Студенти Албанци на протест за Правосудниот испит на албански јазик, носеа само албански и американски знамиња - Канал 5

Студенти Албанци на протест за Правосудниот испит на албански јазик, носеа само албански и американски знамиња

Со албански и по некое американско но без македонски знамиња и без јавни обраќања на македонски јазик, студенти од Државниот Универзитет во Тетово, Универзитетот Мајка Тереза бараа правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

Студенти Албанци на протест за Правосудниот испит на албански јазик, носеа само албански и американски знамиња

Со албански и по некое американско но без македонски знамиња и без јавни обраќања на македонски јазик, студенти од Државниот Универзитет во Тетово, Универзитетот Мајка Тереза, и Универзитетот на Југоисточна Европа преку протест бараа правосудниот испит да се полага и на албански јазик. Пред Министерството за правда, тие тврдеа дека ова барање е издржано според Уставот на Македонија и Законот за употреба на јазиците.

„Ние како студенти, мојот колега поднесе барање пред две години тука во Министерство за правда но доби негативен одговор. Сега и ние кога поднесуваме барање во Министерството, добивме негативен одговор. Државен јазик е македонскиот јазик и сите јазици кои се 20% тука е и албанскиот јазик. Тука може да се спомене Законот за јазици. “

Поддршка за воглавно младите студенти дојдоа да изразат и дел од партиски кадри, сепак, тие велат дека нивното присуство не дава политичка позадина на протестот, туку тие имаат како што рекоа, морална обврска да дадат поддршка.

„Ние се соочуваме со ситуација каде што имаме јасен, кристално чист, јасен закон но има недостиг на волја кај владата, особено кај министерот Филков кој прави злоупотреба на службена положба непочитувајќи го Законот за јазиците. Министерот Филков лажеше пред јавноста кога велеше дека правосудниот испит е тест за јазична контрола на студентите. Не е така, воопшто. Тоа е стручен испит. “

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера упати порака до студентите дека група на уставни експерти веќе работат на решение кое ќе биде и во согласност со меѓународните стандарди, но и упати апел до нив, да не бидат како што тој изјави, алатка во рацете на опозициска политичка партија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода

Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.

Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас.

Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании.

Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден.

Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција.

Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите.

Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат.

Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето.

Скопје, 05.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алкараз се повлече и од Мастерс турнирот во Синсинати

Карлос Алкараз повторно се откажа од еден турнир, младиот Шпанец со месеци се надвор од терените поради повреда, сега јавноста со право се прашува ќе настапи ли тој на следниот грен слем во Њујорк УС Опен?

Алкараз се повлече и од Мастерс турнирот во Синсинати

Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати поради повреда на зглобот, па така нема да ја брани титулата освоена минатата година.

Карлос Алкараз нема да настапи на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, бидејќи одлучи да го продолжи закрепнувањето од повредата на зглобот. Шпанскиот тенисер последен пат настапи во април на турнирот во Барселона, кратко откако играше во финалето на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло. Алкараз има учинок од 22 победи и три порази оваа сезона и моментално е второрангиран на АТП-листата.

Тој ја започна сезоната на најдобар можен начин со освојување на „Австралија опен“, со што го комплетираше својот „Гренд слем“ во кариерата. Титулата во Мелбурн беше единствениот голем трофеј што му недостигаше во колекцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар останува забранета за употреба.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Надлежните по седницата на Главниот штаб за кризи најавија почести мерења на квалитетот и дополнителни снабдувања на гостиварци со цистерни и со флаширана вода.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер