Во вечерашното издание на „Само Вистина“ гостуваа генерал Стојанче Ангелов од ,, Достоинство,, и политичкиот аналитичар Александар Пандов. Пандов истакна дека очекува многу наскоро да се реши ова прашање и дека главните играчи на меѓународната сцена нема да остават да биде нерешено, односно да не биде сменето името односно нашиот идентитет.
Како ,,Достоинство,, рече генерал Ангелов ние сме изјавувале дека треба да се прекинат преговорите но, Македонските граѓани се тие кои избраа преговори бидејќи гласаа за Заев кој и во предизборните настапи јасно изјавуваше дека ќе бара решение за името. Ангелов смета дека на крајот граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум и дека тој ќе го почитува ставот на граѓаните.
Пандов рече дека полека но сигурно на сцена сега ќе стапела пропагандата и ќе ,, работела,, врз јавното мнение со цел да се прифати промената. Инаку и Пандов рече дека е за интеграција на земјава во НАТО и ЕУ но не по секоја цена и по цена на сменет идентитет и име, бидејќи никој не сакал од соседите да постои Република Македонија односно Македонците. Пандов смета дека владата била уценета и немала веќе концесија за отстапки пред меѓународниот фактор. И двајцата се согласија дека и Грција е под притисок на странците.
Повеќе детали од разговорот погледнете во најновото издание на „СамоВистина“