Студено време со минусни утрински температури - Канал 5

Студено време со минусни утрински температури

Времето денеска наутро студено, насекаде со негативни утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Студено време со минусни утрински температури

Преку денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде студено со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во вторник.

Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин

 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Тирана изјави дека е „сигурен“ оти неговиот американски колега Трамп ќе реагира на тоа што го нарече „цинизам“ на Владимир Путин по најновиот руски смртоносен напад со беспилотни летала во Украина.

Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин

„Наспроти цинизмот на претседателот Путин, верувам, дури сум и сигурен, дека претседателот Трамп, кој се грижи за кредибилитетот на САД, ќе реагира“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

-Претседателот беше избран од американскиот народ. Тој дојде со здрава амбиција да постигне мир и рече дека ќе го ангажира целиот свет за да постигне мир, додаде францускиот претседател, зборувајќи за Трамп.

Францускиот претседател, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот и полскиот премиер Кир Стармер и Доналд Туск, вчера го повикаа Трамп да го осуди одбивањето на Русија да се согласи на прекин на огнот во Украина и да го зголеми притисокот врз Москва.

-Предлозите за примирје, и ве потсетувам дека тоа е американска иницијатива, не беа почитувани од претседателот Путин и неговите армии, рече денеска Макрон.

„Собравме коалиција на добронамерни, потоа заедно го повикавме претседателот Трамп и му рековме, еве сите сме за примирје, сите повторно се вклучуваме во коалиција на добронамерните со безбедносни гаранции“, рече Макрон, зборувајќи во Тирана, каде што вчера се одржа самитот на Европската политичка заедница.

Неколку часа по завршувањето на самитот и еден ден по мировните преговори меѓу Русите и Украинците во Истанбул, каде што беше договорена голема размена на затвореници, но без најави за прекин на огнот, девет лица беа убиени, а четворица се повредени во руски напад врз минибус со цивили на северот од Украина./МИА

Акциска контрола во Македонска Каменица

Од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки.

Акциска контрола во Македонска Каменица

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица, при што констатирано е кривично дело точење на алкохол на малолетно лице и прекршок присуство на малолетник во угостителски објект после 24,00 часот. За наведените дејствија ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки.

Николоски: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оцени дека стратешко партнерство со Обединетото Кралство значи инвестиции во инфраструктурата, здравството, образованието.   

Николоски: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места

-Ова партнерство значи инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија и стратешка позиционираност на Македонија, напиша на неговиот официјален фејсбук профил Николоски кој заедно со владини министри присуствуваше на заедничката прес-конференција во Владата на премиерот Христијан Мицкоски и британскиот амбасадор Метју Лосон по повод постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе овозможи најсилна досега економска соработка меѓу двете влади и претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, што е потврда оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со британскиот премиер Кир Стармер вчера на средбата во Тирана одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, постигнаа согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, кој наредната недела треба да биде потпишан во Лондон.

притисни ентер