Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
1Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
3Коњановски: Буџетот за 2027 носи 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции и 123,8 милијарди за пензии
3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
МакедонијаСудењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на ПалевскиСудењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски.Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна. Во завршниот збор, бранителот на Александар Ѓорчевски, адвокат Владимир Туфегџиќ, оцени дека обвинението против Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Тој посочи дека одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ситуација кога се трага и бара неговото исчезнато дете. Бранителот на обвинетиот Велибор Манев, адвокат Горан Бошевски, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување. Според адвокатот, не постоел договор за убиства и оттаму нема умисла за извршување таков вид кривични дела. Ослободителна пресуда побара и адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски, посочувајќи дека обвинителството не ја докажало вината на неговиот клиент. Според него, правецот по кој што е водена истрагата за овие кривично правни настани е целосно погрешен, а сите признанија се изнудени. Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, исто така, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може да сноси само за грабнувањето на Вања. Претходно Обвинителството побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна. Според нив, нема олеснителни околности, а нивните постапки дополнително ја трауматизираат јавноста. Како што наведоа, Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, не сакал да ѝ наштети, но учествувал во киднапирањето, Велибор Манев призна учество во двете убиства, Боре Видевски првично призна вина, но подоцна негираше, Влатко Кешишев се обиде да се прикаже како послушник, но доказите покажуваат активна улога, а Љупчо Палевски се смета за организатор кој креирал алиби и уништувал докази. По завршните зборови на Основното јавно обвинителство, правните застапници на оштетените семејства пред судот изјавија дека во целост го прифаќаат барањето на Обвинителството, се приклучуваат кон кривичното гонење и бараат имотно правно побарување. Завршен збор денеска треба да дадат обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски, а потоа и одбраната на Љупчо Палевски. Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес. Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.Тагови: палчо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаСредба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработкаЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка Посебен акцент на разговорот беа економската и трговска соработка, инфраструктурните проекти и нивната реализација, притоа беше потврдена ефикасната реализација на стратешките проекти од национален и регионален интерес. Вицепремиерот Николоски додаде дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови. Се разговараше и за соработката во рамките на НАТО Алијансата и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот. На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Притоа беше истакната важноста на континуитетот на партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на приоритети и продлабочувањето на соработката особено во делот на економијата и трговската размена, соопштуваат од Министерството за транспорт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?Случаите на сексуално насилство врз деца во фокусот на јавноста по најновите информации на МВР - во полициските билтени се регистрирани нови кривични пријави за силување на деца кои не наполниле 15 години.СВР Скопје поднело кривична пријава против П.Н. (47) и А.Т. (62) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Силување на дете кое не наполнило 15 години“. Според информациите од МВР, во јули 2025 година пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник. Уште една кривична пријава е поднесена против 49-годишен скопјанец, кој се сомничи дека во февруари годинава силувал дете кое не наполнило 15 години. Повторувањето на ваквите случаи го отвора прашањето дали актуелните законски решенија и казни се доволни за заштита на децата. Па така, според адвокатот Александар Тумановски, потребно е да се посвети внимание и на временските рокови во кои треба да се завршат случаите кога силувањето врз дете го врши друг малолетник. Посочува и конкретен пример, кога случајот не добил правна завршница во законскиот рок. -Во законот за права на децата е предвидено да се заврши постапката за година и 6 месеци, државните институции, меѓу кои и судот не успеаја во тој рок...за жал жртвата има дупла виктимизација бидејќи не се осудени тие лица, постапката заврши со запирање на таа постапка против тие лица и со тоа жртвата остана жртва без остварување на своите права,- изјави Александар Тумановски, адвокат. Државата да биде немилосрдна и во поглед на казните за силување на деца, смета Тумановски – истакнувајќи дека покрај високи казни, треба да се разгледаат и други казнени методи, кои би биле во согласност со меѓународното право. – Треба да се испита и меѓународната пракса во поглед на казнувањето – дали освен казнувањето се користат и други методи на казнување за таквите престапи за таквите лица кои извршуваат такви дела, така да се треба да стои во оптек за да се спречи полов напад на деца,- изјави Александар Тумановски, адвокат. Со измените на кривичниот законик од 2014 година, се предвидуваше и хемиска кастрација за делото силување на дете, но во пракса, тој метод никогаш не беше применет. За силување дете кое нема 15 години сега се предвидени казни од најмалку 12 години, па се до доживотен затвор, а истата казнена политика е дел и од новиот предлог Кривичен законик кој допрва треба да влезе во собраниска процедура. И во актуелниот и во предложениот кривичен законик казните за силување на дете кое наполнило 15, а не наполнило 18 години се движат од најмалку 10 години, па се до доживотен затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКоњановски: Буџетот за 2027 носи 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции и 123,8 милијарди за пензииНа денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет се обрати Никола Коњановски пратеник од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Твоја Македонија“ .На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет се обрати Никола Коњановски пратеник од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Твоја Македонија“ и истакна дека Предлог-буџетот за 2027 година предвидува вкупни приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари, со буџетски дефицит од 3,5% од БДП и дека буџетската рамка е насочена кон редовно сервисирање на обврските, продолжување на инвестициите и зајакнување на јавните финансии, при што значителен дел од средствата се наменети за пензии, социјална и здравствена заштита и образование. „Предлог-буџетот за 2027 година предвидува вкупни приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари. Приходите се проектирани да растат побрзо од расходите, додека буџетскиот дефицит е утврден на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. Оваа рамка треба да овозможи редовно исполнување на обврските на државата, продолжување на инвестициите и постепено зајакнување на јавните финансии. За исплата на пензиите се планирани 123,8 милијарди денари. Редовната и предвидлива пензија е прашање на достоинство, самостојност и сигурност. За социјална заштита се предвидени околу 14,3 милијарди денари. Важно е овие средства да стигнуваат навреме, според јасни критериуми и без непотребни административни пречки. За здравствена заштита преку Фондот за здравствено осигурување се планирани 58,7 милијарди денари. Истата определба важи и за образованието“, рече Коњановски. Коњановски истакна дека Предлог-буџетот за 2027 година предвидува 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции, со фокус на инфраструктурни проекти, подобрување на локалната патна мрежа, водоводната и канализациската инфраструктура, како и модернизација на земјоделството и дека средствата се наменети за подобрување на условите за живот на граѓаните, но и за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на домашното земјоделско производство. „За капитални расходи се планирани околу 40,8 милијарди денари. Овие средства треба да се реализираат навремено, квалитетно и економски оправдано. Но еднакво значајни за секојдневниот живот на граѓаните се локалните патишта, водоводите, канализациските системи и пречистителните станици. Во земјоделството, вложувањата во модернизација, системи за наводнување и подобри услови за производство треба да му помогнат на домашниот производител да ја зголеми продуктивноста и посигурно да го пласира својот производ“, дециден е Коњановски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook