не само што не сум подготвена, туку повторно не ги исполнувам очекувањата.“ Тоа беше тој добро познат внатрешен глас кој често ми кажуваше дека не сум доволно добра“, додаде таа. По врската со Пит, Палтроу се омажи за фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, во 2003 година, со кого има две деца, Епл (22) и Мозес (20). Двојката се раздели пријателски во 2014 година. Од 2018 година, таа е во брак со продуцентот Бред Фалчук.Тагови: Гвинет Палтроу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре претпладне сончево и облачно, попладне дожд Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 15 Крушево, 20 Берово, Претор, 21 Охрид, Маврови Анови, Крива Паланка, 22 Прилеп, Тетово, 23 Виница, Скопје – Зајчев Рид, Битола, Велес, 24 Кавадарци, Штип, Скопје – Петровец, Струмица, 25 Гевгелија, 26 Демир Капија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес сончево со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро, наместа со мала облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во четврток ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Утре и во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од северозападен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизМараја Кери го победи брат ѝ на суд, не мора да му плати 18 милиони евра Пејачката Мараја Кери доби тужба против својот постар брат Морган Кери, кој ја тужеше за клевета поради она што го напишала за него во нејзините мемоари од 2020 година.Судијката Лесли А. Строт од Врховниот суд на државата Њујорк вчера ја отфрли неговата тужба, заклучувајќи дека Морган не успеала да докаже дека пејачката свесно измислувала лаги или сериозно се сомневала во вистинитоста на нејзините тврдења додека ја пишувала книгата „Значењето на Мараја Кери“, пишува Hola. Братот бараше повеќе од 18 милиони евра отштета Морган Кери ја тужеше својата сестра затоа што таа го опиша како насилник во книгата, тврдеше дека продавал дрога и пишувал за неговите проблеми во однесувањето од детството. Тој веруваше дека со тоа таа му го оштетила угледот, за кој тврдеше дека дотогаш бил „беспрекорен“. Во тужбата, тој наведе дека Мараја се потпирала на сеќавањата на нивната покојна мајка кога пишувала, а не на сопствените искуства. Тој исто така тврдеше дека заработката од книгата ѝ била поважна отколку да провери дали обвинувањата за него се вистинити. Поради сè, тој побара повеќе од 18 милиони евра отштета. View this post on Instagram A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) Судот го отфрли барањето Судот заклучи дека Морган не успеала да докаже дека Мараја свесно кажувала лаги или дека сериозно се сомневала во вистинитоста на она што го напишала. „Тужителот не понуди докази дека Мараја ги дала тие изјави знаејќи дека се невистинити. Фактот дека таа не го сака својот брат не е доволен за да докаже дека дејствувала со вистинска злоба“, се наведува во пресудата. Мараја задоволна од пресудата, нејзиниот брат најави жалба Адвокатот на Мараја Кери, Џон Розенберг, изјави дека пејачката е задоволна од одлуката на судот. Тој нагласи дека пресудата не е важна само за неа, туку и за другите автори кои пишуваат за теми од јавен интерес во своите дела. „Значењето на оваа одлука оди подалеку од интересите на Мараја Кери во овој случај. Таа потврдува дека авторите мора да бидат заштитени кога зборуваат за прашања од јавен интерес“, рече Розенберг. Од друга страна, адвокатот на Морган, Ричард Атман, најави жалба. Тој рече дека тие не се согласуваат со одлуката на судијата бидејќи веруваат дека таа е во спротивност со претходните одлуки донесени во истата постапка. Тој потврди дека ќе поднесе жалба што е можно поскоро. View this post on Instagram A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) Семејните конфликти траат со години Објавувањето на мемоарите во 2020 година дополнително ги влоши веќе нарушените односи во семејството Кери. Во 2021 година, пејачката беше тужена и од нејзината сестра Алисон, која тврдеше дека Мараја измислува приказни за да привлече внимание и да ја зголеми продажбата на книгата. Семејството Кери, исто така, претрпе големи загуби во последните години. Во август 2024 година, Мараја ги загуби мајка си Патриша и сестра си Алисон во ист ден. Иако пејачката сега го доби судскиот спор против својот брат, нивниот конфликт очигледно сè уште не е завршен, бидејќи Морган има намера да поднесе жалба.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителите бараат уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈООбвинителите барааат уставните судии итно да се произнесат за намалените коефициенти за нивните плати. Реакцијата доаѓа откако речиси десет месеци нема конечна разрешница, иако во декември лани Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на законските измени. Одолговлекувањето, велат обвинителите, не е само прашање на личните примања, туку и на самостојноста на обвинителството, неговата функционалност и можноста да го задржи стручниот кадар. -Недостигот на кадри, недостигот на ресурси, опасноста од кадровско загрозување, односно напуштање на дел од вработените, доведува до ситуација да се влијае на ефикасноста на постапките а со тоа и на заштита на правата на граѓаните. ние не бараме привилегија, ние бараме само да ни се даде гаранција во делот на постапувањето. Очекуваме уставниот суд да одлучи согласно законот, Уставот и неговите ставови изразено во решението. – Елвин Вели – Здужение на јавни обвинители Од седницата на 24 декември, Уставен оцени дека платите на обвинителите се законска материја, но нагласи дека нивната независност може да се гарантира само со материјална сигурност што ќе ги заштити од надворешни притисоци. Во март годинава предлогот на судијата известител не го доби потребното мнозинство, а во септември беше повлечен од дневниот ред. И додека обвинителите сè уште чекаат конечна одлука по поведена постапка, Уставниот суд во април годинава го поништи законот со кој по трет пат беа намалени коефициентите за платите на судиите во редовното судство. Со оваа одлука сега се применуваат коефициентите од второто намалување во 2024 година. Инаку за разлика од предметот за платите на обвинителите, Уставниот суд во јуни годинава донесе одлука со која се овозможи зголемување на коефициентите за пресметка на платите на сопствените судии и претседателот. Бидејќи Собранието не интервенираше, од 1 октомври коефициентите се зголемија од 2,6 на 2,8 за уставните судии, а од 2,8 на 3 за претседателот на Судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter