Стоилковски: Заев не само што треба да понесе политичка, туку и кривична одговорност

Македонија поради изгубениот Заев се претвори во загубена држава.

Практичната шега која му ја направија, која што му ја приредија на површина извади сериозни работи на површина. По којзнае кој пат се уверуваме дека аболицираниот криминалец Зоран Заев не се менува и старите манири од градоначалничкиот кабинет од Струмица сега владеат во кабинетот на Владата на Република Македонија.

Во разговорот со лажниот Порошенко, Заев открива дека е подготвен да му плати на вселенскиот патријарх 100 илјади евра во кеш.

Комичарот преставувајќи се како Порошенко во еден момент вели дека за признавање на автономност на православната национална црква тој дал поткуп.

„Му дадов донација лично на Патријархот Вартоломеј, му дадов 100 илјади евра, тоа е еден од условите".- се шегува комичарот во разговорот со Зоран Заев кој што мисли дека разговара со Порошенко.

А, Заев одгoвара, сериозно одговара:

„Да, тоа е многу добро. Нема проблем". Па вели – „Тоа е многу нормално", внимавајте Заев за давање на поткуп до Патријархот вели „Тоа е нормално". Па продолжува – „ОК, ќе биде тоа донација во кеш, нормално ќе го направиме тоа". Донација во кеш е нормално.

Ова е целокупната беда на Заев преточена во само неколку минути. Ова го покажува менталниот склоп на аболицираниот Зоран Заев. Тука колку и да сака Заев да се правда со цигли и други градежни материјали, тој зборува и станува збор во разговорот за донација во кеш, во готово. Никој до сега не слушнал дека цигли, цемент и арматура се викаат кеш. Дотолку повеќе што Заев говори дека е нормално да се дава кеш, а натаму уште е среќен што му е даден попуст, пазете попуст па ќе даде само 100 илјади евра.

Да ја ставиме шегата настрана, да ставиме настрана што открива телефони на американски функционери како да е златна книга, да оставиме настрана што не почитувал никакви безбедносни протоколи, да оставиме настрана што го обработувале речиси цела година, па и самиот им се јавувал, овде се работи за многу посериозен скандал. Ова е класичен обид за корупција за кој што Заев не само што треба да понесе политичка, туку и кривична одговорност.

Срамот кој и го приреди на Македонија станува планетарен. Не е ни чудо што сме најкорумпирана земја во Европа, кога за премиер го имаме Зоран Заев. Оставка од Заев требаше да биде поднесена уште вчера, бидејќи секој поминат ден со Заев на власт се руши се повеќе угледот и позициите на Република Македонија.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

притисни ентер