Стоилковски: Колкукратно е зголемен обртот на пари на Заев?

Во време додека Зоран Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират.

Фирмите на Заев го купија струмичкиот гигант Герас Цунев по цена на една гарсоњера, за 40.000 евра добиваат проекти за градби на станбени комплекси вредни 10-тици пати повеќе, Заеви добија лиценци за одгледување на марихуана. И тоа не е се. Сега се турка закон со кој што најголема заработка ќе има нарко- бизнисот, плантажите на Заеви за марихуана. Предлогот е пратен во Собрание и наскоро се очекува да се дискутира по него. Вакви примери има многу. Бизнис во Струмица велат не е можен, а можеби и во цела Македонија, ако фирмите на Заеви во тоа немаат интерес.

Почитувани компаниите на Заеви, триесетина на број, прават годишен обрт од 56 милиони евра. И тоа во време кога Заев е премиер! Заев е должен да објасни колкава е разликата во обртот на бизнисите, обртот на пари сега и пред да стане премиер? Колкукратно е зголемен обртот на пари? Заев мора да објасни колку од семејните фирми, но и фирмите кои соработуваат со нив, добивале државна помош и колку изнесува таа помош? Колку тендери добиле и на колку тендери учествувале фирмите соработнички на заевите компании?

Зоран Заев со триесетина семејни компании е пример за можна корупција, за политичко влијание, за моќ во бизнис релациите. 60-тината милиони евра обрт се 60-тина милиони причини за корупција и за насочување на државните економски текови. Се додека на јавна функција се политичари кои се сопственици, или влијателни акционери на компании, има можност за корупција.

Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, поврзани и со политичкото делување на Зоран Заев, почнувајќи од струмички Глобал, до транспорт, градби, ископи, позајмици, до полињата со марихуана, сите поврани со фирмите на Заеви.

Сите политичари кои вршат јавни функции, мора суштински да се оттргнат од компаниите каде се или биле дел, во спротивно отвораат оправдана перцепција за корупција и насочување на државната економија кон лични цели. Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компанија на политичари кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, отвора реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.

Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Кои марки на автомобили се продаваат најбрзо?

Аналитичката компанија „iSeeCars“ неодамна ги објави резултатите од истражувањето за тоа кои брендови продаваат најбрзо и најбавно нови автомобили, а разликите одат дотаму што некои се двојно подобри од другите во овој сегмент.

Тојота беше најбрзо продаваниот нов автомобилски бренд помеѓу октомври 2023 и март 2024 година, продавајќи нови автомобили во просек за 39,6 дена. На второ место е Alfa Romeo, со просечни 41,8 дена на пазарот.

На другиот крај на листата се Линколн (82,6 дена), INFINITI (79,8 дена), Buick (79 дена) и Audi (75,1 дена).

Топ 10 најбрзо продавани брендови:

Тојота: 39,6 дена на пазарот

Алфа Ромео: 41,8

Кадилак: 43,4

Хонда: 44,2

Јагуар: 44,4

Kia: 47

Хјундаи: 47,1

Субару: 49

BMW: 49,1

Mazda: 53.1

Марките кои најбрзо продаваат нови возила се и брендови кои имаат лојални клиенти.

Извршниот аналитичар на iSeeCars, Карл Брауер, на оваа тема истакнал: „Марките кои брзо продаваат возила, како што се Тојота и Хонда, се оние каде што клиентите бараат да добијат најмногу за својот долар“.

Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:

-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мелони е лидер на листата на нејзината крајно десничарска партија на изборите за ЕП

Премиерката на Италија Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе биде носител на листата на нејзината екстремно десничарска партија на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Одлучив да се кандидирам на чело на листата „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia)“, рече таа на конгресот на нејзината партија.

Партијата на Мелони освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија во 2022 година.

Според анкетите, партијата би можела да освои околу 26 отсто од гласовите на изборите за ЕП, што ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Сакаме да го направиме во Европа токму она што го направивме во Италија на 25 септември 2022 година, кога се одржаа изборите. А, тоа е да создадеме мнозинство што ги обединува силите на десницата и чевицата да биде вбо опозиција дури и во Европа“, изјави Мелони.

притисни ентер