Студенти и членови на политичка партија договараат протести за Кочани со лица од Србија? - Канал 5

Студенти и членови на политичка партија договараат протести за Кочани со лица од Србија?

Независниот Студентски сојуз го откажа собирот кој првично беше најавен за утре поради како што велат, политички влијанија и мешање во нивните намери... 

Студенти

Ќе има или ќе нема студентски собир утре пред платото на УКИМ? Две соопштенија со различна содржина. Откако попладнево преку соопштение од Независниот студентски сојуз информираа дека го откажале утрешниот настан, поради, како што велат, очигледни политички влијанија, од Независното студентско Собрание при УКИМ стигна друго соопштение во кое тврдат дека собирот не е откажан а информациите за тоа биле лажни.

Ваквата разногласие доаѓа откако во јавноста се појави видео од онлајн состанок на кој присуствуваат неколку млади личности од земјава, и една од Србија која се гледа и слуша како им дава инструкции на студентите како да организираат протести во Македонија, слични на тие во Србија. Меѓу присутните на состанокот е и студентот Кирил Митановски, член на Левица, кој во дел од разговорот признава дека е од партија, но целта според нив е, како што велат, преку т.н. Студентски пленум да иницираат протести кои ќе изгледаат спонтано како автентично студентско незадоволство, да се спречи нормалното функционирање на институциите и да се претстават преку лажни профили на социјалните мрежи и анонимни организатори.

Според информациите на дел од медиумите „инструкторката“ од видеото е Сташа Цветковиќ, студент по архитектура во Белград, која во српските медиуми се појавува како активист за правата на младите луѓе и студентите.

– „Бидејќи така сметам без разлика, кој е од партија, бидејќи јас тоа не го кријам, тоа од старт го кажав, јас лично сум од партија“, вели Митановски во видео снимката.

- Прва работа, тоа што ти го кажуваш дека си од партија, тоа е важно само кога ќе го свикате Пленумот. После тоа идејата е да Пленумот да може да постои и ако некој се исклучи. Без разлика дали сум тоа јас, дали си ти или било кој, значи едноставно Пленумот е друштвена конструкција, тело, не се луѓето...Ова е само еден мал „брејн сторминг“, само гледајте да не ви даде Премиерот оставка, да се распишат избори, тоа не е продуктивно. Дефинитивно блокадата е најефикасна затоа што создава притисок врз Ректорот и директен притисок на државата и таа не може да добие партите од ЕУ кои ги добива за образование, вели девојката од Србија.

– Значи имаш цело село коешто е упропастено. Тие луѓе нема шанси да седат мирни. Џабе е, не може на никого вината, вината во повредата, во болката на луѓето и тоа ќе биде. Значи ние сега треба да се организираме некако и да видиме како најефективно да го искористиме тоа, вели друго лице.

Канал 5 стапи во контакт со Митановски, но тој не сакаше да коментира поради, како што рече, вознемиреност.

За дел од политичките аналитичари, пак, не е невообичаено политичките партии да се обидат да ги злоупотребат студентските протести, но според Петар Арсовски најдобро е да тие бидат оставени да делуваат автентично и без „увезени“ сценарија од надвор. Според новинарот Бранко Героски на дело се обиди за сериозна политичка манипулација и злоупотреба на трагедијата во Кочани.

Од иницијативата „Кој е следен“, пак, попладнево организираат мирен собир за оддавање почит на жртвите од пожарот во Кочани. Тие демантираат било каква поврзаност со видео снимките и ги осудуваат, како што велат, сите обиди за партизација на нивната граѓанска иницијатива.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Затворена е секоја четврта банка во Кина- почна големото средување на финансискиот систем

Кина минатата година затвори рекордни 670 банки, околу една четвртина од сите банки во земјата, за да го зајакне финансискиот систем и да ја забрза консолидацијата на целиот сектор.

Затворена е секоја четврта банка во Кина- почна големото средување на финансискиот систем

Според „Фич рејтингс“, целиот процес главно се одвива преку спојувања и затворања на помали и рурални институции, а не преку класични банкроти на големи банки, објавува CNBC.

„Фич“ проценува дека малите и руралните комерцијални банки го претставуваат најслабиот дел од финансискиот систем на Кина, поради послаб квалитет на средствата, послаба капитализација и проблеми со управувањето.

Нивната голема изложеност на помали компании, секторот за недвижности и локалните државни финансиски платформи е посебен проблем.

Консолидацијата доаѓа во време кога економијата на Кина се соочува со забавување.

Бруто домашниот производ порасна за 4,3 проценти во вториот квартал, што е најбавниот раст од 2022 година, додека индустриските профити во август се зголемија само за 4,2 проценти годишно, што е најбавниот раст оваа година.

Во своите септемвриски проекции, „Фич“ дополнително ја намали својата проценка за економскиот раст на Кина за 2026 година на 4,5 проценти, наведувајќи послаба домашна побарувачка, пад на инвестициите во основни средства и слаба потрошувачка, а во исто време и силен придонес од извозот.

Затоа, консолидацијата на банкарскиот сектор претставува обид на Пекинг да ги стави проблемите што се шират низ голем број мали финансиски институции под поголема контрола.

Целта е да се остават помалку банки на пазарот, но тие да бидат подобро капитализирани и подобро способни да издржат понатамошно влошување на квалитетот на кредитите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Патничка снимила како работниците ги фрлаат куферите, нејзиниот бил оштетен (ВИДЕО)

Патничка на easyJet снимила сцена што ја шокирала додека чекала да излезе од авионот. 

Патничка снимила како работниците ги фрлаат куферите, нејзиниот бил оштетен (ВИДЕО)

За време на истоварувањето на багажот, работниците на земја фрлаа куфери на колички, а нејзиниот беше меѓу нив. После тоа, таа пронашла оштетување на куферот и побарала објаснување од авиокомпанијата.

Ги снимила како фрлаат куфери

Таа снимила сè од патничката кабина додека патниците сè уште чекале да се симнат. Во видеото, се гледа како вработените на земја поставуваат транспортерска лента до просторот за багаж, по што почнуваат да ги движат куферите кон колички што ги носат до терминалот. Еден работник ги зема торбите од крајот на ременот и ги фрла на куп, додека друг му помага.

Патничката го препознала и својот куфер меѓу багажот, кој завршил на ист начин. Таа објаснила дека ја вклучила камерата откако видела како се справуваат со првите парчиња багаж. „Снимив затоа што видов како ги истоваруваат првите куфери и ми се чинеше ненормално. Имам и видео од истоварувањето на другиот багаж“, напишала таа.

„Сакам да знам зошто е ова дозволено“

Патничка која се претставува под името @SpiffingSarah на X одлучи јавно да го критикува easyJet и да побара одговор за целиот случај.

„Ве молам, би сакала да знам кога можеме да очекуваме решение?“ Таа нагласи дека нејзината цел не е работниците да ги изгубат своите работни места поради видеото, туку сака да открие како е можно багажот да се ракува на таков начин. „Не се обидувам да добијам отпуштања за работниците; во Франција, не добивате отпуштања за такви работи“, додаде таа.

Некои корисници се обидоа да го оправдаат однесувањето на работниците тврдејќи дека мора да префрлаат голем број куфери секој ден. Патничката не беше задоволна од тоа објаснување. „Тоа што „тој преместува илјадници од нив дневно“ - извинете, но не. Ако доматите се собираа така, ќе плаќавте 20 евра за килограм за нив бидејќи сите ќе беа згмечени“, одговори таа.

На крајот на краиштата, таа објави и фотографија од оштетениот куфер. Таа изјави дека багажот бил стар десет години, но дека не бил оштетен пред летот.

easyJet го истражува случајот

easyJet појасни дека нивниот багаж на тој аеродром не го обработува директно нивните вработени, туку надворешна компанија задолжена за копнени услуги.

Портпаролот на авиокомпанијата изјави дека го истражуваат случајот заедно со партнерот што ги извршува овие операции. „Многу ни е жал за оштетувањето на куферот на г-ѓа Лагрифул“, рече портпаролот.

„Знаеме колку е важно нашите клиенти да бидат сигурни дека нивните работи се ракуваат внимателно додека патуваат со нас. Затоа го истражуваме овој случај со нашиот партнер на аеродромот, бидејќи ова не е нивото на грижа што го очекуваме за багажот на нашите патници. Во ретки ситуации кога торбата е оштетена, патниците можат да поднесат барање за надомест на штета. Во контакт сме со г-ѓа Лагрифул за да се извиниме и да понудиме дополнителна помош“, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Курти низ задниот влез го напушти собранието поради демонстрантите за ОВК, го изведе обезбедувањето (ВИДЕО)

Премиерот на Косово, Албин Курти, вечерва ја напушти зградата на парламентот низ задниот излез, бидејќи пред парламентот сè уште беа собрани поддржувачи на ОВК.

Курти низ задниот влез го напушти собранието поради демонстрантите за ОВК, го изведе обезбедувањето (ВИДЕО)

Курти го напушти парламентот низ задниот излез, во придружба на обезбедувањето, објави Косово-онлајн.

Претходно, Курти и Хамза одржаа состанок, откако косовското собрание ги усвои измените на Законот за специјализирани совети во прво читање, но тој заврши без договор.

Курти го замоли Хамза прво да гласа за претседателот, а потоа да продолжи со гласање за Законот за специјализирани совети во второ читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер