Судии,адвокати, обвинители меѓу 21 кандидат за судија во Европскиот суд во Стразбур - Канал 5

Судии,адвокати, обвинители меѓу 21 кандидат за судија во Европскиот суд во Стразбур

Судии, авдокати, обвинители на долгата листа од 21 кандидат кои се пријавиле на конкурсот на МНР за нов македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.. 

Судии,адвокати, обвинители меѓу 21 кандидат за судија во Европскиот суд во Стразбур

Државата да води сметка и сериозно да пристапи во процесот на селекција на кандидатите пријавени за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, порачува Маргарита Цаца Николовска која е прв македонски судија во оваа европска судска инстанца. Откако на адреса на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија пристигнале 21 пријава, досега најголем број на кандидати за оваа функција, наскоро ќе се извраши нивно рангирање и ќе предложи тројца до Советот на Европа. Според Цаца Николовска за комисијата на Советот на Европа, која треба да избере еден судија, одлучувачко ќе биде познавањето на меѓународните стандарди и нивната примена

„Тоа е многу одговорна функција, овој голем број на луѓе коишто се пријавиле не изненадува. Едно треба да биде јасно дека не е само познавање на јазикот, тоа секако дека е еден од основите за услов за да биде избран, односно ставен во таа група од тројца. Меѓутоа многу е поважно познавањето на меѓународното право односно познавањето на праксата на Европскиот суд за човекови права.“

Според информациите во јавност, на листата на кандидати се поранешна директорка на АСЈО, Наташа Габер-Дамјановска, како и поранешен претседател на ДИК, Александар Даштевски. Потоа поранешната врховна судијка Лидија Неделкова, но и актуелните судијки, Оља Ристова од Кривичен, и Габриела Гајдова од скопска Апелација, но и обвинителката Ленче Ристоска. Се спомениваат и адвокатски имиња како Тони Менкиноски кој за Канал 5 потврди дека доставил кандидатура.

Од Министерството за надворешни велат дека:

„Процесот на селекција ќе се спроведе во согласност со утврдените критериуми и процедури, со цел обезбедување на транспарентност и објективност при изборот на најсоодветните кандидати за оваа значајна позиција.“

Но може да се случи, објаснува Цаца Николовска, некои од нив или тројцата кандидати кои ќе ги предложи државата да не бидат прифатени во судот во Стразбур ако таму не ги поминат интервјуата.

„И државата според мене треба да води сметка кои тројца кандидати ќе ги номинира и ќе ги достави до Советот на Европа. На тој начин и сериозноста на државата кон овој суд ќе ја покаже и ќе покаже дека во државата има луѓе кои можат да ја обавуваат оваа функција. Условите се дадени и во таков случај треба сериозно да се пристапи кон ова прашање. “

Деветгодишниот мандат на новиот судија ќе почне на почетокот на 2026 година и ќе дојде на местото на Јован Илиевски чиј мандат завршува. Пред Илиевски пак судија во Стразбур беше Мирјана Лазарова Трајковска.

YouTube video

Во Романија утрово се отворија гласачките места за вториот круг од повторените избори

Во Романија, утрово, во 7 часот, се отворија гласачките места за вториот круг од повторените претседателски избори, каде што за претседател би можел да биде избран кандидатот на крајната десница, евроскептикот Ѓорѓе Симион.

Во Романија утрово се отворија гласачките места за вториот круг од повторените избори

Симион (38) води во повеќето анкети на јавното мислење пред вториот круг против центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, јавуваат британските медиуми.

Гласачките места ќе бидат отворени до 21 часот вечерва.

Романците со право на глас, или вкупно 19 милиони, можат да гласаат на кое било од 18.979-те избирачки места низ целата земја.

Во првиот круг од претседателските избори на 4 мај, Симион освои 40,94 проценти од гласовите, Никушор Дан 20,99 проценти од гласовите, додека кандидатот на владејачката коалиција, Крин Антонеску, освои 20,07 проценти од гласовите.

Симион се спротивставува на испраќањето воена помош на Украина, е критичен кон лидерството на ЕУ и го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп. Неговата победа во Романија,земја членка на ЕУ и НАТО, би ризикувала нејзино изолирање во странство, нарушување на приватните инвестиции и дестабилизација на источното крило на НАТО, сметаат политичките аналитичари, пренесуваат британските медиуми.

Алијансата за обединување на Романците на Симион се разви од маргинална група против вакцинацијата за време на пандемијата на Ковид-19, во втора по големина партија во Романија. Како пратеник, Симион има историја на физичко и вербално насилство додека се судираше со други политичари, потсетуваат британските медиуми.

Тој рече дека се кае за своето однесување и дека „израснал во државник“.

Симион во минатото припаѓал на организирани фудбалски навивачки групи, често познати по насилството, и со години водел кампања за обединување со соседна Молдавија пред да влезе во политиката.

Доколку биде избран, Симеон посочи дека негов избор за премиер би можел да биде Калин Ѓорѓеску, кој се залага за национализација и преференцијален третман на компаниите во романска сопственост.

За време на телевизиска дебата минатата недела, Симеон рече дека на Романија треба да ѝ биде надоместена помошта што ѝ ја обезбедила на соседна Украина. Тој посочи дека ќе стави вето на воената помош од Брисел за Украина, нагласувајќи дека Европа треба да се потпре на НАТО за својата одбрана.

Второпласираниот Никушор Дан, 55-годишниот градоначалник на Букурешт, го опиша вториот круг како борба помеѓу „прозападната и антизападната насока за Романија“.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека разликата меѓу нив се намалува. Овој прогресивно-либерален, независен политичар се прослави како активист против мафијата за недвижности во Букурешт и беше ко-основач на зелено-либералната протестна партија „Сојуз за спасување на Романија“ (USR).

Дан има докторат по математика и се смета за чесен, некорумпиран, но не премногу успешен на својата позиција како градоначалник на Букурешт, бидејќи сам се бори против моќниот апарат, пренесуваат британските медиуми.

Ден живее со својата долгогодишна партнерка, со која има две деца, и се залага за безусловна поддршка на Украина. Тој важи за разумен, рационален политичар, кој аналитички пристапува кон проблемите и се стреми кон долгорочни решенија. Исто така, тој важи и за политичар близок до народот - на пример, тој го отвори главниот влез на градската администрација на Букурешт, што со децении се користеше само за одредени церемонии, за граѓаните.

Романија одржа повторени избори откако првиот круг од претседателските избори во ноември, на кој победи Калин Ѓорѓеску, беше поништен поради наводно руско вмешување во корист на Ѓорѓеску.

Москва ги отфрли овие обвинувања.

Претседателот на Романија има значајни овластувања, бидејќи е задолжен за одбранбениот совет кој одлучува за распоредување на воена помош, спроведува надворешна политика и има можност да стави вето на одлуките на ЕУ кои бараат едногласност меѓу земјите-членки, посетуваат британските медиуми. /МИА

ВРЕДИ: Пообединети од кога било, нови политички моментуми во земјава

ВРЕДИ денес повеќе од кога било го потврдува своето политичко и институционално единство. Сите наши партии и претставници се синхронизирани во визијата, целите и одлуките. 

ВРЕДИ: Пообединети од кога било, нови политички моментуми во земјава

ВРЕДИ е обединето тело кое дејствува одговорно кон граѓаните и со решителност на политичката сцена.

Обидите на ДУИ преку Таравари да предизвика земјотрес во ВРЕДИ се целосно неуспешни. Обидот за поделба се претвори во политички бумеранг за самите автори. Ова докажува дека ВРЕДИ не е случајна коалиција, туку сериозен политички проект со силна основа и јасна визија за иднината.

Денес, ВРЕДИ гарантира стабилност со бројки во владата, како важен столб на парламентарното мнозинство и новиот пат на управување што се воспоставува во земјата. Ние сме посветени на унапредување на интересите на албанците, борба против корупцијата и овозможување државата да биде функционална за сите граѓани.

Во наредните денови се очекуваат нови политички случувања што дополнително ќе ја зајакнат водечката улога на ВЛЕН во албанскиот блок и ќе ја позиционираат како авангардна сила на промените на албанската политичка сцена.

ВРЕДИ не се плаши од старите политички превирања. ВРЕДИ е токму земјотресот што го соборува скапаниот систем на ДУИ и го носи новиот дух на достоинствено, чесно и храбро претставување.

ВРЕДИ

ВМРО-ДПМНЕ: Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни

Пресудата за Модуларната болница, покажа дека судиите бирани во штабовите во Струмица и Тетово верно му слугуваат на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ: Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни

Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни, од Струмица до Тетово, од каде што ги бираа.

Правосудството во државата продолжува да носи срамни пресуди и да дели неправда, да биде за едни мајка, за други маќеа.

Судиите бирани во Струмица и Тетово, по партиските штабови на СДС и ДУИ продолжуваат верно да му слугуваат, спасувајќи ги од прогон оние кои ги бираа по партиска директива и во партиски штабови.

Така и со пресуда за трагедијата во Модуларната болница во Тетово, каде на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица.

Во петокот, тетовскиот суд донесе скандалозна и срамна пресуда каде што поранешните директори на болницата Флорин Бесими и Артан Етеми ги осуди на по една и пол година затвор.

Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и кои со правење или не правење придонеле за трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се само поранешни директори на болницата, а казната е минорна.

Ваквите пресуди покажуваат дека луѓето блиски до СДС и ДУИ кои се огрешиле пред законот правдата не ги стигнува, па така за кубење на косата на Шекеринска казна затвор од четири години, за изгорени 14 лица во моруларната, казна затвор во траење од година и пол.

Оваа срамна пресуда е доказ дека СДС и ДУИ го контролираат правосудниот систем, а судиите одлучуваат по нивна волја, а не според закон и правни норми.

Пресудата за Модуларната болница за поранешните директори е параван на СДС и ДУИ некој да се пушти низ вода и да се осуди на минимална казна, за да се спаси еден од најодговорните, Венко Филипче.

Во моментот на несреќата, Филипче беше министер за здравство и одговорен за функционирањето на болниците низ државата, особено за модуларните во чие време е реализиран тендерот за нивно поставување.

Правосудниот систем треба да се исчисти од луѓето во правосудниот систем, кои наместо да носат правда, штитат лица од СДС и ДУИ огрешени пред законот. Но, таму има чесни, професионални и луѓе со интегритет за кои законот е светост.

Време е за одговорност и за правна држава.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер