3Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
ЖивотСтудија: Кај трудници со дијабетес поголема е веројатноста да се развие аутизам кај дететоЕдна голема нова студија ги зајакна доказите дека гестацискиот дијабетес е поврзан со зголемен ризик на проблеми со мозокот и нервниот систем кај децата, вклучително и аутизмот, велат истражувачите.Поголема опасност Сè уште не е јасно дали дијабетесот навистина ги предизвикува овие проблеми. Но, според анализата на податоците собрани од 202 претходни студии во кои биле вклучени повеќе од 56 милиони пара мајка-дете, кога мајките развиваат дијабетес за време на бременоста, децата имаат 28 % поголема веројатност да развијат нервно нарушување. Ризиците кај децата на мајките со гестациски дијабетес биле 25 % повисоки за развој на аутизам, 30 % повисоки за развој на синдромот на нарушено внимание и хиперактивност и 32% повисоки за ментална попреченост. Тие деца, исто така, имале 20 % поголема веројатност да имаат проблеми во комуникацијата, 17 % поголема веројатност да имаат проблеми со движењето и 16 % да имаат потешкотии во учењето во споредба со децата чии мајки немале дијабетес за време на бременоста. Дијабетесот дијагностициран пред бременоста се чини дека претставува 39% поголем ризик за едно или повеќе од овие невро-дегенеративни нарушувања во споредба со гестацискиот дијабетес, кој започнува во бременоста и често се повлекува по породувањето, објавија истражувачите во списанието „The Lancet Diabetes & Endocrinology“. Зачестеноста на дијабетес се зголемува Дијабетесот погодува до 9% од бременостите во Соединетите Држави, а зачестеноста се зголемува, според американскиот „Центар за контрола и превенција на болести“. Седум претходни студии ги споредиле децата со невро-дегенеративни нарушувања со нивните браќа и сестри. Овие анализи не откриле ефект од дијабетесот кај мајката, што укажува на тоа дека заедничките генетски или фамилијарни фактори може да придонесат за зголемен ризик, забележале авторите. Наодите ја нагласуваат важноста на медицинската поддршка за жените со ризик од развој на дијабетес и континуираното следење на нивните деца, велат истражувачите. Поврзаноста помеѓу мајчиниот дијабетес и аутизмот кај децата е добро позната, рече д-р Магдалена Јанечка од Медицинскиот факултет Гросман во Њујорк, која ги проучува врските помеѓу процесите во матката и развојот на детето, но таа не била вклучена во новото истражување. Тврдењата за поврзаноста на вакцините со развојот на аутизам се побиени Голема „мета-анализа“ како оваа овозможува анализа на подгрупи, како што се мајки со веќе постоечки или гестациски дијабетес, или деца со аутизам наспроти оние со АДХД или нарушувања на движењето, но не може да се докаже причинско-последичната врска, изјавила Јанечка. „Мета-анализите ни овозможуваат попрецизно да ги споредуваме групите. Истовремено, тие не нè приближуваат до разбирањето на причините или основните механизми. Студијата доаѓа откако здравствените претставници на администрацијата на Трамп повикаа на понатамошно истражување за тоа дали вакцините предизвикуваат аутизам, тврдење кое долго време го заговараше новиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди, а кое етаблираната наука го поби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Македонија72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела државаЗа време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи. Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиењеГостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска. Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилацијаСкопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала. Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook