Студентите револтирани од скапиот и нередовен меѓуградски превоз – бараат намалување на цената - Канал 5

Студентите револтирани од скапиот и нередовен меѓуградски превоз – бараат намалување на цената

Дури и над стопроцентно зголемување на цените на автобуските билети плаќаат студентите за превоз до Скопје и назад, а по пандемијата се укинати и голем број од меѓуградските линии.

Студентите револтирани од скапиот и нередовен меѓуградски превоз – бараат намалување на цената

Укината е и мерката од 1200 денари за меѓуградски превоз која беше активна до јуни минатата година, велат од УСС.

Од комисијата за студентски стандард при универзитетското студентско собрание потенцираа дека ова е тежок удар по студентскиот стандард и дека е неопходно да се воведат итни мерки за подобрување на состојбата со студентскиот превоз во државата.

-Одредени градови покрај тоа што немаат попуст за студенти, немаат ниту повратна карта. Таков е примерот со Струмица, кадешто картата во еден правец изнесува 680 денари и бидејќи нема повратна карта, студентите за да патуваат во два правци треба да платат 1360 денари,-- Стефанија Милеска.

-Поевтино е да летаме до Италија, отколку да патуваме до Струмица со повратен билет.Превозниците ги оправдуваа високите цени со зголемените трошоци за гориво, но сега, кога тие трошоци се намалени, нема никаков обид за корекција на цените на билетите,--Стефанија Милеска.

Освен до Струмица, студентите велат дека повратен билет нема ниту до градовите Тетово, Куманово, Штип, Велес, Радовиш и Свети Николе. Покрај тоа, студентите од Македонска Каменица, Делчево, Демир Хисар и Крушево воопшто немаат пристап до меѓуградски превоз.

-Како УСС УКИМ тековно ќе испратиме барања до сите превозници коишто не овозможуваат повратен билет да го направат тоа,--Александар Николовски.

Тие потсетуваат дека пред 2 години беше донесена и националната стратегија за млади, во која стои и мерката за намалување цени на меѓуградски автобуски превоз за студенти и средношколци, како и зголемување на редовноста на линиите, но иако рокот беше до мај лани, се уште не е реализирана.

YouTube video

Исфрлете ги токсините и регулирајте го шеќерот!

Овие состојки го чистат црниот дроб и панкреасот, ја прочистуваат крвта и даваат енергија: 

Исфрлете ги токсините и регулирајте го шеќерот!

Стручните лица советуваат максимално да го намалите консумирањето на преработени овошни сокови.

Црниот дроб и панкреасот се од клучна важност за целиот организам, па и мало нарушување на нивната работа може да има големи последици врз здравјето. Овие два органа неуморно работат на одржувањето рамнотежа во организмот. Додека црниот дроб делува како главен филтер за детоксикација и метаболизам, панкреасот го регулира шеќерот во крвта и варењето.

Нутриционистот Дубравка Тишма наведува дека двата органи се изложени на токсичните и штетни влијанија кои во голем дел потекнуваат од храната.

Овие два органа се важни за целокупното здравје, бидејќи од нивната функција зависи нивото на шеќер, масти, витамини во телото.

-Црниот дроб е најголем внатрешен органи кој врши над 500 важни функции. Ја чисти крвта од токсини (алкохол, лекови и штетни материи) ги складира витамините (А и Б-12) и минералите (железо во форма на феритин), го преработува билирубинот од еритроцитите. Ја произведува жолчката која е неопходна за варење на мастите. Го регулира метаболизмот на холестеролот и во метаболизмот на протеините го разградува амонијакот во помалку токсична материја. Со разградување на јаглехидратите ја депонира гликозата во гликоген, кој го одржува стабилно нивото на гликемија – вели Тишма.

За црниот дроб е многу подобро да изедете овошје, отколку да се напиете цеден сок.

-Фруктозата која во големи количини ја има во индустриските сокови, слатките и пченкарниот сируп е едноставен јаглехидрат (монохидрат), кој се нарекува овошен шеќер. Црниот дроб е единствениот орган кој може да ја метаболизира фруктозата, претворајќи ја во триглицериди. Вишокот на триглицериди доведува до неалкохолно замастен црн дроб. Исто така, фруктозата го зголемува нивото на мочна киселина која се таложи во вид на кристали на зглобовите и надвор од зглобните ткива предизвикувајќи гихт. Се препорачува да се ограничи внесувањето на фруктоза, така што ќе јадеме цело овошје, а не преработени овошни сокови кои поради технологијата на преработка содржат поголема концентрација на фруктоза. Освен тоа, во овошјето фруктозата е врзана во сахароза, или во растителни влакна, многубројни витамини и минерали и така потешко доаѓа во крвотокот, отколку кога е слободна, како во соковите и пченкарниот сируп – нагласува Тишма.

Која храна најмногу корисна за црниот дроб?

Природните зачини (лукот, куркумата, магдоносот)

Растителни влакна кои помагаат да се исфрли холестеролот (зелка, јаболка, овес, лен)

Омега- 3 масни киселини (риба, ореви и чиа семки)

Антиоксиданси (куркума, боровинки, зелен чај)

Растителни протеини бидејќи полесно се варат од животинските (соја, грав, леќа)

Панкреасот е регулатор на шеќерот во крвта и има две главни улоги:

Произведува инсулин (го намалува шеќерот во крвта) и глукагон (делува на складирањето на шеќерот во црниот дроб – глукагон кој ја ослободува гликозата во крвта кога е потребно).

Лачи ензими за варење на мастите, протеините и јаглехидратите.

Храна која е добра за панкреасот:

растителни влакна (го забавуваат апсорбирањето на шеќерот)

омега-3 масни киселини (намалуваат воспаление)

антиоксиданси (ги штитат клетките кои лачат инсулин)

бројни протеини (го олеснуваат варењето)

Според нутриционистот, кога користите преработени производи треба да ги читате етикетите и да ги избирате оние со најмалку адитиви.

Трпение и прецизна рака: Повеќе од две години склопува макета од познатиот автомобил (Фото)

Малку по малку, овој млад човек го претвори своето хоби во уметност.

Трпение и прецизна рака: Повеќе од две години склопува макета од познатиот автомобил (Фото)

Михајло Павловиќ (33) од Краљево, иако со години живее и работи во Белград, своето слободно време го посветува на едно необично хоби - склопување прецизни модели на автомобили.

Неговиот најнов подвиг е завршувањето на макета во размер на иконскиот американски модел „Dodge Charger RT“, на кој работеше повеќе од две и пол години.

„Сè започна кога првпат видов детална реплика на овој модел. Бев фасциниран од идејата дека можам да склопам автомобил во смалена верзија, со сите функционалности – од моторот до ентериерот“, вели Михајло за „RINA“.

Самиот модел, иако изгледа како играчка, е далеку од тоа. Тоа е модел кој е изграден од стотици делови, а секој нов дел се издава еднаш неделно.

„Трпението е најважното нешто во ова хоби. Ако брзате, лесно можете да направите грешки.“

„Најголемиот предизвик беа „микроскопските“ делови од моторот и деталите на хаубата, светлата и внатрешноста на автомобилот. Потребна е огромна прецизност. Еден погрешен потег може да го уништи целиот сегмент“, вели Михајло, кој никогаш не се откажал.

Иако изгледа како работа за професионалци, Михајло тврди дека склопувањето макети е всушност форма на релаксација за него.

„Тоа е како вентил за мене. Потребна е концентрација, но во исто време ја стимулира креативноста и целосно ме опушта“, вели овој креативен моделар.

Откако успешно го заврши „ Charger “, тој веќе има нови планови.

„Наскоро почнувам да работам на следниот модел – „Nissan Skyline GT-R (R34)“. Тоа е следниот скапоцен камен во мојата колекција.“

За Михајло, макетите во размер не се само хоби – тие се уметност, предизвик и бегство од секојдневниот живот во свет на прецизност и страст.

Извор: Б92

Нилсен: Гренланд не е недвижен имот за продажба

Новиот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен денеска во Копенхаген изјави дека арктичкиот остров нема да биде „недвижен имот за продажба“, а американските изјави за присоединување на данската автономна територија се знак на непочитување.

Нилсен: Гренланд не е недвижен имот за продажба

Американскиот претседател Доналд Трамп неколку пати изјави дека сака да ја преземе контролата над Гренланд поради безбедносни причини.

- Никогаш, никогаш нема да бидеме недвижен имот што некој може да се купи и тоа е порака што мислам дека е најважно да се разбере … Сега се наоѓаме во ситуација во која мораме да останеме обединети, изјави Нилсен на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен.

Нилсен, кој од вчера е во тридневна посета на Копенхаген, додаде дека Гренланд е подготвен за силно партнерство со САД и поголем развој, но „сакаме почит“.

Фредериксен наведе дека Данска е подготвена повеќе да вложува во Гренланд.

Кралот на Данска Фредерик утре ќе отпатува на Гренланд како знак на понатамошна солидарност. /МИА

притисни ентер