СветСтолтенберг: Западниот Балкан е од стратешка важност за НАТО Западниот Балкан има стратешка важност за НАТО и затоа Алијансата е воено присутна во регионот, во услови кога состојбата во него е кревка, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг . Западниот Балкан има стратешка важност за НАТО и затоа Алијансата е воено присутна во регионот, во услови кога состојбата во него е кревка, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по денешната средба со црногорскиот премиер Милојко Спасиќ во Брисел, на која главни теми биле состојбите во Косово и во БиХ, руската агресија врз Украина и подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон. - Затоа сме многу загрижени кога гледаме насилство како она минатата година во Косово, истакна Столтенберг, додавајќи дека ваквите појави се неприфатливи и како одговор на нив, НАТО го засили своето воено присуство на терен, испраќајќи дополнителни војници во составот на силите на КФОР, кои се таму со мандат на ОН. Столтенберг истакна дека НАТО работи на гарантирање на стабилноста и заштитата на сите заедници во Косово, како и дека целосно го поддржува дијалогот што се води меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ. Тој најави дека членовите на Северноатлантскиот совет следната недела ќе ја посетат Босна и Херцеговина за да ја искажат силната поддршката на НАТО на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата. - Сите политички лидери мора да работат на зачувување на единството, што е од клучно значење за стабилноста на земјата и на регионот, истакна генералниот секретар на НАТО. Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, босанските лидерите мора да се воздржат од подбуцнувачка реторика и да го почитуваат територијалниот интегритет на БиХ во нејзините меѓународно признати граници. Потсетувајќи дека наскоро ќе се навршат две години од почетокот на руската агресија врз Украина, Столтенберг се заблагодари за поддршката на Црна Гора на Киев преку сеопфатниот пакет за помош на НАТО. - Но, сојузниците од НАТО и ЕУ треба да отидат чекот напред и да обезбедат дополнително финансирање за Украина во ова критично време, бидејќи ако (рускиот) претседателот (Владимир) Путин победи во Украина, постои ризик дека повторно ќе ги употреби своите сили, истакна Столтенберг. Од тој аспект, Столтенберг нагласи дека членството на Шведска е од клучна важност за зајакнување на НАТО во целина и ја поздрави турската ратификација на приемот на земјата во Алијансата, изразувајќи надеж дека овој пример ќе го следи и Парламентот на Унгарија и дека ќе ја заврши ратификациската постапка до крајот на февруари. Столтенберг додаде дека Црна Гора е важен член на НТАО, која има свои војници во состав на силите на Алијансата распоредени во Бугарија и Летонија по руската агресија врз Украина, како во Ирак во рамки на мисијата за обука на ирачките безбедносни сили. Спајиќ, од своја страна, нагласи дека денешната негова средба со Столтенберг била можност за продолжување на нивниот разговор започнат на средбата на лидерите на земјите членки на НАТО од регионот на Југоисточна Европа во Скопје и ја повтори посветеноста на Црна Гора на регионалната соработка и зачувувањето на мирот и стабилноста. - Како регион од стратешка важност, се согласивме дека Западниот Балкан треба да остане меѓу приоритетите на НАТО во пресрет на Самитот во Вашингтон, истакна Спајиќ. Тој додаде дека Црна Гора во Буџетот за 2024 година ги зголеми средствата наменети за одбраната на ниво од 2,1 проценти од БДП, надминувајќи ја со тоа целта од два отсто поставена од НАТО, при што 35,24 проценти од оваа сума ќе биде неменета за модернизација на вооружените сили. Сојузниците од НАТО и ЕУ мора да обезбедат дополнителна финансиска поддршка за Украина, повика денеска генералниот секретар на пактот, Јенс Столтенберг. „Доколку рускиот претседател Владимир Путин победи во Украина, постои реална опасност тој повторно да прибегне кон употреба на сила“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во седиштето на Алијансата во Брисел. „Приемот на Шведска во НАТО дополнително ќе ја зајакне Алијансата, ја поздравувам одлуката на турскиот Парламент да го ратификува пристапот на земјата кон пактот. Му благодарам на претседателот Реџеп Ердоган што брзо ја потпиша одлуката“, додаде Столтенберг. Тој го поздрави јасното изразување на поддршка добиено од унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата влада за одобрувањето на шведското членство. „Очекувам Унгарија да го ратификува документот штом Парламентот ќе продолжи со работа во Будимпешта“, додаде генералниот секретар на НАТО. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
БизарноЕзеро крие најневеројатен феномен на светот- на секои две секунди над него удираат громови (ВИДЕО)Замислете место каде што громовите удираат 297 ноќи годишно, што трае до 10 часа на ден.Звучи како сцена од научно-фантастичен филм, но такво место навистина постои. Тоа е езерото Маракаибо во Венецуела, над кое се случува еден од најнеобичните природни феномени во светот - молњата Кататумбо (Relámpago del Catatumbo). „Светилникот на Маракаибо“ Овој спектакуларен феномен е толку чест што се случува пет од секои шест ноќи. Понекогаш, за една минута се регистрирани речиси 30 удари на гром! Езерото Маракаибо бележи 233 молњи на квадратен километар годишно, што го прави апсолутно светско жариште за атмосферски празнења, објавува Severe Weather. Зошто громовите удираат тука толку често? Одговорот лежи во единствената комбинација на географски и климатски услови. Локацијата на езерото го фаворизира честото формирање на бури, а околните планини и топлиот, влажен воздух играат клучна улога во ова. Во текот на ноќта, постуден воздух се спушта од планинските венци кои се дел од Андите и се судира со топол, влажен воздух над езерото. Овој судир на воздушни маси предизвикува развој на бури, особено во областа на устието на реката Кататумбо, каде што се влева во езерото Маракаибо. Поради својата фреквенција, интензитет и регуларност, овој феномен е наречен и „Светилник на Маракаибо“. Молњата е видлива од растојание од неколку десетици километри и со векови е впечатлива знаменитост во оваа област. „Континуирана молња“ Италијанскиот географ Агустин Кодачи еднаш ја опишал оваа сцена како „континуирана молња“, нагласувајќи дека феноменот се случува во таква позиција, речиси во правец на меридијанот на устието на езерото, што служи како „светилник“ за морнарите. Поради својата речиси постојана активност, молњата Кататумбо е позната и како „Вечна бура“. Пред да станат достапни поточни податоци, областа околу селото Кифука во Демократска Република Конго се сметаше за место со највисока фреквенција на удари од гром во светот. Таму годишно се евидентираат 158 молњи на квадратен километар, што е значително помалку од 233-те што се припишуваат на езерото Маракаибо.Тагови: громови езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПакистан испраќа војска во Саудиска Арабија- договорот е потпишан уште во август Пакистан ќе испрати војници во Саудиска Арабија за да помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на земјата во услови на ескалација на нападите од страна на јеменските бунтовници Хути, соопшти денеска пакистанската војска.Во соопштението се вели дека пакистанските војници ќе бидат распоредени во Саудиска Арабија во согласност со постојните договори за одбранбена соработка, објави АП. Пакистанската војска не соопшти колку војници ќе бидат распоредени, какви ќе бидат нивните специфични задачи, колку долго ќе трае мисијата или кога ќе пристигнат во Саудиска Арабија. Одлуката на Исламабад дојде два дена откако саудиските, турските и пакистанските воени и одбранбени претставници се состанаа во Исламабад за да ја потврдат поддршката за Ријад според трилатералниот договор што го смета нападот врз еден член како напад врз сите три. Пакистан ја потврди својата посветеност на заштитата на двете најсвети џамии во исламот, во Мека и Медина, во соопштение, во кое се вели дека распоредувањето ќе помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на Саудиска Арабија во услови на нови безбедносни предизвици. Саудиска Арабија ги обвинува Хутите за ракетни и беспилотни напади на нејзина територија, вклучително и обиди за напад врз Мека и Медина, што Хутите го негираат. Борбите во Јемен се интензивираа во текот на летото меѓу Хутите и силите поддржани од владата поддржана од Ријад. Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор за меѓусебна одбрана во Мека на 7 август, велејќи дека тој е насочен исклучиво кон одбрана и не е насочен против која било друга земја. Пакистан има воено присуство во Саудиска Арабија со децении, каде што неговите војници ги обучуваат и советуваат саудиските сили од почетокот на 1980-тите.Тагови: Пакистан Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноВо куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)Перуанските царински службеници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери.Перуанските цариници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери, соопшти Перуанската Национална служба за шумарство и див свет (Serfor). Вредноста на запленетата пратка се проценува на околу 100.000 долари, а животните, според властите, биле наменети за нелегална продажба во Кина, пренесува AFP. Во два куфери, кои требало да бидат сместени во товарниот простор на авионот, пронајдени се 386 тарантули од различни видови, 166 стоногалки, 112 скорпии и седум гуштери, како и шест мртви мравки. Според соопштението на Serfor, некои од пронајдените видови претходно биле непознати за науката. Животните биле сместени во херметички затворени кеси, кои потоа биле сместени во пластични кутии и завиткани во влажни хартиени крпи за да го преживеат долгото патување од Лима до Кина. Кора Суарез, претставничка на агенцијата, изјави дека ова ново откритие е резултат на заедничка работа на надлежните агенции и претставува удар врз мрежите вклучени во нелегалната трговија со диви животни. Таа предупреди на растечката нелегална побарувачка за безрбетници, кои се продаваат како домашни миленици во европските и азиските земји. Двајца кинески државјани се во притвор од перуанската полиција, а против нив се води кривична постапка пред обвинителството специјализирано за еколошки злосторства. На почетокот на ноември, перуанските власти запреа и двајца германски државјани и еден Полјак на истиот аеродром кои се обидоа да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 тарантули скриени во нивниот багаж.Тагови: тарантули цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook