Стотици истакнати Евреи бараат воведување санкции против Израел - Канал 5

Стотици истакнати Евреи бараат воведување санкции против Израел

Стотици истакнати Евреи ширум светот испратија писмо до Обединети нации и до светските лидери, во кое бараат да се воведат санкции кон Израел.

Стотици истакнати Евреи бараат воведување санкции против Израел

Писмото го потпишаа 460 лица, меѓу кои има и поранешни израелски функционери, добитници на Оскар, писатели и интелектуалци, барајќи одговорност за однесувањето на Израел во Појасот Газа, во окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим.

Тие бараат и светските лидери да ги поддржат пресудите на Меѓународниот суд на правдата и на Меѓународниот кривичен суд, да воведат целни санкции, да ја запрат продажбата на оружје, да обезбедат соодветна хуманитарна помош за Појасот Газа и да ги отфрлат лажните обвинувања за антисемитизам против оние кои бараат мир и го критикуваат Израел.

- Да не заборавиме дека многу закони, повелби и конвенции за заштита и зачувување на сите човечки животи беа создадени како одговор на Холокаустот. Овие мерки за заштита се неуморно прекршени од Израел, се наведува во писмото.

Помеѓу потписниците се поранешниот претседател на Кнесетот, Аврам Бург, поранешниот израелски мировен преговарач Даниел Леви, британскиот писател Мајкл Розен, канадската писателка Наоми Клајн, британскиот режисер Џонатан Глејзер, американскиот актер Волас Шон, добитниците на наградата Еми, Илана Глејзер и Хана Ајнбиндер, како и добитникот на Пулицерова награда, Бенџамин Мозер.

- Нашата солидарност со Палестинците не е предавство на јудаизмот, туку негово исполнување. Кога нашите мудреци учеа дека уништувањето на еден живот е уништување на целиот свет, тие не направија никакви исклучоци за Палестинците. Нема да се смириме додека не продолжи ова примирје и не заврши окупацијата и апартхејдот, се посочува во отвореното писмо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. 

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер