На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон
1На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон
3ВМРО-ДПМНЕ: Спортот е приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, инвестирани над 21 милион евра во спротски проекти
КошаркаСтојановски: Големата борбеност беше клуч за победата над ХоландијаКапитенот Војдан Стојановски беше вистински лидер на кошаркарската репрезентација на Македонија во големата победа над Холандија со 78-72 по продолженија на натпреварот од „Трофеј Македонија“.Стојановски, кој средбата ја заврши со 23 поени, потенцираше дека големата борбеност во одбраната и пожртвуваноста за секоја топка особено во вториот дел беше клучот за втората победа на црвено-жолтите на „Трофеј Македонија“. - За разлика од првиот дел, во вториот многу се боревме. Беше тешко да се вратиме од негатива од 15 поени. Добро се држевме во одбраната. Бевме цврсти и фокусирани, добро покривавме и се боревме до крајот. Во нападот не одеше најдобро, но тоа не ме загружува бидејќи во тимот имаме доста напаѓачи, па не се грижам за реализацијата, кога ќе треба, таа ќе проработи. Секако недостасуваше и свежината на Теодор, но Стајиќ и Костовски ја дадоа сета енергија, па мислам дека добро ја извршија задачата, изјави Стојановски. Селекторот Давидков по мечот со Холандија најави дека во денешниот меч против БиХ, кој решава која селекција ќе биде победник на „Трофеј Македонија“, ќе се обиде да ги одмори Стојановски и Александар Костовски, кои на изминатите два дуели едноставно се исцрпија. Денешниот дуел меѓу Македонија и БиХ ќе се игра во терминот од 18 часот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
ЖивотВо град во Јапонија мечка влегува по куќи и ги празни фрижидеритеМечка во еден јапонски град провалува во куќи и ги празни фрижидерите. Најмногу сака слатки.Властите се во потрага по мечка која влегла во домот на постара двојка и им го ограбила фрижидерот. Се сомнева дека истото животно може да биде одговорно за 14 провали во јапонскиот град во текот на изминатите две недели. Во понеделник вечерта, 87-годишниот Мицуо Мацубара се сретнал лице в лице со голема азиска црна мечка откако отишол да истражи бучава што доаѓала од кујната. Фрижидерот бил отворен, а храната била расфрлана по подот. Неговата сопруга ја повикала полицијата. Досега се пријавени провали на пет локации во североисточниот град Шизукуиши, што ги навело властите да веруваат дека истата мечка може да е вклучена. Поставени се стапици во кафези, инсталирани се електрични огради околу често напаѓаните домови и воведени се патроли за да се предупредат жителите за опасноста, објавува „Гардијан“. „Невообичаено е мечка постојано да упаѓа на истото место. Можно е да станува збор за истото животно, поради што сакаме да го фатиме што е можно поскоро“, изјави Шихо Чида, експерт за мечки од Одделот за заштита на природата на префектурата Ивате, каде што се наоѓа градот Шизукуиши. Мечката била фатена како четири пати упаѓа во земјоделски објекти и краде храна за добиток на база на млеко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во ВашингтонНа покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон.На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите“, соопштија од министерството. Во рамки на посетата на Вашингтон, на маргините на состанокот се очекува министерот Муцунски да оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за западна и централна Европа и јужна Европа во бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за навредитеХристијан Мицкоски им должи јавно извинување на граѓаните на Македонија. Не на пратениците во празна сала, туку на граѓаните кои ги навредуваше со месеци. Тој ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и со други погрдни имиња. Ги омаловажуваше сите кои не се согласуваат со него, кои ја критикуваат неговата политика или кои едноставно бараат подобар живот. Таквото однесување не е достојно за премиер на држава. Уште помалку е достојно за човек кој се претставува како универзитетски професор. Ова е срамота и за институцијата која ја претставува и за државата која ја води. Особено што Мицкоски не застана сам во навредите туку беше поддржан. Заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ, во Собранието отворено псуеше пратеници, а Стоилковиќ физички се обиде да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески. Ова не е политичка расправа туку понижување на пратениците кои се претставници на граѓаните, како и на највисоката институција во државата. Мицкоски мисли дека едно изнудено изговорено „извинете“ во празна сала може да ги избрише сите овие навреди? Не може. Граѓаните не се наивни и не може да ги излаже. Ова однесување е резултат на губењето на поддршката и на падот на рејтингот, кој самиот си го предизвика со секојдневните лаги, со немањето никаков резултат и со тоа што ја води државата во изолација и економски колапс. Христијан Мицкоски должи јавно и искрено извинување на граѓаните на Македонија. Сè додека тоа не го направи, ќе остане запаметен како премиер кој наместо да ги обединува граѓаните, ги навредува и ги понижува. Скопје, 15.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55