Судијата Ристов и сопругата имале 600.000, а неговите родители 950.000 евра- финансиско вештачење за заѕиданите 350.000 во кујна - Канал 5

Судијата Ристов и сопругата имале 600.000, а неговите родители 950.000 евра- финансиско вештачење за заѕиданите 350.000 во кујна

Парите со кои располагал обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов и неговата сопруга не ги оправдуваат 350 илјади евра заѕидани во домот на неговите родители.

Судијата Ристов и сопругата имале 600.000, а неговите родители 950.000 евра- финансиско вештачење за заѕиданите 350.000 во кујна

Парите со кои располагал обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов и неговата сопруга не ги оправдуваат 350 илјади евра заѕидани во домот на неговите родители, тврди обвинителството преку финансиското вештачење кое денеска го презентираше пред судот. Тоа покажало дека од 2016 до 2024 година, Ристов и сопругата располагле со околу 600 илјади евра, а неговите родители нaд 950 илјади евра. Но и по уплатите за становите и две уплати во кеш од над милион денари за кои немало потекло, не го оправдале износот за кој е обвинет. Одбраната пак тврди дека има доволно легални приходи и дека вештакот на обвинителството не ги проверил сите банкарски податоци.

„Доминантно обвинетиот, сопругата и останатите имаат приливи од извори кои се обезбедени низ документите кои единствено постојат, кои не одговараат и не го оправдуваат износот за кој се гони обвинетиот.“

„Зошто самиот вештак не отишол во банките за да се утврди нешто што обвинителството како доказ му го дава не ги проверил тие докази не обезбедил дополнителни докази што е незамисливо за едно вакво вештачење. Нашиот вештак ќе ги даде сите податоци од каде потекнува кешот и ќе бараме усогласување меѓу двата вештака.“

Обвинителството презентираше и дел од содржината во телефонот на Ристов. Биле пронајдени контакти и комуникации со лица на влијателни позиции, но и со лица за кои се воделе или се водат активни судски постапки. Спомена дека како контакти во телефонот на апелацискиот судија биле пронајдени од Ана Камчева, Исмаил Јахоски, Фехми Стафа, Бојан Јовановски, Фросина Ременски и Вице Заев. Според одбраната самото тоа што Ристов ги имал тие луѓе во телефонот не докажува ништо незаконско.

„Во таа смисла беа презентирани овие докази кои упатуваат на контакти и комуникации кои по наша оценка се недозволени од страна на судија на Апелација и со лица за кои сами забележавте се воделе и водат активни предмети и постапки.“

„Во телефонот ги имал овие лица, ги имал, Македонија е мала држава. Но ако било сомнително требало да обезбеди докази што работел со тие лица.“

На следното рочиште закажано за 15 септеври треба да се сослуша последниот сведок на обвинителството по што постапката ќе продолжи со сведоци на одбраната.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на НАТО за европската армија: Додека постигнеме договор, Путин веќе ќе стигне до Ротердам

Руте предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад.

Шефот на НАТО за европската армија: Додека постигнеме договор, Путин веќе ќе стигне до Ротердам

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад, бидејќи координирањето на дејствијата меѓу Алијансата, националните војски и европските сили би одземало премногу време.

Руте го изјави ова на 72-рата годишна седница на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин. Тој појасни дека не се противи на создавањето европска армија, но истакна дека, доколку се реализира таква иницијатива, би имало смисла да се укинат националните војски на земјите-членки на Европската унија, за да се избегне преклопување на надлежностите.

„Мојот став отсекогаш бил дека, ако имате европска армија, не можете истовремено да одржувате и национални војски. Соединетите Држави имаат една војска. Не постои посебна армија или морнарица за сојузната држава Њујорк или Калифорнија. Постојат обединети, интегрирани вооружени сили на САД. Ако Европа може да го постигне тоа, тогаш во ред“, рече Руте, изразувајќи притоа скептицизам дека таков развој на настаните би можел да се случи во скоро време.

За да ја илустрира својата поента, Руте претстави хипотетичко сценарио што вклучува руски напад врз европските нации – ситуација во која, доколку постои таква структура, би бил потребен одговор од силите на НАТО, националните војски и заедничките воени сили на ЕУ. Тој процени дека постигнувањето договор за воените одлуки би траело со недели, период во кој руските сили би можеле да напредуваат сè до Холандија.

„Она што не би го препорачал е секоја земја да има своја војска – соработувајќи во рамките на НАТО – а покрај тоа, да постои и голема европска воена структура. Ако Путин нападне, прво ќе ни требаат две или три недели за да се договориме кој што прави, а тој веројатно ќе стигне до Ротердам уште пред ние да донесеме одлука. Тоа е мојот аргумент“, рече генералниот секретар на НАТО.

Руте додаде дека, според него, координацијата и поделбата на одговорностите меѓу НАТО и Европската унија во моментов се на многу добро ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамика

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во работните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.

Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамика

- Целосната реконструкција напредува со силно темпо. Во срцето на градот, меѓу зеленилото и спомен-обележјата, генерации наоѓале свое место за средба, за прошетка и за краток одмор од градската врева. Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван. Старите плочки ги заменуваме со нови и ги обновуваме пешачките патеки, за овој простор да добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје. Ја реставрираме и постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување го збогатуваме парковското зеленило – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано, а по периодот во кој беше згаснат, кај фонтаната повторно гори Вечниот оган.

- Со обновата на овие обележја го чуваме и сеќавањето што му дава посебно значење на овој парк. Моја одговорност е скопските паркови да ја добиваат грижата што ја заслужуваат, и денес, додека ги обновуваме, и секој ден потоа. Затоа продолжуваме со нивно редовно одржување и со подигнување нови зелени површини, за секоја генерација скопјани да има свое место под сенка, своја клупа и спомени во парк. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер