СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
2СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
ЖивотСтудент во музеј ја изел бананата, изложена како уметничко дело: Бев гладен Студент по уметност од Националниот универзитет во Сеул извадил банана од ѕидот што била изложена во Музејот на уметност Лиум во Јужна Кореја, а потоа ја изел.Бананата била дел од инсталацијата наречена „Комедијан“ на италијанскиот уметник Маурицио Кателано, а откако ја изел бананата, студентот ја залепил кората назад на ѕидот. Лушпата подоцна била заменета со свежа банана. „Бев гладен, не појадував“, рекол студентот и додал: „И оштетувањето на уметничко дело може да се смета за уметничко дело“. Портпаролот на музејот открил дека уметникот Кателан немал никаква реакција на фактот дека неговото дело било изедено. „Тоа се случи ненадејно, па ништо посебно не беше направено. „Кателан беше информиран за инцидентот, но немаше никаква реакција на тоа“, рече тој. Делото е дел од самостојната изложба на Кателан WE, која моментално е изложена во музејот во Сеул до 16 јули. Самата банана редовно се менува на секои два до три дена и не се продава. Кателан е познат по своите сатирични дела, кои често предизвикуваат дискусии за концептуалната уметност. Сепак, ова не е прв пат некој да реши да го изеде делото на Кателан. Откако првото издание на „Комедијан“ беше распродадено во 2019 година, уметникот Дејвид Датуна откина банана изложена во галеријата „Перотин“ во Арт Базел во Мајами и ја изеде додека сите гледаа запрепастени. „Навистина ја сакам оваа инсталација. Многу е вкусна“, изјави тогаш Датуна. Тој подоцна на прес- конференција го бранеше чинот, нарекувајќи го уметнички перформанс, а не вандалски чин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати.Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на Центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење. Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена супер анализа. Затоа, водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна! Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата. ЈКП „Бошава“ – Демир КапијаТагови: Демир Капија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаСДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни. Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар? Нема документ. Нема извештај. Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар. Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила? Кој го потпишал извештајот? Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните? По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања. За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис. Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина. Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ. СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела државаЗа време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи. Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook