Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
КултураСтрушките вечери на поезијата - 64 години животворна мисија на зближување на културите и народите од сите меридијаниПоетско читање и свеченост на која беа одбележани 100 години од излегувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци во далечната 1961 година беа инспирација за неколку македонски поети да продолжат секоја година да ги чествуваат Миладиновци. Манифестацијата, која од година во година растеше и се надоградуваше, задржувајќи ја својата суштина и автентичност за кус период прерасна во меѓународен поетски собир со светско реноме. Денес Струшките вечери на поезијата се симбол на градот Струга и културен мост, кој ги поврзува поетите од сите меридијани. Спроти отворањето на 64. издание на поетскиот фестивал, за зачетоците и развојот на Струшките вечери на поезијата за МИА говори Јован Стрезовски, еден од неговите основачи и долгогодишен директор на Фестивалот. Овој 94-годишен поет со емоции се навраќа на моментите, кога заедно со Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодороски, Матеја Матески, Славко Јаневски... ја организирале средбата за да одбележат 100 години од издавањето на Зборникот на Миладиновци, од која произлегла идејата секоја година да ги чествуваат македонските преродбеници. Името на Фестивалот, Струшки вечери на поезијата, му го дал Гане Тодоровски, а Ацо Шопов бил првиот претседател на Одборот. -Така почнавме со литературни читања на поети од земјава. По три години стана Југословенски фестивал, доаѓаа поети од другите републики од поранешна Југославија. Со учество на поети од неколку земји во 1965 година, Фестивалот стана меѓународен. Тогаш ја воведовме и наградата „Златен венец“ за најдобро прочитана песна, а прв добитник беше рускиот поет Роберт Рождественски во 1966 година. Пет години подоцна, во 1971-та дојде идејата највисокото фестивалско признание да се доделува за севкупен поетски опус, не само за прочитана песна. Првата награда ја доби англискиот поет Вистан Хју Оден за неговото целокупно творештво. Потоа се редеа значајни поети, а дел од нив по закитувањето со Златниот венец, добија и Нобелова награда, истакна Стрезовски. Тој станал првиот директор на Фестивалот во 1971 година, кога се формирала институцијата Струшки вечери на поезијата. Тогаш е изграден и Домот на поезијата, заедно со Паркот на поезијата, каде секој лауреат на манифесатцијата засадува дрвце. - Од година во година Струшките вечери растеа и станаа најпозната поетска манифестација во светот. Тие се еден поетски и културен прозорец на Македонија кон светот. Тоа го покажува и докажува доаѓањето на значајни поети од сите континенти, вели Стрезовски. Фестивалот расте ги следи модерните трендови, но ја задржа основата Струшките вечери на поезијата постојано се развиваат следејќи ги современите трендови, но ја задржуваат основата. Традиционално почнуваат со Т`га за југ на Константин Миладинов, основачот на современата македонска поезија и поетското читање „Меридијани“ на свечена сцена во Домот на поезијата. Лауреатот на највисокото фестивалско признание засадува дрвце во Паркот на поезијата, покрај кое стои испишана табла со неговото име и годината на добивање на Златниот венец. Неизоставен дел се и поетските читања на повеќе локации на брегот на Охридското Езеро, во Струга и во Охрид, читањето кај Свети Наум, како и на завршната манифестација „Мостови“. Традиционално се одржува и вечер на добитникот на Златниот венец, како и поетски претставувања на добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Стрруга“, а од неодамна и „Млада Струга“. Струшките вечери го задржаа основното јадро, карактеристиките по кои се препознава фестивалот. Свечено почнуваа со поетски читања на истекот на реката Црн Дрим во импровизирана колиба, се до изградбата на Домот на поезијата. Завршуваа со манифестацијата „Мостови“. За свеченото отворање и затворање на фестивалот се изработуваше посебна сценографија, која на почетокот ја правевме сами. Рибарите ќе собереа стари мрежи и го декорираа мостот да добие една автентична крајезерска атмосфера, се наврати Стрезовски. Струшките вечери низ годините растеа, се ширеа и надоградуваа, следејќи ги светските трендови. Денес имаат значајно место во меѓународната поетска јавност, како најстар поетски фестивал, кој има моќ на поврзување на јазиците и културите од сите континенти од почетоците до денес. Но, како и за се друго, вели Стрезовски, при воздигнувањето на фестивалот не ретко се соочувале и со проблеми. Во тоа време, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, Струга имала само едно мало хотелче, кое немало капацитет да ги собере учесниците и новинарските екипи кои доаѓале да го проследат фестивалот, па дел од гостите биле сместувани во Охрид. - Проблем беше што учесниците цел ден ги возевме да дојдат на програма во Струга, па ги враќавме во Охрид, денот им минуваше по автобуси. Имаше проблеми што немаше кај да се одржуваат поетските читања и свечените отварања, не беше изграден Дом на поезијата, а некогаш и врнеше и не можеше на отворено. Со отварање на Домот на поезијата и тоа се надмина, се присетува Стрезовски. Културен мост меѓу народите Најстариот поетски фестивал, покрај поврзувањето на јазиците и културите од сите континенти има моќ и на здружување на народите. Како пример Стрезовски ја посочи случката од 2007 година кога добитник на Златен венец беше палестинскиот поет Махмуд Дарвиш, а на фестивалот допатувале и поети од Израел. Поради војната меѓу Палестина и Израел, од претпазливост поетите од двете земји биле сместени во различни хотели. Но, реагирале и побарале да се заедно со сите учесници, по што продолжиле мерките за претпазливост да не седат заедно. -На наше изненадување уште од првиот ден на иста маса седнаа и палестинските и израелските поети, си разговараа најобично. Тогаш видовме дека Струшки вечери имаат и друга димензија, да шират пријателства во светот и да ги спојуваат народите, заклучи Стрезовски. Струшките вечери на поезијата празник за Струга Одржувањето на Струшките вечери беше радост за стружани, празник за Струга, а културата и литературата во Македонија живееја со манифестацијата. -Тоа беше една радост за стружани. Кога ќе шетаа учесниците низ Струга да ја разгледаат, стружани излегуваа пред портите да ги пречекаат, да ги почастат. Едвај ги чекаа фестивалските денови, со восхит се сеќава Стрезовски. Со изградбата на Домот на поезијата, кога мислеле дека проблемот со одржувањето на манифестацијата е решен, се појавил друг проблем - добивањето влезници. - Секој сакаше да присуствува на свеченото отварање, покрај стружани имаше и голем број туристи што сакаа да присуствуваат. Покрај 600-те седишта што ги има салата додававме уште по 200 столици, но и тоа беше малку, па пред врата местевме видео бимови да гледаат. Странските учесници се чудеа од интересот на населението, колку луѓето се жедни за поезија, кажувале дека кај нив на поетски читања се собирале едвај по 20-тина луѓе, раскажува Стрезовски. Струшките вечери, како што се присети и хроничарот, д-р Климент Матоски, за Струга значеле многу. - Струга дишеше во духот на поезијата. На настанот се собираа сите стружани. Сега тоа спласнува, го нема тој жар како некогаш, забележува Матоски. Тој се наврати на времето кога носел столчиња од дома да фати место да ги слуша сите поети. - Најпопуларна остана манифестацијата „Мостови“. Кога ќе се случуваа „Мостови“ таму беше цела Струга. Седнати по кејовите, тревниците луѓето со интерес слушаа. Сега имам впечаток како да доаѓаат да направат корзо по кејовите, а многу ми пречи и гласната музика од кафулињата на кејот на реката Црн Дрим, вели Матоски. Богата издавачка дејност и архивски материјал од почетоците Издавачката дејност на СВП остава трага зад секое Фестивалско издание, да не биде само чуен збор кој ќе згасне по завршувањето на манифестацијата. Белег остава и богатата фотодокументација. - Имаме една богата издавачка дејност, која остава трага за се она што се случувало на СВП. Се е документирано на фотографии и ленти, се е архивирано. Тоа е македонско богатство. Македонија има со што да се пофали. Низ весниците тогаш се пишуваше дека Струга е поетска република, во која се собираат поети од целиот свет и оставаат свои траги, истакна Стрезовски. Во времето кога тој бил директор и кога технологијата не беше на сегашното ниво, посочи, плаќале за документирање на се што е пишувано за Струшки вечери, како во медиумите во земјава, така и во светските. -На јубилејот 40 години Струшки вечери на поезијата издадов зборник во кој се собрани исечоци од сите учесници на СВП, што се е кажувано на Фестивалот, фотографии од учесници и лауреатите до тогаш. Направивме монографии и за 10 - годишниот и за 25 - годишниот јубилеј. Тоа ќе остане и за идните поколенија, додаде Стрезовски. Се присети и на библиотеката со изданија од добитниците на Златен венец и сите учесници на фестивалот што функционирала во склоп на Струшките вечери, навраќајќи се на една анегдота со Блаже Конески. - Кога Блаже Конески го достави својот избор за наградата Златен венец, му се јавив и му реков: професоре изборот е многу мал, меѓу книгите од другите добитници во светот ќе се изгуби на полиците. А тој ми одговори: „тој избор е строг мој избор и не е битно колку е дебела книгата, битно е она што е внатре дали е вредно“. И тој избор остана мал и како книга не уреден, но за нас, за Струшките вечери на поезијата вреден, заклучи Стрезовски. Поезијата останува вечниот универзален јазик, кој ги надминува границите на националност, религија, идеологија, политика. На Струшките вечери поетите зборувајќи на својот мајчин јазик низ стиховите ткаат мостови на разбирање и културна разновидност што го зближуваат светот. Годинашното, 64. издание почнува утре со традиционалното садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2025 година, истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка. Свеченото отворање на манифестацијата, традиционално ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на антологиската песна на Константин Миладинов - Т`га за југ во Домот на поезијата. Тагови: Струшките вечери на поезијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook