Субрата Рој: Споменикот на мајка Тереза ќе биде нејзин голем дом, среќен сум што сум во Македонија - Канал 5

Субрата Рој: Споменикот на мајка Тереза ќе биде нејзин голем дом, среќен сум што сум во Македонија

Статуа на хуманоста – на ова место ќе го изградиме домот на Мајка Тереза. Среќен сум што сум тука, изјави индискиот милијардер Субрата Рој,кој предложи објектот на плоштадот, кој ќе биде висок речиси колку и воинот на коњ, да се вика Статуа на хуманоста.

Субрата Рој: Споменикот на мајка Тереза ќе биде нејзин голем дом, среќен сум што сум во Македонија
- Ова е подарок од нејзината втора родна земја, Индија, како што таа му се подари на светот. Таа беше граѓанин на светот и не знам зошто ме сакаше мене... Споменикот што ќе го изградиме ќе биде нејзин голем дом, не само статуа. Предлагам тој да се вика споменик на хуманоста, рече Рој, кој повеќепати нагласи дека е среќен што е во татковината на мисионерката, и дека луѓето во Македонија го потсетуваат на природата и чесноста на Мајка Тереза.

- Опкружен сум со чесни и посветени луѓе во Владата и затоа ветувам дека ќе го сторам најдоброто за оваа земја, истакна Субрата Рој.

Среќен сум што го сретнавме овој човек, премиерот Груевски му се заблагодари на индискиот милијардер за големиот споменик и најави дека Субрата Рој ќе инвестира и во болница за најсиромашни луѓе.

- Она што ние и сите останати лиѓе во светот можеме да го направиме за неа, е сосема малку и сосема незначајно во споредба со она што таа го направи за нас и за сите следни генерации во светот. На нас, на сите нас останува аманетот, потребата и желбата да ја ширимие нејзината мисла, да го чуваме нејзиниот спомен, да ги практикуваме нејзините желби и учења и да го продолжиме нејзиниот пат. Тоа е најмалку што можеме да направиме, истакна премиерот Груевски.

- Нејзиниот паметник овде, во нејзиниот роден град, и нашите заеднички заложби да го негуваме споменот за неа, верувам дека ќе ги обединат сите добронамерници од целиот свет, да ја посетат нашата земја и да го осознаат изворот на духовноста на Мајка Тереза.

Вредниот подарок на господинот Рој, како и Спомен-домот кој досега го посетија повеќе од 400.000 посетители, во иднина ќе бидат столбови на сеќавањето за Мајка Тереза, кои ќе ги раздвижуваат надежите и ќе ги поместуваат границите, истакна Канческа-Милевска

Субрата Рој најверојатно ќе инвестира во вториот по големина агрокомбинат во источна Македонија – Џумајлија. Но, неговите британски фирми ќерки најверојатно ќе го градат и студентскиот град во Велес.

Домаќин на Субрата Рој утринава беше и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов. Попладнево пак во министерството за здравство беше потпишан меморандум за соработка со индиската Сахара хоспитал.

Малите работи не се соодветни за нас. Ако сме дојдени за бизнис - тука сме за голем бизнис. Ова е првата изјава на Рој, и се чини, станува реалност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. 

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот.

„Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома.

Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри.

„Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Фемицидот во подем, како до брзи системски решенија за насилниците?

До кога границата ќе биде швајцарско сирење и зошто се уште не знаеме кој и како ја спроведе Михаилова надвор од државата?

„Сејф сити“ му донесе светска награда, но како да се спречи и дивеењето по улиците?

Во двегодишниот мандат, преживеа и три опозициски интерпелации во Собранието, дали полицијата денес е подобра отколку пред 3 години?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер