3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
СветСтолтенберг ја критикуваше Кина затоа што го бојкотира мировниот самит за Украина Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја критикуваше Кина за бојкотот на мировната конференција за Украина во Швајцарија што ќе се одржи месецов.Во интервју за поткаст за германската регионална јавна телевизија НДР, Столтенберг рече дека е жално што Кина одлучила да не учествува. Швајцарија покани околу 160 земји на настанот што ќе се одржи на 15 и 16 јуни за да разговараат за можните начини за постигнување траен мир во Украина. Кина минатата недела соопшти дека нема да учествува. Портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг во Пекинг изјави дека постои значителна разлика помеѓу дизајнот на конференцијата и очекувањата на Кина, како и општите очекувања на меѓународната заедница. Столтенберг рече дека откажувањето на Кина не е изненадување. Тој објасни дека не само што Кина не ја осуди инвазијата, туку претседателот Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа договор непосредно пред неа, ветувајќи еден на друг неограничено партнерство. Столтенберг рече дека од почетокот на инвазијата Кина продава напредна технологија, микроелектроника и друга опрема за да ја зајакне руската воена економија, овозможувајќи и на Русија да ја продолжи војната против Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на животМинистерството за внатрешни работи информира дека утрово во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. -На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банкаИ кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка. Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка. Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери. Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните. Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаМакедонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во ЕвролигатаЦентарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70 против фаворизираниот Фенербахче.Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување. Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка. Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди. Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона. Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81). Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook