Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
СветСтотина научници испратија последно предупредување: Светот влезе во нова реалност- не сме подготвени!Планетата се соочува со „нова реалност“ откако ја достигна првата од низата климатски пресвртни точки - масовното истребување на коралните гребени.Ова е заклучокот на сеопфатен извештај во кој учествувале 160 научници од целиот свет, објавува CNN. Климатските промени би можеле да ги исфрлат клучните системи на Земјата - од дождовната шума на Амазон до поларните ледени покривки - од рамнотежа до точка на колапс, што би предизвикало катастрофални бранови низ планетата, предупредуваат експертите. „Брзо се приближуваме кон повеќекратни точки на пресврт на системите на Земјата што би можеле да го трансформираат нашиот свет, со катастрофални последици за луѓето и природата“, рече Тим Лентон, професор на Институтот за глобални системи на Универзитетот во Ексетер и еден од авторите на извештајот. Први погодени коралните гребени Според извештајот, коралните гребени во топлите мориња се првите што се погодени. Од 2023 година, светските гребени претрпуваат најлошото масовно белење досега забележано поради рекордно високите температури на океанот - повеќе од 80% од коралните гребени се погодени. Некогаш шарениот и жив подводен свет се трансформира во избелен, пуст пејзаж доминиран од алги. „Сега ги турнавме коралните гребени над нивниот капацитет да се справат“, рече Мајк Барет, главен научен директор во Светскиот фонд за диви животни во Велика Британија и коавтор на извештајот. Авторите предупредуваат дека ако глобалното затоплување не се запре, „големите гребени какви што ги знаеме ќе исчезнат“. Последиците би биле далекусежни: коралните гребени се клучни живеалишта за морските видови, се важни за безбедноста на храната, придонесуваат трилиони долари во глобалната економија и ги штитат крајбрежјата од бури. Океанските струи се закануваат со колапс Планетата е на работ на неколку нови климатски пресвртни точки, според извештајот, бидејќи речиси сигурно ќе ја надмине глобално договорената цел за ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа. Една од најалармантните закани е потенцијалниот колапс на Атлантската меридијална циркулација на превртување (AMOC), клучна мрежа на океански струи. Таквиот настан би имал катастрофални глобални последици: би ги потопил деловите од светот во длабоки замрзнувања, би ги претворил другите во жаришта, би ја нарушил сезоната на монсуни и би го покачил нивото на морето, велат научниците. „Сега постои ризик колапсот да се случи во текот на животниот век на луѓето што живеат на планетата денес“, предупредува Барет. Светот не е подготвен Светот, вели Манјана Милкорејт, истражувач на Универзитетот во Осло и автор на извештајот, не е подготвен за последиците од преминувањето на овие пресвртни точки. „Сегашните политики и меѓународните договори се дизајнирани за постепена промена, а не за такви ненадејни, неповратни и меѓусебно поврзани промени“, вели таа. Таа додава дека начинот на кој владите реагираат сега „би можел да го обликува Земјиниот систем многу долго време“. Извештајот повикува на брзо намалување на загадувањето од глобалното затоплување и зголемено отстранување на јаглеродот од атмосферата. Лентон вели дека светот неизбежно ќе ја надмине границата од 1,5 степени, но дека минимизирањето на понатамошното затоплување и намалувањето на температурите што е можно побрзо е клучно. Има и некои добри вести Извештајот, исто така, истакнува неколку позитивни трендови, како што е „радикално глобално забрзување“ во употребата на сончева енергија, електрични возила, батерии и топлински пумпи. Откако чистите технологии ќе ги заменат оние што загадуваат, нема да има враќање назад, бидејќи новите опции се поевтини и поефикасни. Критична година пред COP30 Извештајот доаѓа еден месец пред конференцијата за климата COP30 во Бразил, каде што ќе се соберат владини претставници. Оваа година се смета за клучна, бидејќи од земјите се очекува да презентираат нови цели за намалување на емисиите во текот на следната деценија. „Оваа мрачна ситуација мора да биде повик за будење - ако не дејствуваме решително сега, ќе ја изгубиме амазонската дождовна шума, ледените покривки и виталните океански струи“, заклучи Барет. „Во тој сценарио, би се соочиле со вистински катастрофален исход за целото човештво.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
СветДва товарни брода погодени од дронови во близина на бугарскиот брегДва товарни брода синоќа биле погодени од дронови во одделни инциденти во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. Едниот кој пловел под знаме на Гвинеја Бисао потонал, а од неговиот екипаж се исчезнати 11 морнари по кои се уште се трага. Од вториот брод, кој пловел под знамето на Малта и бил погоден од три дрона, бил спасен целиот екипаж со 15 членови. .По нападите, бугарскиот премиер Румен Радев денеска се сретна со руската амбасадорка Елеонора Митрофанова. Радев побара да се утврди кој стои зад нападите и да се повикаат на одговорност, порачувајки дека иако Бугарија нема јасни и кочени докази за потеклото на дроновите, тој смета дека последиците и одат во прилог на Русија. -Ова е апсолутно неприфатливо. Уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води. Не располагаме со цврсти и јасни докази за да обвиниме која било од страните, но логиката укажува на она што го изјавив, дека исходот е во корист на Руската Федерација.- Румен Радев – премиер на Бугарија Како што соопштија од бугарската владина информативна служба, Митрофанова на средбата изјавила дека ја разбира логиката на Радев, но дека таа немала никакви информации од Министерството за одбрана на Руската федерација поврзани со последните напади во Ценото Море. Митрофанова не ја исклучила можноста нападите да претставуваат провокација од трета страна. Со реакции излегоа и НАТО и ЕУ. Генералниот сектетар на Алијансата, Марк Руте на социјалната мрежа х напиша дека разговарал со Радев и дека НАТО ќе продолжи да соработува со сојузниците во регионот, да ја следи безбедносната состојба и да ги приспособува одбранбените мерки според потребите. Нападите ги осуди и претседателката на Европската комисија Урсула фон деј Лајен, порачувајки дека одговорните мора да сносат последици. Таа оцени дека Црното море станува нов фронт на ескалација во руската војна против Украина. Ова е втор ваков инцидент во близина на бугарскиот брег за само една недела, откако минатата недела исто така беа погодени два трговски брода, од кој едниот потона, а десет членови на екипажот беа пријавени како исчезнати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗдружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работаЗдружението на медицински сестри и техничари „За нас“ бара спроведување на Декларацијата за безбедност кој беше донесена на петтиот меѓународен конгрес во Струга на медицински сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“. Во декларацијата се бара патека во која ќе биде заштитено здравјето на медицинскиот персонал, а со тоа и здравјето на пацеинетите. Таа потенцира дека не само платата кај медицинскисте сестри важен е статутот, заштита на сестрите и итно носење на Законот за сестри со поддршка и на лекарската комора. Бешлиовска како симбол ја носи униформата на медицинска сестра за правата на медицинскисте сестри. Се надева дека во наредниот период ќе бидат слушнати нејзините барања и униформата ќе биде достоен симбол на секоја сестра, акушерка и техничар во болниците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
ЗдравјеЦелата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува КлековскиЦелата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека пристигнатите 30.000 вакцини се наменети за најризичните категории на граѓани, што значи дека принципот „прв дојден, прв услужен“ овој пат нема да важи. За да добиете бесплатна вакцина против грип ќе мора да се пријавите електронски, на „мој термин“, што се очекува да биде овозможено најдоцна од утре, а Центарот за јавно здравје ќе одредува кој има приоритет да биде имунизиран. Сепак, со цел да се поттикне пријавувањето, Министерот прв ќе се вакцинира. -Мој термин треба да е денеска или утре подготвен и отворен за пријавување. Во моментот ја организираме логистиката и со Центрите за јавно здравје. Мое очекување е дека во оние стандардни термини кога започнувала имунизацијата во земјата а тоа е од 16-ти до 25 октомври ќе започне вакцинацијата. Јас ќе бидам првиот што ќе се вакцинирам за да го поттикнеме пријавувањето. Ние работиме да стигнеме до 80.000 дози да постигнеме. Ни беше важно да стигнат привите 30.000 за да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15-ти ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме работиме да го обезбедиме остатокот до 80.000. Ќе дадеме предност на ризичните групи. Кој проценува? Во основа по дијагнози Центрите за јавно здравје.- Сашо Клековски – Министер за здравство Клековски вели дека денови се во прашање во однос на набавката на БСЖ вакцината против туберколоза од јапонски производител, откако пред една недела се стопираше имунизацијата на новороденцињата во Македонија со онаа од бугарскиот производител „Бул био“ поради алармот што пристигна од Хрватска за сомнежи за нејзиниот квалитет, што беше вклучен поради зголемен број на случаи на остеомиолитис, или инфекција на коските кај деца. -Во тек е организација на логистиката, тие се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, се завршуваат деталите и се навдевам дека за многу скоро ќе биде стигната во Македонија и дека нема да има проблеми во однос на прекинот на имунизацијата (колку долго ќе трае паузата), изјави Клековски. Инаку Клековски денеска го отвори реконструираниот машки оддел во Психијатриската болница Бардовци за што се одвоени околу 300.000 евра за инсталации, решетки, прозорци и реновирање на тоалети, посочувајќи дека нечовечките услови во ваквите установи мора да станат минато. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook