3Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
2Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
ФудбалСтрумичкиот прволигаш се ребрендира во „Академија Пандев Брера Струмица“ По купувањето на 90 отсто од акциите на ФК„ Aкадемија Пандев“ од страна на „Брера Холдинг ПЛЦ“, нашиот клуб од денес се ребрендира како „Акадмеија Пандев Брера Струмица“, информираа денеска од Клубот.Велат дека преименувањето е во согласност со позитивната законска регулатива во земјава, откако во Собранието на клубот влегле новите акционери, при што беше е избран нов Одбор на директори, а за претседател е назначен Горан Пандев. -Согласно веќе донесените акти, новата сопственичка структура одлучи новото име да биде спој на досегашното со името на новите инвеститори, како и на градот Струмица, како локација и место од кое произлегоа плејада на квалитетни фудбалери познати на домашната и меѓународна сцена. Како клуб во иднина ќе настапуваме со кратенката ФК „АП Брера Струмица“ а за комерцијална употреба „Брера Струмица“. Освен името се менува и официјалното лого на клубот. Во новото се додаваат боите на инвеститорот Брера, грбот на општина Струмица а составен дел ќе биде и досегашниот аблем на клубот при што на латинично писмо ќе пишува Брера Струмица, стои во соопштението. Додаваат дека мисијата ќе биде градење на фудбалски клуб според европските стандарди од организациски, стручен и комерцијален аспект. Фокусот ќе биде насочен кон градење на стабилен прв тим каде место ќе се даде на фудбалери од сопствените младински школи, инвестиции во младинските погони со организација и учество на силни турнири, подобра фудбалска инфраструктура, размена на искуства со познати европски фудбалски центри како и градење на квалитетни фудбалери со можност да бидат дел од големи фудбалски клубови во странство, но и соработка со сите останати фудбалски клубови од Струмица и Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветИзраелскиот министер за одбрана предупредува: Иран се обидува да направи нуклеарно оружје Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека Иран не се откажал од своите амбиции за нуклеарно оружје и дека Израел мора да остане обединет во лицето на оваа закана.„Иран се стреми да ги обнови своите напори за добивање нуклеарно оружје, заедно со други сериозни напори што претставуваат реална опасност за државата Израел. Не можеме да ги прифатиме овие закани“, рече Кац на комеморацијата за војниците што ги загубија своите животи за време на Суецката војна во 1956 година, објави „Тајмс оф Израел“. Тој рече дека должност на војската е да биде подготвена за секаков сценарио и да „дејствува по потреба за да ги заштити израелските граѓани“. „Во лицето на големите мисии што претстојат, мора да бидеме обединети“, рече Кац. Кац нагласи дека непријателите на Израел мора да знаат дека Израел, дури и кога има внатрешни несогласувања, ќе остане обединет против оние што го загрозуваат неговиот опстанок. „Ова е време за единство, одговорност и меѓусебна солидарност“, додаде Кац. Кац е член на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која загуби на предвремените парламентарни избори во Израел на 27 октомври. Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека официјално ќе му го даде мандатот за формирање нова влада на лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, на церемонија што ќе се одржи подоцна.Тагови: Иран нуклеарно оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!Славески призна дека Мицкоски вршел притисок за дозволата на Aлта банка. Сега има уште многу малку време да го пријави.Обвинителот Савески работи на повик. По наредби од собраниската говорница, по барања упатени од телевизија. Не работи самостојно. Чека повик од Мицкоски. Ако сега Славески не го направито тоа, потоа ќе биде касно. Во Европа имаше санкции и суспензии за Алта банка. Во Црна Гора регулаторот ја одби Алта Банка и ги потврди притисоците. Во Србија сега е отворен стечај, извршено е апсење на Мацура и отворена е истрага за 380 милиони евра. Формален сопственик е човек со менувачница. Сомнежите се однесуваат на потеклото на капиталот. Sky преписки со „Оскар“. Врски со Шариќ и Беливук. 5 тони дрога од Македонија кај сестринската партија СНС. Состаноци со Вулин и Гашиќ. Мицкоски ја внесе Вучиќевата пералница на пари од криминал и корупција во Македонија. Го внесе и осигурувањето. Ги внесе парите на јавните претпријатија и на граѓаните во Алта Банка. Ова е веќе видено сценарио од Србија. Апсењата се секојдневни. Наскоро ќе излезе целата вистина на виделина. Вучиќ рече дека тој ништо не потпишувал. Од тогаш, долг е редот на сведоци и соработници на правдата. Славески, имаш уште малку време. Пријави го Мицкоски. Инаку во пријавата ќе бидеш ти обвинетиот. И ќе одговараш заедно со бандата. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја штитите бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. Славески, часовникот отчукува!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ХороскопНеделен хороскоп за 9. до 16. ноември 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 9. до 16. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако осаменоста не епо ваша желба. Оние во врска ќе поминуваат низ еден интересен период , низ кој ќе треба доста тртезвеност за да се помине. Кариера Не претерувајте со вашите идеи , зашто и покрај тоа што некои врати малку ви се отворија , се уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо дочекајте ги вашите пет минути. Ќе дојдат . Ако ви е тешко , побарајте ведри луѓе. Здравје и совет Не правете ништо со сила. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Преодниот несклад во личните односи и уште повеќе во вашите љубовни очекувања , ќе направат да се чувствувате фрустрирано или осамено. Би било добро да ја прифатите состојбата каква што е и без поголеми амбиции да очекувате подобри денови. Ќе дојдат. Кариера Најдете во себе сила за да поставите подобри криутериуми во работењето и да ја завршите работата што мора да биде завршена. Сега не си ги поставувајте барањата премногу високо , зашто сте во фаза кога се соочувате со бројни предизвици , а енергијата ви е на минимум. Планирајте во мислите. Здравје и совет Редовно опуштајте се и обидете се добро да се наспиете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата потреба за друштво и натаму ќе биде изразена , па многу често ќе излегувате. Ќе бидат тоа неформални дружби со блиски луѓе до вас и со пријатели. Нема да имате големи очекувања , но токму таа опуштеност би можелад а ви донесе нова љубов. Кариера Ги решивте последните поголеми недоумици и сега храбро одите напред. Малку по малку , почнувате да градите нови услови за работење или нови проекти. Во себе ја носите онаа свертлост што ќе разбуди многумина околу вас. Само треба да ви веруваат , па затоа отворете се. Здравје и совет Не се сомневајте во сопствените способности. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата енергичност и активност во љубовниот живот понекогаш ќе се граничи со лудост. Не се исклучени ниту мали љубомори , но и такви со поголем интензитет. Но како дошло , така и ќе помине. Потребна ви е малку поголема самоконтрола за да бидете посреќни. Кариера Ќе дејствувате на различни фронтови , но нема да има ништо толку силно за да ви го задржи целото внимание. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи. Ќе ви бидат потребни зашто имате помалку енергија од вообичаеното. Здравје и совет Ќе размислувате за смислата на животот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Деновиве многумина од вас ќе претеруваат во страста или пак во друга крајност , во студенило. Или секо момент ќе сакате да бидете со саканата личност или ќе барате целосна самотија.Сетете се на правилата на златна средина и обидете се да најдете рамнотежа. Кариера Можно е овие денови да воспоставите или да обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе поволни резултати и ќе ви ги рашири хоризонтите. Колку и да изгледа далеку , ќе биде добро. Здравје и совет Бидете посмирени во однесувањето. Овен 21.3-20.4. Љубов Овие денови ќе имате променливо расположение што се однесува до љубовниот живот. Некои врати ќе се отвораат , но некои и ќе се затвораат. Дури и истовремено.Затоа, бидете максимално отворени и следете ја секоја можност. Треба да научите штос е крие зад можностите. Кариера На работа главно ќе ви оди добро. Уште повеќе ќе ги засилите контактите и ќе ја подобрите соработката со младите колеги. Некои ќе отворат врата за нови колеги или самите ќе бидат повикани на некое ново место на работа. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Здравје и совет Ќе имате доволно сила и издржливост. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повремено ќе почувствувате понекоја лична фрустрација или пречка за љубов. Издржете , најмногу зашто со трпеливост ќе увидите колку всушност имате сила и колку може да сакате. На тој начин се ќе се стопи самото од себе, а ќе останат само добрите работи. Кариера Изгледа како да се разведрува , но никакот тоа да го дочекате. Веќе станувате нетрпеливи за да докажете што знаете и за што сте способни. Уште опваа недела ќе треба за нешто да се подготвите или да довршите некоја заостаната работа.Затоа , работете го тоа полека и сигурно. Здравје и совет Игнорирајте ги критичарите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Добра атмосфера , вашата отвореност и подготвеноста да изразите она што чувствувате , како и наклонетоста на другата страна , ќе ви ги направат овие денови многу пријатни. Оние кои уште се во потрага по сродна душа, лесно ќе се приближуваат кон секоја личност од спротивниот пол. Ќе биде интересно. Кариера Својот деловен интерес полека ќе го префрлувате на проширување на сопствените знаења и стручната способност. Некои ќе одат на доедукација. Сега ќе се исполнат некои законски услови за да може да направите нешто во таа насока. Некои поради тоа ќе отпатуваат. Здравје и совет Прво согледајте со што располагате, па потоа делувајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако до сега имаше празнина во љубовта, овие денови ќе дочекате подобри шанси. Токму така вашиот приватен живот полека ќе почне да се подобрува , а потоа и насмевка ќе се врати на вашето лице. Немојте ништо да форсирате и се ќе биде добро. Кариера Новата енергија што интензивно ја чувствувате , ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти , конструктивни , отворени , жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите , а особено со лицата со кои сте заедно во работниот простор. Здравје и совет Уживајте во животот. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби понекогаш ќе ви се чинидека љубовта е далеку од вас. Сепак , таа е поблиску отколку што мислите , само што моментално не се покажува. Бидете мирни , трпеливи и упорни. Ако сте во врска , не форсирајте со изразување на емоции по секоја цена. Кариера Многумина ќе играат на сигурно , зашто неодамнешните искуства и искушенија ги упатија кон тоа. Сепак , може малку и да рискирате. Не е се толку тешко како што вие го гледате. Повторно ќе се појави поддршка од други , на кои воопшто не сте се надевале. Здравје и совет Не се заморувајте со ситници. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вие полека доаѓате во убав период. Ова време е добро за засилување бнадовербата во врските , но и за поотворени разговори. На некои , сепак , повеќе ќе им одговара самотија исполнета со филозофирање.Повеќето ќе се чувствуваат добор. Кариера Ќе бидете помалку заморени од работата. Некои колеги , згора наас е и ќе ве задеваат. Не реагирајте. Она што мора да го сработите , направете го професионално. Така на сите ќе им ги затворите устите. Шанса за напредување не е неможна , но засега не ви изгледа атрактивно. Здравје и совет Размислувајте долгорочно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ваши љубовни очекувања ќе бидат исполнети и покрај понекоја пречка или фрустрација. Сепак , понатаму треба да бидете внимателни и на мирен начин да го одржувате она што до сега сте го оствариле. Другата страна ќе го препознае и цени вашиот труд . Кариера Понекогаш ќе ви се чини како премногу да ве истакнуваат и да го фалат вашиот труд .Скромноста и еден вид срамнежливост , која ја ширите околу себе, ќе биде пример за другите. Ќе работите вредно и без многу прашања. Здравје и совет Добро е да се биде искрен.Маските паѓаат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44