МакедонијаСтојкоски: Ѓорче Петров веќе е модерна и урбана општина Во вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува со Вашиот градоначалник’’, гостуваше градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој говореше за надминување на предизвиците со кои се имаат соочено како локална самоуправа. Стојкоски истакна дека кога ја презеле општината со раководење имале долг од 2,5 до 3 милиони евра, кој со добро менаџирање е сведен на нула. Стојкоски се осврна на она што било приоритет во Ѓорче Петров, а тоа е изградба и реконструкција на училишта и градинки. „Силно се посветивме на училиштата и градинките. Ја ставивме во функција новата детска градинка во Волково, проект кој што беше закочен поради одредени недоследности. Ја ставивме во функција градинката, паралелно успеавме да спроведеме постапка и градиме нова детска градинка во Стопански двор, а наскоро отпочнуваме со реализација на проектот за нова детска градинка во Дексион. Така да во периодот од еден мандат вие да завршите една градинка, а да започнете со реализација на две други детски градинки сметам дека е сериозен исчекор, бидејќи вкупниот број на градинки во Ѓорче беше 4 или 5 претходно. И да ги вратите долговите и да направите простор за инвестиции. Се завршија две доградби на основни училишта, Тихомир Милошевски и подрачното училиште во Хром. Тие две училишта сега имаат посовремени услови за одвивање на наставата’’, нагласи Стојкоски. Во однос на тоа што може да очекуваат до крајот на мандатот жителите на Ѓорче Петров, Стојкоски истакна неколку проекти кои се од големо значење за граѓаните. „Во моментов веќе изведуваме 23 улици во урбаниот дел, во скоро време почнуваме со реализација на нов локален пат од Волково до Орман по барање на жителите. 18 проекти за патна инфраструктура во повикот од Владата, 20 километри или околу 90 улици со нивните краци. Нов мега парк во Волково, кој ќе биде финансиран за прв пат во Волково од страна на ЕУ’’, потенцираше градоначалникот. За поддршката од Владата со повикот за финансирање на крупни проекти, Стојкоски истакна дека е доста значаен и голем ветер во грб за општините и дека го поздравува потегот. „На овој начин Владата навистина излегува во пресрет на граѓаните, пред се задоволувајќи ги нивните децениски потреби во еден многу покус временски период. И тоа ни остава на нас простор да ние се фокусираме, ајде да речеме условно, на пофините нешта. Паркови, урбана опрема, нашите ресурси да ги насочиме кон буквално секојдневните потреби, додека пак капиталните проекти од типот на училишта, градински, спортски сали, спортски терени, паркови големи, сето тоа, можеме сега да го финансираме преку Владата’’, заклучи Стојкоски. Стојкоски се осврна и на актуелната ситуација со вонредните инспекциски контроли, каде што напомена дека се работи на терен. „Инспекциските контроли се редовни, во тој дел они постапуваат согласно своите надлежности кои ги имаат. Ова што сега го правиме, се вонредни инспекциски контроли на сите субјекти. Во наредна фаза ќе одиме и со санкции за сите они кои што знаеле што прават, а немале соодветна документација’’, дециден беше Стојкоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски. Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска. Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026. Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли. Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола. Влезници онлајн на следниот линк: https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/ Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобилиРуските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко. Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви. Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. pic.twitter.com/E27CNMP5u1 — Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026 Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.Тагови: Киев мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05