Судот на Кипар пресече : Британка е осудена зашто лажела дека ја силувале 12 Израелци - Канал 5

Судот на Кипар пресече : Британка е осудена зашто лажела дека ја силувале 12 Израелци

Британска тинејџерка која лажно обвини 12 Израелци за групно силување е прогласена за виновна во кипарскиот суд за измислување приказна дека била жртва на брутален сексуален напад.

Судот на Кипар пресече : Британка е осудена зашто лажела дека ја силувале 12 Израелци

Судијата рече дека младата Британец не бил веродостоен сведок и лажела за одмазда. Поточно, таа сакала да им се одмазди на мажите кои ја снимале додека имала секс со маж што го запознала во хотелот. Таа се соочува со затворска казна до една година.

Дејли Меил не го прецизира идентитетот на девојката која тврдеше дека група мажи влегле во хотелската соба и ја силувале. Но, откако дванаесетте мажи беа уапсени, полицијата спроведе кривична истрага за време на која жртвата од Велика Британија дала контрадикторни изјави, а подоцна признала дека лажела.

Судскиот процес траеше четири месеци, а судијата Михалис Папатанасиу донесе пресуда дека Британката излажала за нападот и ја осуди по една точка за измама на јавноста.

Тинејџерката од Дербишир изјави дека била нападната во раните утрински часови на 17 јули во ефтин хотел во кој престојувала додека била на Кипар.

Поточно, Британката била на привремена работа во одморалиштето Аја Напа, познато одморалиште по бурниот ноќен живот. Таму започнала летна романса со 21-годишен Израелец по име Сем кој престојувал во друг хотел со група пријатели. Две ноќи пред нападот, таа имала секс со Сем, а тогаш неговите пријатели дошле во собата и ги снимале.

Таа тврди дека третата вечер, кога имала состанок со Сем, групата мажи, на возраст меѓу 15 и 22 години, влегле во собата и ја силувале. Полуголиот маж потоа истрчал од собата и отишол кај пријателите кои ја однеле во амбулантата во хотелот. Персоналот се јавил во полиција, а таа потоа ги раскажала мачните детали за повеќекратното силување.

Потоа полицијата изврши рација во хотелската соба, каде бил и Сем, и уапси 12 Израелци. ДНК тестот покажал дека тројца од уапсените имале сексуални односи со Британката. Полицијата им ги запленила мобилните телефони и открила дека неколкумина од нив ги снимале сексуалните односи меѓу Британката и Сем.

Полицијата започнала сослушување врз основа на приказната на тинејџерка, откако вработените во хотелот со пет sвезди каде бил извршен наводниот напад , опишале како таа скокала од среќа на креветот со двајца пријатели кои со нетрпение чекале луксузно сместување. Кога повторно ја виделе, ја нашле опуштена покрај базенот.

„Таа не личеше на жена, која беше силувана од 12 мажи само еден ден порано“, изјавил извор за полицијата.

„Секако, секоја личност реагира различно на трауматските настани, но тоа не беше вообичаено однесување“, соопшти полицијата.

Една недела по инцидентот, полицијата ослободи петмина од осомничените поради недостаток на докази дека биле во хотелската соба во моментот на наводното силување. Седуммина други Израелци беа ослободени подоцна без обвинение.

Младата британка е обвинета за измама на јавноста и минала повеќе од еден месец во затвор во Никозија, во очекување на судењето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. 

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ.

За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5.

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените.

Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер