Судијата од случајот со прегазената девојка под истрага за манипулации со оценки - Канал 5

Судијата од случајот со прегазената девојка под истрага за манипулации со оценки

Ељведин Ферати, кој изрече казна од две години затвор, наводно си ги поправал оценките со пречкртување.

Судијата од случајот со прегазената девојка под истрага за манипулации со оценки

Одлуката на судијата Ељведин Ферати од Основниот суд во Тетово да изрече казна од само две години затвор за прегазување на девојка, предизвика бурни реакции во јавноста. Особено поради фактот што на претходното судење за истиот случај, обвинетиот доби 3,5 години затвор.

Дополнителен сомнеж во интегритетот на судијата се јави откако медиумите објавија дека Ферати, додека бил дел од Универзитетот во Тетово, наводно си ги поправал оценките по право со едноставно пречкртување. Државниот просветен инспекторат уште минатата година утврди нерегуларности, по што беше отворена и предистрага од страна на скопското јавно обвинителство.

Случајот првично беше откриен од Антикорупциската комисија во рамки на ревизија на факултети и дипломи со недоволен број кредити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во сос

Во вторник (10.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Браќа Нуне.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

150 гр. свежи печурки

100 мл. павлака за готвење

100 мл. масло

50 гр. путер

1 лажица путер од кикиритки

сол, бибер и сув зачин

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован Деспотовски

Убава, но и опасна фризура која доведува до опаѓање на косата

Собраната коса во цврсто опавче или пунџа е чест избор на многу жени. 

Убава, но и опасна фризура која доведува до опаѓање на косата

Ваквото минималистичко обликување на косата одговара на многу модни комбинации, но стручните лица предупредуваат на што да се внимава за да не изгубите дел од косата.

Залижаната коса наназад, т.н. slick back, е редовен избор на припадничките од поубавиот пол. Овие фризури се практични, уредни и ги нагласуваат цртите на лицето.

За измазнување на фризурата, најчесто се користат гелови, креми за стилизирање и четки со густи влакна, кои помагаат да се измазни и зацврсти непослушната коса. Но, експертите за нега на коса предупредуваат дека честото практикување на ваков тип фризура може да доведе до проретчување на косата долж линијата на челото. „Ризикот кај цврсто зачешланата коса е тракциска алопеција, односно губење на косата долж линијата на челото и на слепоочниците предизвикано од постојано влечење на фоликулите“, објаснува експертот за нега на коса Тина Муи за „Њујорк пост“.

Губењето на косата не се случува преку ноќ, туку е резултат на често и постојано врзување на косата наназад. Според експертите, ваквите фризури можат да придонесат до ќелавост, но тие обично не се главната причина. Во последните години, забележан е пораст на губењето на косата кај жените од сите возрасти. Хормонската или нутритивната нерамнотежа, стресното секојдневие, болест, губење на тежината (вклучително и она предизвикано од лекови) или хроничен недостаток на сон, исто така можат да го нарушат циклусот на раст на косата и да доведат до нејзино засилено опаѓање.

Фризурите кај кои косата е зачешлана наназад – доколку се носат премногу често, или премногу затегнато, можат да предизвикаат кршење на влакната, губење на густината или постепено повлекување на линијата на косата наназад. Затоа, експертите советуваат да се намали затегнувањето при собирање на косата. „Олабавете ја фризурата, не го влечете коренот и бидете нежни при чешлањето или стилизирањето. Ако чувствувате болка, пецкање или иритација на скалпот, пуштете ја косата“, советува Шаина Рејнфорд, сопственичка на бренд за нега на коса.

Токму пронаоѓањето рамнотежа помеѓу посакуваниот изглед и здравјето на косата е клучно во одржување на нејзиниот квалитет и густина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер