Стриминг во живо од слетувањето на сондата „InSight" на Марс - Канал 5

Стриминг во живо од слетувањето на сондата „InSight" на Марс

Скопското астрономско друштво утре вечер во кафе „Ли" организира следење во живо на слетувањето на сондата „InSight" на површината на Марс.

Стриминг во живо од слетувањето на сондата „InSight" на Марс

Сондата „InSight" седум месеци „патуваше" по интерпланетарното пространство, а треба да слета утре во 21 часот по средноевропско време. Се проценува дека нејзиното пробивање низ 128 километри дебелата атмосфера на Марс ќе трае шест минути.

Како што информира Скопското астрономско друштво на својата фејсбук страница, преносот во живо ќе го врши Лабораторијата за млазен погон (Jet Propulsion Laboratory – JPL) во Пасадена, Калифорнија.

Дружењето во кафе „Ли" ќе почне порано, во 20 часот, со кратка презентација за мисијата на „InSight".

InSight (Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport) е истражувачка мисија чија цел е да направи целосен систематски преглед на Марс со помош на сеизмолошки, топлински и радио инструменти и да ги испита, соодветно, кората, внатрешната обвивка и јадрото на планетата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда нема да го пушти Крис Џонс!

Старо-новиот грчки кошаркарски великан, ПАОК испрати фантастична понуда во вредност од 3.000.000 евра за плејмејкерот на Црвена ѕвезда, Крис Џонс, објави грчкиот портал SDNA.

Ѕвезда нема да го пушти Крис Џонс!

Сепак, „црвено-белите“ немаат намера да се откажат од еден од своите најдобри играчи.

Џонс има важечки двегодишен договор со клубот од Мали Калемегдан и нема дозвола да го напушти тимот.

Американецот пристигна во Ѕвезда минатото лето од Хапоел Тел Авив и брзо стана еден од најважните играчи во тимот. Во Евролигата, Џонс има просек од 8,8 поени и 5,9 асистенции. Според тоа, ПАОК ќе мора да побара друго засилување на позицијата плејмејкер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна

Претседателот на САД,  Доналд Трамп најде нов виновник за изборниот дебакл на републиканците на американските избори на средината од мандатот–телевизиската мрежа „Фокс њуз“, која некогаш ја сметаше за еден од своите најголеми сојузници.

Претседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна

Откако демократите ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот, американскиот претседател во средата остро ја нападна една конзервативна телевизиска станица, обвинувајќи ја дека придонела за поразот со тоа што редовно ги канела демократите во својата програма.

Тој беше особено разгневен од гостувањето на поранешниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио, кого жестоко го нападна во објава на социјалните мрежи.

„Зошто ’Фокс њуз‘ (Fox News) го држи во програма Бил де Блазио, најлошиот градоначалник во историјата на Њујорк, додека тој беснее и брбори како лудак? Тој го напушти градот со срам, а штетата што ја направи е немерлива – градот никогаш повеќе не беше ист, а сега тој ни кажува како да ја водиме Америка“, напиша Трамп.

Потоа тој директно го обвини „Фокс њуз“ за изборниот неуспех на републиканците, префрлајќи ѝ на телевизијата што ги канела политичките противници во програмата.

„Fox News сноси одговорност за овие порази бидејќи постојано и упорно им дава простор на опозиционерите од редовите на ’глупократите‘ (dumbocrats) и оние уште полошите. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател во својата објава.

Инаку, Трамп претходно им честиташе на демократите за нивниот успех на меѓумандатните избори одржани во вторникот и призна дека врз поразот на републиканците влијаело и прашањето за Иран, додека демократите се подготвуваат да ја преземат контролата врз Конгресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...

Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници.

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 претставува значаен стратешки документ што го препознава придонесот на образованието во создавање сообраќајна култура и долгорочно унапредување на безбедноста во сообраќајот, рече министерката за образование и наука проф. -д-р Весна Јаневска на промоцијата на новата Стратегија.

„Образованието е еден од најмоќните превентивни механизми. Знаењата, ставовите и навиките што придонесуваат за безбедно учество во сообраќајот треба да се развиваат од најрана возраст, почнувајќи од предучилишното воспитание и продолжувајќи низ сите нивоа на образовниот процес. Темите за безбедноста во сообраќајот се интегрирани во воспитно-образовната работа, преку наставни и воннаставни активности, како и кампањи во соработка со Министерството за внатрешни работи, со стручни организации и со единиците на локалната самоуправа“, посочи министерската Јаневска, додавајќи дека податоците за сообраќајните незгоди и ризичното однесување на младите учесници во сообраќајот укажуваат дека е неопходен уште покоординиран пристап.

Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието ќе работи на дополнително унапредување на воспитно-образовните содржини и активности со кои учениците ќе стекнуваат практични знаења, ќе ги препознаваат ризиците во сообраќајот и ќе развиваат навики за одговорно и безбедно однесување, вклучително и за правилна употреба на заштитната опрема.

Јаневска нагласи дека успешната едукација не е можна без подготвени наставници и современи наставни ресурси и затоа, дел од активностите ќе бидат насочени кон јакнење на компетенциите на наставниот кадар и обезбедување соодветни едукативни материјали и алатки за работа со учениците.

Ја поддржа идејата за јакнење на безбедносните зони околу училиштата, парковите и центрите на населбите, преку партнерства со општините и граѓанските организации.

„Создавањето побезбедна средина околу местата каде што престојуваат децата е заедничка обврска на сите институции и на целата заедница. Подеднакво важно е младите да стекнат основни знаења и вештини за соодветно постапување во првите критични минути по сообраќајна незгода, во соработка со Црвениот крст и со здравствените институции“, рече министерката.

Успехот на Стратегијата зависи од способноста за заедничко и координирано делување. Јаневска ги охрабри училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници да градат трајна култура на безбедност, неопходна како одговор на ризиците со кои се соочуваме како општество.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер