Стоилковски: Ветуваа алпски воздух, добивме смртоносно загаден воздух, владата да прогласи вонредна состојба

Невозможно е да се живее во Лисиче, во Општина Аеродром, во Скопје. Ова не е магла, ова не е само загаден воздух, ова е гасна комора!, рече на прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Мерните станици не работат, работи само една, погледнете ги вредностите!

Во моментов вредноста на ПМ честичките изнесува 212, 112 над 100-ката која што се мери на ПМ10 честички, на единствената мерна станица која што работи од 6-те во Општина Аеродром.

Ветуваа алпски чист воздух, добивме смртоносно загаден воздух. Црвениот аларм треба да се вклучи. Ова е геноцид врз населението во Скопје. Навечер вредностите на загаденост во Аеродром достигнуваат до 1.000 мерни единици. Шилегов, Заев ова е реалноста, не е измислица!

Зад мене се кулите „Џевахир“ 4-те кои што се гледаат од секаде во Скопје, и би требало да се гледаат од секаде во Скопје, но гледаме дека од оддалеченост од 50-тина метри ние не ги гледаме.

Аеродром е местото каде што Заев, Шилегов и Златко Марин викаа „Аеродром Ајро - Ајро, воздух нема“ а веќе три години се на власт и чекаме било какво подобрување на условите за дишење, но попусто! Не е ништо поразлично ниту во соседните општини Гази Баба, Кисела Вода или пак Центар, никаде во Скопје нема услови за живеење.

Бараме, Владата во координација со Град Скопје да прогласат вонредна состојба, да се преземат вонредни мерки во училиштата, институциите и градилиштата.

Се поинаку од итна интервенција е намерна негрижа, намерно изложување на опасност на жителите на Скопје и намерно загрозување на здравјето и на иднината на Република Македонија.

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

Традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ се одржа во Тетово

Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце вчера ја одржи традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ.

Годинава, сите учесници учествуваа на дефилето низ Теарце, а потоа концертот се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

Покрај домаќините, со своите настапи учествуваа гости-играорци КУД „Чигра“ од Инџија и КУД „Симонида“ од Ранилуг, двете од Србија, потоа македонските КУД „Брвеница“ од Брвеница, Група Сербез при фолклорен ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола.

-Овие млади играорци покажаа и докажаа дека се вистински амбасадори на македонскиот фолклор и култура. Благодарноста до нашите гости кои го збогатија вечерашниот коцнерт, истакна на концертот Гоце Симјановски, претседател на КУД „Кирил Пејчиновиќ“.

Домаќините од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ наспатапија со повеќе возрасни групи кои ги изведоа кореографиите „Драчевка“, Елено моме“,и „Малешевка“ и други ора и песни. /МИА

притисни ентер