Стриминг во живо од слетувањето на сондата „InSight" на Марс - Канал 5

Стриминг во живо од слетувањето на сондата „InSight" на Марс

Скопското астрономско друштво вечер во кафе „Ли" организира следење во живо на слетувањето на сондата „InSight" на површината на Марс.

Стриминг во живо од слетувањето на сондата „InSight" на Марс

Сондата „InSight" седум месеци „патуваше" по интерпланетарното пространство, а треба да слета вечер во 21 часот по средноевропско време. Се проценува дека нејзиното пробивање низ 128 километри дебелата атмосфера на Марс ќе трае шест минути.

Како што информира Скопското астрономско друштво на својата фејсбук страница, преносот во живо ќе го врши Лабораторијата за млазен погон (Jet Propulsion Laboratory – JPL) во Пасадена, Калифорнија.

Дружењето во кафе „Ли" ќе почне порано, во 20 часот, со кратка презентација за мисијата на „InSight".

InSight (Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport) е истражувачка мисија чија цел е да направи целосен систематски преглед на Марс со помош на сеизмолошки, топлински и радио инструменти и да ги испита, соодветно, кората, внатрешната обвивка и јадрото на планетата./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот во НП „Пелистер“ е локализиран, екипи од Битола цела ноќ беа на терен

Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема.

Пожарот во НП „Пелистер“ е локализиран, екипи од Битола цела ноќ беа на терен

Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, информира директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски.

Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори.

Пожарот кој започна вчера во близина на атарот на село Подмочани набргу се рашири во пониските делови на НП „Пелистер“ од страната на Преспа.

Во неговото гаснење интервенираа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, организирани од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а имаше и воздушна интервенција со двата ертрактори.

Во текот на целата ноќ на терен интервенираа припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“, екипи на националниот парк, пожарникари од Битола и екипи со механизација од јавните претпријатија од Битола.

Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден.

Надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје

Од 1 септември повторно ќе биде воспоставена железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца. 

Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје

Возот ќе застанува на станиците Зелениково, Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајна станица ќе биде Железничката станица Скопје.

Од Скопје првиот воз ќе тргнува во 5:32 часот, а останатите во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Од Зелениково првото поаѓање ќе биде во 6:20 часот, а потоа во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот.

Патувањето ќе трае меѓу 24 и 28 минути, зависно од правецот и терминот на поаѓање, а новиот возен ред ќе важи до 31 декември 2026 година. Железничката врска треба да им го олесни секојдневното патување кон Скопје на жителите на Зелениково, Орешани, Драчево, Лисиче и околните населени места, особено доколку поаѓањата бидат добро поврзани со останатиот градски превоз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државата

Поминаа седум недели. Цел еден град, Гостивар беше отруен, над 5.000 граѓани завршија по болници.

СДСМ: Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државата

Уште во 50 населени места ширум државата беше објавено дека има небезбедна вода

Гостивар.

Крушево.

Валандово.

Свети Николе.

Демир Капија.

Булачани.

Пласница.

Лешок.

Преглово.

Маврово.

Рич.

Белотино.

Башино Село.

Елшани.

Велестово.

Сушица.

Зубово.

Дражево.

Борисово.

Колешино.

Ново Коњарево.

Порој.

Џепчиште.

Речица.

И во уште многу други места водата не беше безбедна за пиење.

Загадување се појави во четири реки меѓу кои Лепенец и Вардар.

Цела Македонија остана без безбедна вода за пиење.

А одговорен - сè уште нема. Ниту еден.

Нема ниту резултат за водата. Не е објавен документ ниту за водата во Гостивар ниту за други населени места.

Доста беше молк.

Објавете ги документите, граѓаните имаат право да знаат каква вода пијат.

Кој ќе одговара за системско труење на државата?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер