Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
3Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЗдравјеСтудија: 31,2 проценти од децата во земјава имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелинаОд Институтот наведоа дека 31,2 проценти од децата имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина - што е над просекот на Eвропскиот регион, 25 проценти и 11 отсто, соодветно.Наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI) покажуваат сериозни предизвици поврзани со исхраната и телесната тежина кај децата од 6 до 9 - годишна возраст во Македонија, информираа денеска од Институтот за јавно здравје на Светскиот ден на дебелината. Од Институтот наведоа дека 31,2 проценти од децата имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина - што е над просекот на Eвропскиот регион, 25 проценти и 11 отсто, соодветно. - Зголемената телесна тежина и дебелината е почеста кај момчињата во споредба со девојчињата. Само 25 проценти од децата секојдневно јадат свежо овошје - ова е најниската дневна консумација на овошје во целиот европски регион. Вкупно 20 проценти консумираат свеж зеленчук секој ден - што, исто така, е меѓу најниските нивоа во Европа. Солени грицки консумираат 40 проценти од децата - најмногу во однос на државите вклучени во COSI студијата во европскиот регион. Повеќе од половина или 51 отсто од децата редовно консумираат слатки грицки три или повеќе дена во неделата, соопштија од ИЈЗ. Кога станува збор за физичка активност, 40 проценти од децата поминуваат повеќе од два часа дневно пред екрани - телевизија или електронски уреди, 63,3 отсто од децата пешачат или возат велосипед до училиште - кај оние кои живеат на растојание до два километра, оваа навика ја практикуваат дури 89 проценти, 94 отсто од децата секојдневно имаат најмалку еден час активна игра со умерен до силен интензитет, 48,2 отсто активно спортуваат или танцуваат повеќе од два часа неделно. Големо мнозинство, 88,6 проценти, спијат најмалку девет часа навечер. Од ИЈЗ споделија податоци и за социјални фактори и перцепција на родителите. - Децата со зголемена телесна тежина и дебелина живеат во семејства чиишто родители имаат низок или среден степен на формално образование. Децата кои практикуваат навики коишто поддржуваат здравје живееле со родители коишто имале повисок степен на образование. Постои ниска свесност кај родителите за препознавање на зголемената телесна тежина и дебелината кај нивните деца. За повеќе од половина од децата коишто живеат со зголемена телесна тежина и - или дебелина, родителите перципирале дека телесната тежина на нивните деца е во препорачани граници на „нормална телесна тежина“, додадоа од ИЈЗ. Според ИЈЗ, овие резултати ја нагласуваат итната потреба од системски интервенции во училишната и семејната средина на децата, со цел да се промовира нивен здрав раст и развој. - Интервенции се потребни и во други области. Реформулацијата на храната, информациите поврзани со храната, рекламирањето, урбаната околина и можноста за практикување безбедно движење и физичка активност се само дел од нив, порачаа од Институтот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Црна хроникаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЕвропаГолема рација во Италија- полицијата врши претреси во повеќе градови поради насилните протести Италијанската полиција изврши повеќе од 150 претреси во Милано, Монца и уште 20 градови, главно во Ломбардија, како дел од истрагата започната по немирите од минатиот викенд со кои се бори Италија, објави Анса.Италија се соочува со голем тест - за денес се планирани десетици протести. Италијанската влада во среда усвои декрет за итни мерки за зачувување на јавната безбедност и борба против малолетничкиот криминал, по неодамнешните демонстрации и насилни судири во Милано. Мерките предвидуваат превентивно притворање на малолетници, построги казни за организирано насилство и распоредување на дополнителни 500 војници на улиците на градот. Според новите правила, се воведува претпоставка за здрав разум за малолетници кои наполниле 14 години, што значи дека ќе се сметаат за способни да го разберат значењето на своите постапки и да ги управуваат, освен ако не се докаже спротивното.Тагови: италија протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија? Кој е клучниот предуслов за продолжување на евроинтегративниот процес? Ваквото прашање се наметнаува откако преиеирот Мицкоски од Берлинскиот процес порача дека за деблокада на европскиот процес потребно е прво да се договори Акцискиот план за малцинства со Бугарија, па потоа да се разговара за уставните измени. За отворање на првиот кластер од преговорите неопходни се и двата чекори, смета Димитар Николовски од Центарот за европски стратегии. Според него дури и да се донесат уставните измени, Бугарија како единствената од сите 27 земји членки која не го поддржува ваквиот план повторно ќе може да ја блокира Макдонија на патот кон ЕУ. „Двата процеси мора да одат паралелно или барем едниот процес т.е. Акцискиот план кој сметам дека би било полесно да се донесе затоа што не подлежи на политички консензус внатре во државата и тој би било полесно да се донесе прв, па потоа уставните измени. Меѓутоа доколку уствните измени се донесат без акцискиот план ние повторно ќе се соочиме вето за отворање на првиот кластер“ Најголемите забабелешки од бугарска страна за Акцискиот план за правата на малцинствата беа во однос на јазикот на кој им бил доставен на заедниците во Македонија, но и дека не предвидувал доволно заштита на бугарското малцинство во земјава, вели Николовски. Според него донесувањето на Акцискиот план, кој е подготвен во соработка со европски експерти, а за чие усвојување се чека зелено светло од Брисел, осносно согласност од соседна Бугарија, може да донесе и поголема предвидливост на пристапниот процес. „Акцискиот план опфаќа неколку области како правото на здружување, недискриминација, заштита од говор на омрза, обраование каде што би се зајакнале правата на заедниците во нашата држава и би биле поконкретизирани, многу од нив веќе се спроведуваат како мерки, меѓутоа ова би било еден европски документ за заедниците. Од страна на бугарските здруженија во нашата држава беа приложени неколку критики кои беа генерално во насока дека недоволно имаат заштита, дека недоволно имало консултации додека се носел нацрт-планот и исто така имаат очекувања да има посебни мерки за посебни заедници, односно бугарската заедница да се третира на некаков посебен, специјален начин, а не сите заедници на општ начин како што се во овој момент во нацрт акцискиот план за малцинства“ Додека Мицкоски повикува на усогласување на Акцискиот план со Бугарија пред да се разговара за следните чекори во пристапниот процес, Брисел ја повторува пораката дека за придвижување на процесот останува само еден чекор – а тоа е промената на Уставот. Еврокемсарката Кос по средбата со мистерот Беким Сали во Брисел уверува дека откако ќе бидат усвоени уставните измени ќе следува продолжување на пристапниот процес без дополнителни политички одлуки. Ваквите пораки доаѓаат во пресрет на разгледувањето на Извештајот за напредокот на Македонија кој во среда ќе биде презентиран во Европската комисија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter