Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров: Контроли на угостителските објекти, основни училишта и градинкиТемелни инспекциски контроли на угостителските објекти, сите основни училишта и градинки на територијата на Општина Ѓорче Петров Општина Ѓорче Петров, во рамки на ингеренциите на локално ниво, почна со темелни инспекциски контроли на угостителските објекти, вклучувајќи ги и сите основни училишта и градинки на територијата на општината. Опоштина Ѓорче Петров денеска соопшти дека инспекторите од Одделението за инспекциски работи веќе се на терен да ја утврдат фактичката состојба на локалите. Сопствениците на објектите, се додава во соопштението, се должни да ги поседуваат и прикажат документите кои се потребни за локалот да работи според законските прописи. При проверките, потребно е локалите да поседуваат елаборати за противпожарна заштита и за животна средина, решенија за урбана опрема, за вршење угостителска дејност надвор од објект и за вршење дејност, како и тековна состојба. Од Општина Ѓорче Петров апелираат документите да бидат навремено подготвени и соодветно прикажани за време на инспекцискиот надзор. Во однос на училиштата, информираат дека сите училишта на територија на Општина Ѓорче Петров поседуваат елаборати, односно План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи, Правилник за заштита од пожари и експлозии и Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, а ПП апаратите се навремено сервисирани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter