3Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЗдравјеСтрадањето на душата, проблем што бара решениеГрижата за душата и менталното здравје треба постојано да биде дел од секојдневното живеење на секој човек. Модерното живеење и се поголемата социјална отуѓеност придонесуваат се поголем број луѓе да не сакаат да зборуваат за своите проблеми, ниту со семејството, ниту со пријателите, ниту со стручни лица, и одлучуваат да живеат во таканаречен затворен круг соочувајќи се самостојно со нив и барајќи излез по трнливиот пат во напорите за нивно решавање. Дел од нив, веројатно премногу изморени од неможноста да се справат со своето долготрајно проблемско, па и душевно страдање, свесно или несвесно се предаваат на состојбата која „загосподарила" во нивната душа, и за жал, посегнуваат по својот живот. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, минатата година во државава бил регистриран пораст на бројот на самоубиства, во однос на 2017 година. Во текот на минатата година биле извршени 121 самоубиство, од кои 29 во Скопје, 20 во Штип, 18 во Струмица, 16 во Битола, 14 во Куманово и по осум во Велес, Охрид и Тетово, додека во 2017 година биле регистрирани 103 самоубиства. Во 2016 година, пак, биле извршени 136 самоубиства и 177 обиди за самоубиства. Претседателот на Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска вели дека многу често во државава има информации за самоубиства и тоа создава впечаток дека е зголемен нивниот број. -Ставот што сум го добила од знаење, теорија и практика е дека „самоубиството е трајно решение на привремен проблем". Значи, тоа е нешто што личноста го бира како решение за некој долготраен проблем кој ја мачи. Обидот за извршување самоубиство или извршување на самото самоубиство покажува длабоко душевно страдање на личноста, за да дојде до едно такво решение да го заврши страдањето. Значи, тие луѓе навистина длабоко страдаат, посочи Јовановска Стојановска. Според неа, во најголем број случаи причината е депресија, но постојат и други фактори, како што се трауми, пострауматски стрес, различни органски болести, при што се менува начинот на доживување на околината, на себеси… Во врска со тоа дали социјалното отуѓување на луѓето едни од други е една од причините, тие да се затвораат во себе, да не разговараат дури ни со најблиски пријатели, па дури ни со психолози, психијатри и се одлучуваат да извршат самоубиство, таа потенцира дека најверојатно во ова модерно живеење таа социјална отуѓеност придонесува да се зголеми бројот на самоубиства, затоа што голем дел од луѓето се чувствуваат изолирани, осамени, напуштени, неприфатени. – Семејството игра важна улога во тоа како личноста функционира. Во ова модерно општество, семејството ја губи својата функција, улога, изгледот, начинот на функционирање и со тоа придонесува луѓето да се чувствуваат осамени, но и отуѓени. И покрај тоа што ние уште сме конзервативна земја, Западот со големи чекори влегува кај нас и се менуваат начините на живеење, размислување, функционирањето семејството, начините на кои го гледаме светот, како светот го гледа поединецот… Значи дека модерното време, како и транзицијата низ која толку долго поминуваме и се уште трае може да биде добра причина луѓето да дојдат во ситуација на едно душевно патење и да не можат да најдат соодветни механизми, вештини, начини за да разрешат одредени ситуации во животот. Тие не можат да најдат внатрешни механизми и да се справат со емоциите, и останувајќи долго време во таквата состојба не можат да преземат решенија и одлучуваат да го завршат својот живот, вели Јовановска Стојановска. Таа советува луѓето кои имаат потешкотии уште во првите моменти кога ќе почувствуваат дека не им е добро, да побараат помош, да не чекаат да се развие депресијата, да се развијат состојби на стравови, на безнадежност…Значи, истакна таа, ние не мора да живееме со душевни маки, тоа е прво, за се има решение. -Кога тие луѓе ќе видат дека со нив нешто се случува, кога ќе видат дека нешто им се случило во животот и тие не можат да го преболат, не можат да го разрешат и не можат да најдат излез од тоа, нека побараат да поразговараат со некого. Најдобро би било да разговараат со најдобриот пријател, ако не можат со него, тогаш со некое медицинско лице, нека побараат совет од матичниот лекар, не мора да му ја раскажат историјата, може да кажат дека не се чувствуваат добро, дека имаат имааат негативни емоции и да го прашаат каде треба да се обратат. Матичниот лекар ќе најде начин, некаде да ги упати, нагласи Јовановска Стојановска. Според неа, дури и одењето во верски објект – црква, џамија, каде може да разговараат со некое верско лице, исто така е дел од опциите тие да раскажат за тоа што го носат во душата. Битно е со некого да зборуваат, вели таа, бидејќи, како што потенцира, колку и да изгледа нешто тешко, кога се зборува е многу подобро отколку да се крие длабоко внатре во душата и поради тоа што никогаш не се кажувала таа тешкотија, таа никогаш не излегла од нив, а тоа всушност ги наведува луѓето на такви драстични одлуки. Најдоброто решение, како што нагласи, е да се разговара со психолог, психотерапевт, психијатар, значи некој што ќе може стручно и неутрално да го сослуша човекот, некој што е обучен за таа работа, да разговара со луѓето, да им помогне да си го решат проблемот, бидејќи самото барање помош е да излезеш од кругот во кој постојано се вртиш. -Тоа е првиот чекор, а вториот се луѓето во блиската околина. Неопходно е ние меѓу себе да се гледаме, да бидеме поповрзани, малку повеќе емпатични едни со други. Ако кај пријателите, роднините, кај луѓето со кои живееме, кои ги сакаме, забележиме промени во однесувањето, кое значи повлекување, несоница, нерасположеност, неволност, неучество во забави, седенки, еден израз на лицето што покажува здодевност или неволност, ако има искази дека „сето ова нема смисла, зошто ми е вака"…, а некогаш и нема такви искази, само има промени во однесувањето, би требало да се заинтересираме што се случува со тој човек, со тоа дете околу нас, да му помогнеме, да се понудиме како некој кој ќе разговара со него или, пак, заедно со неговите роднини, со неговите пријатели, со него да најдеме начин. Значи, не треба да чекаме и да гледаме како тој човек почнува да пропаѓа, туку ако забележиме промени во однесувањето, веднаш треба да се разговара со него, и ако треба да се однесе на психолог, психотерапевт, истакна Јовановска Стојановска. Таа вели дека превентивно одиме на забар да исчистиме каменец, превентивно правиме мамографии и одиме на други превентивни прегледи, а не преземаме ништо превентивно кога станува збор за грижата за душата, за тоа што е болно внатре. -Грижата за душата треба да биде заедно со сите други грижи. Треба еднакво да се грижиме и за здравото тело и за здравата душа. Тоа да биде паралелно, бидејќи нема нешто што е поважно. Така што, тоа е едно двојство што не може да се раздвои и мораме да водиме сметка за тоа. Ако нѐ боли главата ден – два, одиме по лекари, веднаш се интересираме што е проблемот. Зошто не бараме помош кога имаме тежина во душата, стравови, кога постојано сме вознемирени, односно гледаме промени кај себеси и ништо не не интересира? Треба веднаш да се побара стручна помош. Значи, важна е грижата за менталното здравје уште од најрана возраст, децата да пораснат со сознанието дека таа е дел од нивното секојдневно живеење, исто како што се важни часовите по фискултура, спортувањето, начинот на исхрана, така треба да се внимава на сопствените емоции, додаде психологот Јовановска Стојановска. Директорот на Универзитетската клиника за психијатрија, д-р Стојан Бајрактаров смета дека во последните години се зголемуваат обидите за самоубиства кај помладата популација, но нема нема голема осцилација или драматично зголемување на бројот на самоубиства. Според податоците на Светската здравствена организација, во државава има ниска стапка на самоубиства, во однос на другите земји, а во земјите во регионот највисока стапка на самоубиства и сега и порано имала Словенија. Една од водечките причини за самоубиство, посочи, е и депресијата, но таа не е единствена причина и многу други состојби може да бидат причина за самоубиство. – Тоа е посебна наука во психологијата која се занимава со тоа, многу се дискутира и пишува за тоа. Во државава имаме развиено добра мрежа на психолошки и на психијатриски институти. Значи, имаме институции и за ментално здравје, имаме развиена мрежа на примарна здравствена заштита, која е по сите стандарди и препораки на СЗО. Психолошката здравствена заштита е првата брана која треба да спознава такви состојби. Инаку, ние во последните години и како психијатри сме вршеле многу едукации на докторите од примарната здравствена заштита и сметаме дека тие се многу подготвени да одговорат на предизвикот, вели д-р Бајрактаров. Според него, не може сите самоубиства да се спречат, меѓутоа, треба и понатаму континуирано да се работи на едукации во примарна здравствена заштита и постојана едукација на интернистичките служби. Сите заедно, посочи, треба да работиме и на надминување на предрасудите кои ги имаме, па и на срамот кој е поврзан со барањето помош или јавувањето кај психолог или психијатар. – Луѓето не треба да живеат во „затворен круг". Сите треба отворено да разговараат, да немаат предрасуди. Родителите треба да им кажуваат на децата од најмала возраст да се искажуваат, да бараат помош ако им е потребна, да не ги кријат проблемите. Затоа постојат и детски психолози и школски психолози. Уште од најрана возраст треба да ги едуцираме децата да размислуваат на тој начин, дека не е ништо драматично или страшно ако се побара помош. Напротив, треба да ги едуцираме и децата и возрасните на кои им треба помош и да им подадеме рака на тие што се во криза. Никој од нас „не е вакциниран" од таква состојба. За тоа постои хуманост, да им помагаме на луѓето, да им понудиме помош, додаде д-р Бајрактаров./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаНАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секогоАмериканската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината. Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги. Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки. Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година. Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS). Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината. За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!Мајкл Керик е сè поблиску до заминување од клупата на Манчестер Јунајтед! Иако раководството на клубот одлучи да му даде дополнително време по поразот од Борнмут, сè поголеми се шансите англискиот стручњак наскоро да добие отказ. Според информациите на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), челниците на Јунајтед сè уште се држат до првичниот план – детално да ја проценат ситуацијата за време на ноемвриската репрезентативна пауза. Сепак, сè поизвесно е дека извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс ќе им предложат на косопственикот Џим Ретклиф и на семејството Глејзер да го сменат Керик. Капка која може да ја прелее чашата е нерешениот резултат против Астон Вила (4:4). Јунајтед моментално се наоѓа на 18-тото место во Премиер лигата и го бележи својот најлош почеток на една домашна сезона во последните 40 години. Манчестер Јунајтед веќе разгледа неколку опции за наследник на Керик. Како што претходно објави Би-Би-Си (BBC), клубот ја испитуваше можноста за ангажирање на поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, и поранешниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман. Антонио Конте, исто така, покажа интерес за работа на „Олд Трафорд“, додека, според неколку извори, и Маурисио Покетино е отворен за враќање во клупскиот фудбал. Сепак, ситуацијата со Покетино не е едноставна, со оглед на тоа што аргентинскиот стручњак во август го продолжи договорот со националниот тим на Соединетите Држави. Наводно, неговиот договор содржи клаузули кои би му овозможиле да замине доколку добие понуда од одредени големи клубови. На Керик му е дадена уште една шанса по поразот од Борнмут, но резултатите не ја оправдаа довербата на раководството. На последните десет првенствени натпревари, Јунајтед забележа само една победа, учинок што ги доведе до 18-тото место на табелата. Со 19 примени гола, тимот има една од најслабите одбрани во Премиер лигата; повеќе голови примиле само Кристал Палас и Ипсвич. Особено загрижувачки е фактот што „Јунајтед“ има само три победи на 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Ова е најлошиот учинок во последните 40 години, токму на годишнината од доаѓањето на Сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“. Поразите од Манчестер Сити, Брајтон и Борнмут, како и натпреварите што завршија нерешено – при што тимот ја испушташе предноста во завршницата – претставуваа посебен удар. Незадоволството станува сè повидливо и во самата соблекувална. Лисандро Мартинез јавно ја критикуваше летната трансфер-политика на клубот, префрлајќи ја одговорноста врз спортскиот директор Џејсон Вилкокс. Дури и Бруно Фернандеш не го криеше своето незадоволство, па по поразот од „Кома“ (Манчестер Сити), упати критики кон тактиката на Керик. На Карик му беше дадена шанса да ја промени ситуацијата, но резултатите и понатаму се под очекувањата. Управата сега ги разгледува следните чекори, а сè поизвесно е дека Керик би можел да ја плати цената за катастрофалниот почеток на сезоната. Конечната одлука сè уште не е донесена, но неговата позиција е сериозно разнишана. Манчестер Јунајтед наскоро би можел да започне нова потрага по тренер, во обид да ја спаси сезоната која веќе е далеку од очекувањата на навивачите.Тагови: Мајкл Карик Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 НоемвриСветскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа.Светскиот ден на науката за мир и развоj - 10 Ноември оваа година го одбележуваме со видливи резултати во научно-истражувачката дејност. Ова го нотира и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата за 2026 со оценката дека е направен добар прогрес во остварување на целите од Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација, со основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво ИНОВА, но и со продолжувањето на учеството во европски програми за наука и иновации. Резултатите ја покажуваат посветеноста на Владата и на Министерството за образование и наука кон поттикнување на научните истражувања и иновациите. Имаме јасна цел: да ги зајакнеме капацитетите за научно-истражувачка дејност и да го зголемиме влијанието на научно-истражувачките резултати врз општеството и економијата. Ова го поддржуваме преку континуиран раст на буџетот за наука, за да осигуриме дека научната заедница има ресурси и поддршка што ѝ се неопходни. Овогодинешниот буџет изнесува рекордни 773 милиони денари, што е скок во споредба со 680-те милиони денари минатата година и повеќе од двојно зголемување во однос на 380-те милиони денари издвоени пред две години. И резултатите се опипливи. Минатата година поддржавме околу 50-тина двогодишни научни проекти, што се сега во завршна фаза. Презедовме конкретни активности поврзани со потребата за зголемена научна продукција. Обезбедивме бесплатен пристап до главните глобални научни бази на податоци „Web of Science“ и „Scopus“ за нашите научници и академски професори. Ги покриваме трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, ги покриваме трошоците за објава на зборници. Системски инвестираме во наука и ги отстрануваме бариерите за да можат нашите научни работници да се натпреваруваат и да соработуваат глобално, а нивните резултати да можат да донесат вистинска вредност дома. Наш стратешки приоритет останува забрзан развој на науката и подобро позиционирање македонските универзитети на глобалните ранг-листи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06