МакедонијаСтојаноски: Опозицијата со лажни искази за реформската агенда, Владата тековно ги реализира европските стандардиНа денешната седница за пратенички прашања во Собрание, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој постави три прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.Првото прашање е врз основа на прес-конференцијата којашто се одржа од страна на лидерот на опозициската СДС. Пратеникот Стојаноски истакна дека претседателот на опозицијата интерпретирал една изјава, додека демант стигнал токму од самиот евроизвестител, Вајц којшто ја објаснил ситуацијата, и оттука праша ваквите лаги од страна на опозициската СДС како ќе се рефлектираат на имиџот на Македонија во меѓународни рамки. „Прашањето ми е почитуван претседател на Влада, претседателот на опозицијата, односно на СДС, интерпретираше една изјава, евроизвестителот Вајц даде друга изјава комплетно дијаметрално спротивно од таа, ме интересира вашето лично мислење, како вие ги коментирате овие изјави, што вие лично мислите за ова што се случи во нашата држава. Лидерот на опозицијата, излезе држи прес-конференција, директно излажа, за неколку часа да биде демантиран, и како тоа ќе се рефлектира на имиџот на Македонија во меѓународни рамки“, рече Стојаноски. Второто прашање се однесуваше на обвинувањата од страна на опозицијата дека нема напредок во исполнување на реформската агенда и постави прашање кои чекори се преземени од страна на Владата во насока на реализирање на проектите и приоритетите од Реформската агенда. „Од опозицијата ве обвинуваат дека нема никаков напредок во исполнување на реформската агенда. Како го коментирате вие лично тоа, и кои чекори се преземени до сега од страна на Владата, бидејќи гледаме дека редовно имате состаноци со министрите, со оние кои имаат преземено обврски, во насока на реализирање на проектите и приоритетите од Реформската агенда“, кажа Стојаноски. Третото прашање е во насока на економските мерки кои ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кои се ефектите од истите. „Од аспект на економската ситуација, бидејќи ова што тие го прават е нивна работа, тоа е нешто апстрактно, тоа што е важно е што ќе остане за граѓаните. Знаеме, светот во каква ситуација е од аспект на геополитиката, знаеме какви економски предизвици има. Се одржа и презентација на годишниот извештај на Светска банка, и може да се види како стои Македонија од аспект на економските состојби, дали се работи за јавен долг, раст на БДП, реализација на инфраструктура од аспект на регионален контекст. Прашањето ми е во насока на економските мерки кои ги презема оваа Влада. Сметам дека е добро да се дообјасни. Дали може да ни дообјасните детално кои мерки оваа Влада ги презема и кои се ефектите од истите. Тоа ми е трето прашање, затоа што сметам дека животниот стандард треба да биде во фокусот на сите кои се занимаваат со политика и знам дека е еден од најважните клучни приоритети на нас“, дециден е пратеникот Стојаноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКатастрофа во кинеска градинка: Сопственичката труела повеќе од 200 децаСопственичка на градинка во кинеската покраина Гансу е осудена на доживотен затвор за труење на повеќе од 200 деца и персонал со храна контаминирана со олово, додека пет други членови на персоналот исто така добија затворски казни.Ли Хуифанг, која ја водеше градинката Хекси Пеиксин во градот Тјаншуи, беше прогласена за виновна за производство и продажба на токсична и штетна храна. Судот во Ланжоу, исто така, нареди конфискација на нејзиниот имот, проценет на 500.000 јуани (приближно 66.500 евра), објави државната телевизија „CCTV“. Извршната директорка на градинката, Џи Џинглин, беше осудена на 15 години затвор и парична казна од 300.000 јуани (приближно 40.000 евра), додека четворица членови на персоналот во кујната добија затворски казни од шест до осум години. Зошто користеле боја која не се јаде? Според наодите на судот, персоналот во кујната користел во храната боја која не е наменета за јадење за да го подобри изгледот на оброците и да привлече повеќе деца во градинката - иако производот јасно наведувал дека не е наменет за човечка конзумација. Случајот е откриен во јули 2025 година, кога кај 247 деца и персонал е откриено дека имаат ненормално високи нивоа на олово во крвта. Истрагата е започната откако 235 деца побарале медицинска помош поради труење со олово откако јаделе парени црвени колачи од урми и лепчиња од колбаси и пченка. Колку олово е пронајдено во храната? Тестовите покажаа дека колачите содржат 1.052 милиграми олово на килограм, а лепчињата 1.340 милиграми на килограм - далеку над националната граница за безбедност на храната во Кина од 0,5 милиграми на килограм. Како резултат на тоа, концентрацијата на олово во примероците од храна била повеќе од 2.000 пати поголема од законската граница. Судот утврдил дека сопственикот и директорот на градинката им наредиле на персоналот да додаваат токсични и штетни супстанции во храната што им се служи на децата и вработените. Подоцна спроведена истрага откри дека десетици локални службеници и вработени во болницата се обиделе да го прикријат инцидентот - вклучително и со манипулирање со резултатите од крвните тестови и примање мито од еден од инвеститорите на градинката, пренесува Танјуг. Светската здравствена организација предупредува дека труењето со олово е особено опасно за малите деца, бидејќи може да доведе до сериозно оштетување на мозокот и централниот нервен систем. По инцидентот, Кина издаде национални упатства во врска со исхраната во образовните институции. Новите мерки вклучуваат задолжително тестирање на секоја нова пратка храна, како и набавка на брашно, ориз и масло за готвење исклучиво преку централизирани центри за набавки. Извор: Б92Тагови: градинка Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МакедонијаБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓаниДенеска жителите на Општина Брвеница гласаат на предвремени локални избори за да изберат нов градоначалник.Гласачките места се отворени од 7 часот наутро а ќе бидат затворени во 19 часот. Право на глас имаат 16.256 граѓани, од нив 449 се на привремена работа во странство. По затворањето на избирачките места, ќе започне броењето на гласовите, а конечните резултати ќе ги објави ДИК.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМасовен напад врз Русија: Има загинати (ВИДЕО)Наредена е евакуација.Војна во Украина – Ден 1.697. Масивните напади со беспилотни летала продолжуваат, а утрово беа извршени напади со беспилотни летала врз Санкт Петербург и Ленинградската област. Поради нападите наредена е итна евакуација. Едно лице загина во напад со беспилотно летало врз Санкт Петербург, изјави гувернерот на градот, Александар Беглов. „Како резултат на масовниот напад со беспилотни воени летала од страна на украинските нацисти, едно лице е убиено, петмина се повредени и се во болници“, напиша Беглов на платформата Max, пренесува РИА Новости. Според него, оштетени се 12 станбени згради и две приватни куќи. Се наведува дека пожарникарите продолжуваат да гасат пожари на нафтениот терминал во Санкт Петербург, нафтено депо Ручи и индустриските магацини во областа Колпино.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook