Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“ - Канал 5

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Вкупно 120 натпреварувачи од осум земји ќе учествуваат на отвореното државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“, што утре ќе се одржи во Струга во организација на клубот „3 Дисциплини“.

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Никола Кутаноски, тренер во клубот „3 Дисциплини“ вели дека се е подготвено за 13-тото државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини“, на кое покрај од земјава ќе учествуваат натпреварувачи од Полска, Австрија, Бугарија, Хрватска, Косово, Србија и Албанија.

Ова првенство, според него, нуди идеални услови за учество на професионалци, но и на почетници, затоа што има категории за сите возрасти и нивоа на подготвеност.

-Постојат неколку категории, најјаката е „елит“ или категорија за најподготвените, односно оние што бркаат олимписки и европски норми. Со нив стартуваат и „јуниорите“ кои исто така се висока категорија само во различна возрасна група, млади триатлонци од 16 до 18 години. По нив се кадетите од 14 до 17 години и на крај се „деца 1“ и „деца 2“, односно помлади и постари пионери, појасни Кутаноски.

Се надева дека временските услови ќе бидат на нивна страна и сите учесници ќе стартуваат во трка за најдобрите позиции.

Поради непречено одржување на натпреварите, Кутаноски информира дека патот од кружниот тек кај Евро хотел до кружниот тек кај хотелот Солферино ќе биде затворен за сообраќај в недела од 8:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лажно видео се шири на социјалните мрежи: Се злоупотребува ликот на спикерот на Канал 5

На социјалните мрежи се појави манипулирано видео генерирано со вештачка интелигенција во кое се злоупотребува ликот и гласот на познатиот спикер на Канал 5 Телевизија, Борислав Тноковски.

Лажно видео се шири на социјалните мрежи: Се злоупотребува ликот на спикерот на Канал 5

Во лажното видео, дигитално изменетата верзија на новинарот наведува дека претставува „револуционерен производ“ и методологија за брзо и лесно слабеење.

Во видеото е злоупотребен и идентитет на малолетно девојче.

Станува збор за класична интернет-измама чија цел е да ги доведе граѓаните во заблуда, искористувајќи го медиумскиот авторитет и препознатливоста на познатото ТВ-лице за финансиска корист и продажба на непроверени производи.

Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да не наседнуваат на вакви дезинформации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По 14 години Дарко Митревски повторно дома – со провокативен мастерклас на „Браќа Манаки“

Македонскиот сценарист и режисер со „привремена“ американска адреса, оваа есен, барем накратко, се враќа дома во Македонија.

По 14 години Дарко Митревски повторно дома – со провокативен мастерклас на „Браќа Манаки“

На претстојниот интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки„ кој ќе се одржи од 19-ти до 25-ти септември во Битола, Дарко Митревски ќе гостува како предавач со провокативно насловен мастерклас: „Како да НЕ снимите здодевен филм?“.

На нашиот најголем филмски фестивал, Митревски ќе сподели дел од неговите досегашни професионални искуства и неколку сценаристички „рецепти“ за помладите колеги. Мастеркласот „Како да НЕ снимите здодевен филм?„ е замислен како презентација на низа раскажувачки техники со кои писателите го пленат вниманието на публиката уште од времињата на античката драма, па се до епохата на современиот Холивуд.

Или кажано со неговиот пргав вокабулар: „Во пишувањето филмски приказни не постои нешто што се вика недостиг на инспирација. Постои само незнаење и мрза, кои лесно можат да се победат доколку се поседува алатот и се знае занаетот.“, вели Митревски.

На пошироката јавност Митревски и е познат како автор на двата најгледани македонски филма во историјата на македонската кинематографија: легендарната црна комедија „Балканкан„ со продадени 150.000 кино влезници и 20.000 ДВД копии, како и фудбалскиот еп „Трето полувреме„ кој во кино салите низ Македонија го видоа над 90.000 гледачи. Исто така е автор и на популарните ТВ серии „Уа, шнајдери!„ и „Досие Скопје„, како и креатор на низа музички видеа од златното време на македонската поп и рок музика.

Неговите филмови настапуваа на стотина филмски фестивали: Московскиот филмски фестивал, лондонскиот Raindance, калифорнискиот Cinequest, шпанскиот Sitges,

меѓународните фестивали во Стокхолм, Вашингтон, Рим, Минхен, Њујорк, Хелсинки, Мајами, Токио, Каиро, Палм Спрингс, Тромсо, Котбус, Киев, Атланта, Букурешт, Порторико, Загреб, Белград, Мотовун, Софија... Добитник е на низа награди во Америка, Европа и регионот.

Во САД, Митревски потпиша договор за отстапување на правата за две свои сценарија, кои очекуваат реализација, а неодама во продукција на „Vinegar Syndrome“ излезе и луксузно блуреј ре-издание на неговиот првенец, „Збогум на дваесетиот век“, на кој Митревски е коавтор на сценариото и режијата, заедно со Александар Поповски.

По 14 години отсуство Дарко пак се враќа дома. Се надеваме дека Македонија пак ќе му се израдува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години

Резулатите од учениците и мерките што ги превземаме нема да имаат одма резултати, тие ќе бидат за пет години. 

Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со  резултати за пет години

Она што е важно е да се продолжи со работа. Министерката во посета на училиштето „Љубен Лапе“ во Аеродром на прашање зошто училиштето браќа миладиновци не е реновирано воопшто откако две години во него учеа учениците од блаже конески додека целосно се реновираше, таа одговри сите ќе стигнат на ред. Од министерството за образование засега нема најава дека ќе има клими уреди во училиштата, учениците ќе се разладуваат со отворени прозорци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер