НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона
2НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона
БалканСудот во БиХ утре ја објавува пресудата за Додик,тој најавува „радикални мерки“ ако биде осуденСуд во Босна и Херцеговина утре ќе ја заврши едногодишната судска постапка против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој е обвинет за непочитување на одлуките на високиот претставник. Доколку биде прогласен за виновен, Додик и неговите најблиски соработници најавуваат „радикални мерки“. На последното рочиште, предвидено за изнесување на завршните зборови на обвинителството и одбраната, ќе се утврди судбината на Додик и директорот на Службениот весник на Република Српска, Милош Лукиќ. Доколку процесот заврши истиот ден, судијката Сена Узуновиќ може веднаш да ја соопшти пресудата или најдоцна до 25 февруари. Додик и Лукиќ се обвинети затоа што во 2023 година дозволиле објавување во Службениот весник на два закона донесени од парламентот на РС, иако тие претходно беа поништени од високиот претставник Кристијан Шмит. Со овие закони во РС се настојуваше да се забрани спроведувањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ и на високиот претставник. Во БиХ, непочитувањето на одлуките на високиот претставник е кривично дело за кое се предвидува затворска казна до пет години. Доколку Додик биде осуден, тоа автоматски би значело и негово разрешување од функцијата претседател на РС. Во пресрет на пресудата, Додик синоќа одржа состанок зад затворени врати со своите најблиски соработници во Бања Лука, за да одлучат како ќе реагираат ако биде осуден. По состанокот, во медиумите беше испратено соопштение полно со закани, во кое се наведува дека пресудата против Додик би била „државен удар“. „Народното собрание, Владата и сите институции на РС ќе донесат радикални одлуки како одговор на секоја пресуда на Судот на БиХ. Исто така, сите претставници на српскиот конститутивен народ во БиХ и сите вработени во институциите на БиХ ќе се повлечат и ќе го прекинат својот ангажман“, се вели во соопштението. Додик и неговите соработници, меѓу кои и претседателката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, оценија дека секоја пресуда на Судот на БиХ би претставувала правно насилство и државен удар врз БиХ и РС, а дека ентитетот нема да остане нем. Цвијановиќ и Додик изразија надеж дека новата администрација во САД ќе има поинаков пристап и дека со поддршка од претседател Доналд Трамп ќе можат да реализираат дел од своите планови. Како прв чекор во нивниот одговор, властите во РС најавија дека ентитетскиот парламент ќе премине во постојано заседавање за да може без прекин да носи потребни закони и одлуки. Иако не се конкретизира кои ќе бидат тие одлуки, Додик веќе најави дека првиот чекор би можел да биде прогласување на независноста на РС. „Ако има таква пресуда (осудителна), што и да зборуваат другите, во истиот момент ќе имаме одлука на Собранието за отцепување од БиХ и распишување референдум за независност“, изјави Додик во јануари во интервју за ентитетската телевизија РТРС. Во поддршка на Додик застана и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изрази надеж дека Судот на БиХ ќе донесе „мудри одлуки“ за да не дојде до дестабилизација на регионот. Слична поддршка Додик доби и од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера во Будимпешта порача дека „политичките напади“ врз Додик треба да престанат и дека „не треба повеќе да биде казнуван“. Додик веќе подолго време е под санкции на САД и Велика Британија, а првите мерки против него беа воведени уште во 2017 година поради загрозување на спроведувањето на Дејтонскиот договор. Оттогаш, списокот на санкционирани лица од неговиот круг значително се зголеми, а последниот санкциониран беше неговиот министер за внатрешни работи, Синиша Карана, во јануари. Американската администрација тогаш објави дека Карана бил активно вклучен во работна група која ја формирал Додик, со цел подготовка на планови за отцепување на РС од БиХ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.Тагови: кривична пријава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезонаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите. На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Македонија„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. „Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. Од четирите водечки кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Црна Гора е апсолутниот првенец, додека Украина постигнала голем напредок во последните два месеци, оценија Кос и министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн, чија земја е актуелен претседавач со Унијата. -Со нашите предводници - Молдавија и Украина, ќе го отвориме кластерот 6. Се однесува на надворешните односи на двете земји. Исто така, станува збор за соработка во одбраната и справувањето со хибридните закани. Двете земји ќе придонесат кон европската безбедносна структура. Ова е пресвртница за Албанија со почетокот на затворањето на поглавјата и секако за нашиот фаворит, првенецот Црна Гора, со денес уште едно затворање на две поглавја вкупно 18 од 33, што значи повеќе од половина,- - Марта Кос Еврокомесарка за проширување. Овој „Супер вторник„ е знак до земјите кандидатки дека Унијата е подготвена за проширување, изјави ирскиот министер – Томас Бирн. Тој како и Кос порачаа дека проширувањето останува меритократски процес. -Самиот денешен ден „Супер вторник„ како што го нарекуваме - најмногу конференции за пристапување од 2002 година, само по себе гради импулс што луѓето ќе го видат во земјите-пристапнички дека постои Европска Унија. Дека земјите-членки се подготвени да го движат тој процес напред, подготвени да го остварат, и дека нашите земји-членки и нивните системи почнуваат да се подготвуваат со уште поголема итност отколку што веќе покажаа во овој процес. Затоа мислам дека ќе продолжиме да го движиме ова напред,- -Томас Бирн, министер за европски прашања и одбрана на Ирска. Иако соседна Србија не доби зелено светло од Брисел за отворање на третиот кластер, според еврокомесарката Кос, Белград испраќа сигнал дека е подготвен за поголемо стратешко усогласување со Унијата. Неколку земји членки се против напредокот на Белград, поради невоведувањето санкции кон Русија и заостанување во владеењето на правото.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55