Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа - Канал 5

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој зборуваше за посветеноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој зборуваше за посветеноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за темелите на промените кои се поставуваат, како и дека граѓаните заслужуваат да имаат лица коишто ќе се грижат за нив, а воедно ги истакна и четирите реформски закони кои ќе го постават темелот на модерната дигитализација, оперативниот план на млади лица, притоа потенцирајќи дека со напорна работа се гради успешна приказна.

„Пред неколку дена имавме отчет пред владата каде што премиерот имаше говор и на ваков транспарентен и отчетен начин ќе продолжиме да разговараме со јавноста. Со чесна и напорна работа успеавме да станеме и тоа е факт една од водечките економии во Европа по раст на БДП во првиот квартал, тоа е факт којшто е неизбришлив. Понатаму исто така кажавме за платите за пензиите кажавме за планот за раст за странските директни инвестиции и сето тоа коешто се нарекува успешна приказна. Од аспект на Собранието ќе кажам неколку работи, бидејќи сега од 2 јули пред нас ќе разговараме за ребаланс на буџетот и тоа ќе биде една приказна со којашто ќе ги најавиме наредните шест месеци и што може граѓаните да очекуваат“, рече Стојаноски.

Стојаноски стави фокус и на тоа колку успешни проекти се реализирани, од кои го потенцираше проектот за ваучери за студентите и истакна дека така се гради достоинствена и горда држава.

„Ќе кажам неколку работи кои граѓаните треба да ги знаат, токму Гордана успеала да обезбеди 307 милиони денари повеќе за набавка на нови 120 автобуси, меѓу кои еден од тие којшто ќе ги добие е градот Прилеп. За еден којшто ми е многу драг проект успеала да обезбеди средства за да секој студент којшто ќе се запише од септември да добие по 250 евра ваучер, а тоа се 55 илјади студенти. Ова се средства кои се од граѓаните за граѓаните, на овој начин сметаме дека треба да ги поставиме темелите за една поубава и по достоинствена Македонија и горда држава во која сите ние ќе сакаме да живееме“, вели Стојаноски, се наведува во партиското соопштение.

Концерт на ансамблот „Алтус НЗ“ на фестивалот „Скопско лето“

 Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер ќе настапи ансамблот за нова музика „Алтус НЗ“ со концерт  во Салонот 19’19. 

Концерт на ансамблот „Алтус НЗ“ на фестивалот „Скопско лето“

Како што информира ансамблот, нивниот концерт е дел од мала турнеја на која се претставиле со дела од композиторите Дарија Андовска, Михајло Трандафиловски, Панде Шахов, Томислав Зографски, Филип Иванов, како и со светската премиера на делото „Свадбениот танц на Влаина планина” од Ангел Спироски и со изведбата на „Dérive 1“ од композиторот Пјер Булез во чест на 100-годишнината од неговото раѓање.

Во ансамблот „Алтус НЗ“ членуваат музичари кои претходно биле дел од ансамблите „Алеа“ и „КонТемпора“: Паскал Галоа - уметнички раководител и диригент; Гонца Богоромова Краповски - сопран; Елена Стојческа - флејта; Игор Иванов - кларинет; Ромен Петио - гитара; Мартин Димитров - виолина; Александар Лаовски - виола; Паскал Краповски - виолончело и Маријана Николовска - пијано.

Како што велат, нивна цел е афирмација на современата музика на домашната и на меѓународната сцена.

-Тоа резултираше со оформување на ансамблот „Алтус НЗ“ како актуелен наследник на работата на претходните ансамбли. Со своето основање во 2021 година, ансамблот постави платформа за меѓународна соработка помеѓу исклучителни уметници - љубители на современата музика, меѓу кои и Французи, а сето тоа со едноставна премиса: да се понуди висок изведувачки квалитет, мобилност и флексибилност на концертниот подиум, како и вмрежување на изведувачи, композитори, универзитети и институции за култура и образование, охрабрувајќи ги да преземат создавање на нов, предизвикувачки репертоар, наведува „Алтус НЗ“.

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател, кандидати се двајца ученици

Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател, кандидати се двајца ученици

Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот и ќе бидат презентирани активностите и резултатите од двегодишниот мандат на досегашниот, Берин Мухамед.

-Ќе се избира претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и интернационално ниво, наведува Сојузот на средношколци.

Има двајца кандидати за претседателската функција: Виктор Јакимов - ученик од средното приватно училиште „НОВА“ во Скопје, кој оваа година завршил втора година средно, и Иво Маркиќ – ученик од средното приватно училиште „Јахја Кемал“ - Скопје, кој во јуни завршил прва година средно образование.

Вардар, Работнички и Силекс стартуваат во квалификациите во Конференциската лига

 Вицешампионот Силекс, третопласираниот минатата сезона во домашното првенство Работнички и освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, денеска ги стартуваат квалификациите за пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Вардар, Работнички и Силекс стартуваат во квалификациите во Конференциската лига

Силекс од 20 часот му гостува на црногорскиот претставник Дечиќ во Тузи, додека во истиот термин Работнички ќе му гостува на белоруски Торпедо – Белаз на неутрален терен во унгарскиот град Сомбатели во својот прв натпревар на европската сцена по пауза од седум години.

По седумгодишна пауза во европските купови се враќа и најтрофејниот македонски клуб Вардар, кој вечерва од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Ла Фиорита од Сан Марино.

Реванш натпреварите се закажани за идниот четврток.

Македонскиот првак Шкендија во вторникот одигра без голови против велшки ТНС на гостински терен во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони, пред реваншот идниот вторник на Aрената во Скопје.

притисни ентер