Стотици апсења по голема меѓународна операција против организиран криминал

Стотици апсења се извршени низ целиот свет во глобалната операција против организираниот криминал наречена „Тројански штит“.

Австралиската полиција прекина ланец на организиран криминал, најголем до сега во историјата. Во акцијата во која што учествувале и полицајци од Европа, САД Нов Зеланд, биле дешифрирани илјадници кодирани пораки меѓу фигури на криминалниот свет за време од три години.

„Врската што можевме да ја поврземе особено со ФБИ но и со другите агенции ширум светот, доведе до најзначајната операција во историјата на полицијата, тука во Австралија.“- Карен Ендрјус, Министерка за внатрешни работи на Австралија.

За време на операцијата само во Австралија беа одземени околу 3,7 тони дрога, повеќе од 100 парчиња огнено оружје и речиси 45 милиони австралиски долари. Уапсени се 224 лица, против кои беа покренати 525 обвиненија.

Во Нов Зеланд над 300 полицајци биле вклучени во операцијата во која што беа обвинети 900 лица и запленети 2,6 милиони американски долари.

Новозеландската полиција дозволи на истражители од 16 земји да ги следат членовите на мафијата, азиските криминални синдикати и банди на моторизирани криминалци.

Според австралиските медиуми, полицајци биле вклучени во делењето на овие телефони на озлогласени криминалци. Пораките се следеле преку апликацијата АНОМ, која ја користеле светските криминалци за кодирана комуникација, но која била тајно контролирана од ФБИ. Информациите меѓу криминалците се однесувале на планови за убиства, трговија со дрога и оружје.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер