3По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
БалканПротест во Истанбул- уапсени се над 150 луѓе поради поддршка на ЛГБТ заедницата (ВИДЕО)Турската полиција приведе најмалку 150 лица откако интервенираше во протестот пред судот во Чаглајан во Истанбул. Собраните сакаа да го изразат своето незадоволство од неодамнешните апсења насочени против ЛГБТ+ активисти. Апсењата се најновиот чекор во она што организациите за човекови права и опозициските политичари го нарекуваат сè поширока кампања против ЛГБТ+ заедницата, како дел од која властите спроведоа рации, блокираа веб-страници и затворија осомничени во неколку провинции во изминатата недела, пишува Ројтерс. Групата се собра за да даде изјава за медиумите, но полицијата ги спречи да го сторат тоа пред судот. Додека траеше полициската интервенција, демонстрантите скандираа: „Живеев живот и покрај омразата“. Протестот следеше по обемните рации против ЛГБТ+ здруженијата во неколку турски провинции. Владата ја оправдува операцијата, наречена „Моето семејство е безбедно“, со заштита на децата и семејните вредности. Во текот на викендот, властите приведоа најмалку 26 лица во Истанбул и 21 во Анкара и ги претресоа канцелариите на неколку ЛГБТ+ здруженија. Вчера, турскиот суд одреди притвор за 16 лица во западната провинција Измир, објави локалното обвинителство. Çağlayan Adliyesi önünde hareketlilik! Bir grup LGBTİ+'li birey, “Ailem Güvende” operasyonu kapsamında gözaltına alınanlara destek olmak amacıyla adliye önünde toplandı. https://t.co/gjA8OEyjlK — 23 DERECE (@yirmiucderece) September 15, 2026 Министерот за правда Акин Гурлек во неделата изјави дека истрагите, координирани од обвинителствата во Истанбул, Анкара, Измир, Ајдин и Мерсин, вклучуваат 162 осомничени, девет здруженија и 13 компании во 15 провинции. Властите, исто така, го блокираа пристапот до веб-страниците и профилите на социјалните медиуми на разни ЛГБТК+ здруженија, поединци и независни медиуми, вклучувајќи го и профилот X на турското поглавје на Амнести Интернешнл. Çağlayan Adliyesi önünde, LGBTİ+’lara yönelik yürütülen baskılara karşı yapılan basın açıklamasına polis müdahale etti, çok sayıda kişi gözaltına alındı. LGBTİ+’ların varoluş mücadesini hedef alan bu saldırıları kabul etmiyoruz. Gözaltına alınanlar derhal serbest bırakılsın! https://t.co/OGT2CKSstR — HDK Kadın Meclisleri (@HDKKadin) September 15, 2026 Реакција на Советот на Европа Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О'Флаерти, изрази загриженост за апсењата, рациите и ограничувањата на интернет насочени против ЛГБТК+ граѓанското општество и активистите. Тој рече дека самото повикување на семејните вредности или заштитата на децата не може да се користи како оправдување за ограничување на човековите права. О'Флаерти повика на ослободување на сите оние кои се притворени поради нивната работа во граѓанското општество или човековите права.Тагови: Истанбул ЛГБТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО: Истрага за проневера во службата против финансиски раководителки во АД Државна лотаријаОЈО донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело- Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело- Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Во текот на цела 2024 година, првоосомничената на позиција директор на Секторот за финансии и сметководство и второосомничената како шеф на финансиски работи во АД за приредување игри на среќа Државна Лотарија на Република Македонија, вршејќи ги нивните посебни овластувања и должности определени со закон, заедно учествувале во дејствија на извршување на кривичното дело проневера со намера да прибават за себе противправна имотна корист. Тие присвоиле пари доверени во службата во значителен износ од 79.989.444 денари. Како овластени лица за подигнување на готовински средства наменети за исплата на мали добивки и лица задолжени за прием и уплата на дневниот промет остварен од сопствени продажни места на друштвото, тие целокупниот дневен промет за 2024 година кој им бил доверен од продажните места на АД Државна Лотарија на РМ, не го уплатиле и не го депонирале на трансакциските сметки на друштвото во деловните банки, туку го присвоиле за себе. Дополнително, од банкарските сметки на АД Државна Лотарија на РСМ подигале парични средства кои исто така ги присвојувале за себе. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење и бегство, постои основан страв дека осомничените ќе ае обидат да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, како и особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите, но и околности што упатуваат на можноста да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаСо градежна механизација урнати дел од тезгите на Бит пазар Неполн ден откако се промени описот на скопски Бит-пазар, местото кадешто се урнаа објекти и тезги е веќе ограден со тараби и подготвен за нова градба.На терен има тешка механизација, но засега нема официјални информации кој ги урнал објектите и дали на нивно место ќе се гради нешто, како што се шпекулира во јавноста.Станува збор за првите тезги долж булеварот „Цветан Димов“, на потегот од Центар кон Чаир. Земјиштето е во приватна сопственост, а засега не се соопштува причината за отстранувањето на тезгите. Од Општина Чаир најавуваат повеќе информации, додека Град Скопје посочува дека случајот не е во нивна надлежност. Во меѓувреме, останатиот дел од Бит-пазар функционира непречено. Меѓу вработените на пазарот има незадоволство и револт, а дел од нив не сакаат јавно да ја коментираат ситуацијата. Дополнително, само неколку дена претходно, во непосредна близина, Град Скопје со повеќе институции спроведе акција за отстранување на дивите тезги на потегот од Бит-пазар кон „Мавровка“. Тогаш беа запленети околу 500 килограми храна, а за нелегалните препродавачи беа најавени и казни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?Со литиска поворка и црковни почести, во катедралниот храм „Св. Николај“ во Стара Загора свечено беа пречекани дел од моштите за кои од Софија се тврди дека се дел од чесната глава на свети Климент Охридски.Според бугарските медиуми, реликвијата пристигнала од грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“ во близина на Верија, како дел од меморандумот за разбирање меѓу Бугарија и Грција за взаемно предавање историски предмети од значење. Настанот доаѓа само еден ден по трансферот од Грција во Бугарија на останките за кои бугарската страна тврди дека му припаѓаат на цар Самуил. Но, во период кога историското и црковното наследство повторно стануваат дел од регионалната дипломатија, се отвора прашањето дали овие два настани треба да се гледаат изолирано или како дел од бугарската црковна историографија која со децении се обидува да го присвои наследството на средновековната Охридска црковна традиција. За професорката Наташа Котлар не е случајно што теми поврзани со личности длабоко втемелени во македонската историска и духовна традиција повторно се отвораат од страна на Софија. -Ако се тангира историјата, бидејќи историјата е еден од најважните моменти во градењето на еден народен па и национален идентетите, покрај религијата и културата тоа значи директна негација на македонскиот целокупен идентитет, историскиот а посебно културниот. Ако тоа негирање е во функција тоа значи дека ништо не е случајно, и дека на просторот сме исправени пред сериозен офанезивен фронт, отворен за негација пред се за македонскиот целокупен идентитет и ние треба да ги градиме постапките во таа насока – вели - Наташа Котлар – Професорка. Охридската Архиепископија претставува клучен дел од историскиот идентитет врз кој се повикува и денешната МПЦ-ОА а најголемиот дел од неговите мошти се чуваат во манастирот „Св. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што се наоѓа и неговиот гроб. И свети Климент Охридски и цар Самуил се дел од веќе усогласените препораки на Заедничката македонско-бугарска историска комисија за заедничко чествување. Комисијата препорача двете држави заеднички да го негуваат споменот на свети Климент, а и чествувањето на цар Самуил да се одвива во духот на добрососедството. Такво заедничко одбележување на свети Климент веќе имаше во декември 2022 година каде тогашниот македонски министер за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков заеднички положија цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter