Судот во Стразбур им укажа на српските власти дека треба да спречат употреба на звучно оружје - Канал 5

Судот во Стразбур им укажа на српските власти дека треба да спречат употреба на звучно оружје

Европскиот суд за човекови права и укажа на Владата на Србија дека треба да се спречи каква било употреба на звучни уреди за контрола врз граѓани кои се на собир, објавија белградските медиуми.

Судот во Стразбур им укажа на српските власти дека треба да спречат употреба на звучно оружје

Како што беше објавено денеска од Стразбур, Судот на 29 април одлучи делумно да ги прифати барањата на подносителите - да издаде привремена мерка во случајот поврзан со наводната употреба на звучно оружје за контрола на собраните граѓани од страна на властите на демонстрациите на 15 март во Белград и загриженоста дека истото би можело да се користи на идни демонстрации.

Во случајот Ѓоровиќ и други против Србија (апликација бр. 8904/25), подносителите побараа Судот да издаде привремена мерка со која ќе ги обврзе српските власти да спречат употреба на звучни оружја во такви околности; да се спречи гонење на оние што учествуваа на јавната расправа на 15 март 2025 година за употребата на сонично оружје и да се спроведе ефикасна истрага за наводите дека било употребено сонично оружје.

На 29 април 2025 година, судски совет од седум судии издаде привремена мерка. Во врска со барањето на подносителите на барањето Судот укажа дека државата треба да спречи употреба на звучни оружја или слични уреди на идните протести од страна на државата и/или недржавните актери, Судот и посочи на Владата дека, до понатамошно известување, секоја употреба на звучни уреди за контрола на собраните граѓани (освен за комуникациски цели) мора да се спречи во иднина.

Судот изјави дека употребата на такво оружје за контрола на собрани граѓани е нелегална во Србија и, особено, дека може да предизвика сериозни здравствени последици за голем број луѓе.

Судот нагласи дека одлуката не значи дека зазел каков било став за тоа дали такво оружје било употребено на 15 март 2025 година и дека не го прејудицира исходот од барањето што подносителите можат да го поднесат.

Подносителите на барањето имаат рок од еден месец да поднесат барање во согласност со член 34 од Конвенцијата (право на индивидуална барање).

Барањето го поднесоа 47 српски граѓани на 24 март, со кои се бара од Судот особено да им укаже на српските власти на потребата да се спречи употребата на такви средства против демонстрантите во идните протести.

На 15 март 2025 година, подносителите на барањето учествуваа на протест во Белград. Додека тие одржаа 15-минутно молчење во спомен на оние што загинаа по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, околу 19 часот гласни звуци и воздушни бранови го прекинаа собирот.

Според извештаите, подносителите на барањето доживеале интензивен инстинктивен страв, паника, шок, забрзан срцев ритам, тремор, проблеми со слухот, повраќање, гадење, тахикардија и слични симптоми. Според извештаите, некои претрпеле физички повреди во паниката што настанала. Досега, околу 4.000 луѓе ги пријавиле своите искуства од инцидентот, се вели во соопштението на Судот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка.

Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?

Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото.

Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Додека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. 

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски.

Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ.

Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка.

Тоа е целосна манипулација.

Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“.

Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции.

Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт.

Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра.

Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија.

Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски.

Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот.

Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност!

Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Двегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот.

Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата.

Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер