Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:

-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Насилни протести во Нова Каледонија: Повредени 50 полицајци,запалени продавници и возила(ВИДЕО)

Најмалку 54 полицајци се повредени, а околу 50 продавници и 200 автомобили се запалени денеска во протестите против измените на изборните закони во Нова Каледонија, француска прекуморска територија источно од Австралија.

Најмалку 54 полицајци се повредени, а околу 50 продавници и 200 автомобили се запалени денеска во протестите против измените на изборните закони во Нова Каледонија, француска прекуморска територија источно од Австралија, објави францускиот висок комесар Луј Ле Фран.

„Се надевам дека со помош на засилувањата што ги побарав, ќе успееме да ги оддалечиме криминалците“, изјави Ле Франк за BFMTV.

Претходно денеска безбедносните сили на Нова Каледонија објавија дека го затвориле меѓународниот аеродром и вовеле полициски час поради протестите во главниот град Нумеа. Протестите траат со недели и станаа насилни во понеделникот поради гласањето во францускиот парламент за измените на уставот на Нова Каледонија, пренесува Би-Би-Си.

Протестите ги организираше сепаратистичкото движење „Комитетот за координација на теренските акции“ поради планот на Франција да го прошири правото на глас во Нова Каледонија на француските граѓани кои живеат на островот повеќе од 10 години, на што е спротивно на Договорот од Нумеа од 1998 година, според кој никој кој се преселил на островот по таа година нема право на глас, пренесува Гардијан.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен, чија јурисдикција го опфаќа и островот во Пацификот, на платформата X напиша дека предложените промени се „морална должност за оние кои веруваат во демократијата“, но и дека тие не треба да застанат на патот во обидот да постигнување поширок политички договор.

Француската влада смета дека е „апсурдно“ да се исклучи една петтина од луѓето од гласање, но сепаратистите во Нова Каледонија веруваат дека проширувањето на избирачкиот список ќе биде од корист за профранцуските политичари. Францускиот претседател Емануел Макрон ја посети Нова Каледонија минатата година, кога рече дека сака променетиот устав на островот да стапи на сила до почетокот на 2024 година.

Гардијан наведува дека намерата на Макрон е да ја зајакне важноста на Франција во регионот на Пацификот, каде Кина и САД се борат за влијание. И Франција во договорот од 1998 година вети дека постепено ќе ѝ дава сè поголема политичка моќ на Нова Каледонија, поради што оттогаш се одржаа три референдуми за независност, кои граѓаните ги отфрлија.

Канаците, припадници на домородното население, не ги признаваат резултатите од тие референдуми, а Макрон побара да се постигне договор со нив за идниот статус на Нова Каледонија.

Во таа островска земја живеат околу 270.000 луѓе, од кои 41 отсто се од Мале, а околу 24 отсто се од Европа, главно со француско потекло.

Шведската полиција објави како ќе го казни Холанѓанецот, кој беше исфрлен од Евровизија

Шведската полиција се изјасни за случајот со Јост Клајн кој беше дисквалификуван од Евровизија.

Портпаролот на полицијата Џими Модин изјави за Гардијан дека нивната истрага е завршена и дека во следните неколку недели ќе биде донесена одлука дали Јост ќе биде обвинет, без дополнително да се разјаснат кои се вистинските закани.

- Очекуваме дека најверојатно ќе има казна - потврди Емил Андерсон, полицаецот задолжен за целиот случај, во изјава за Шведската телевизија.

Тој, исто така, рече дека ќе има забрзано гонење, процес кој трае од шест до осум недели, ќе биде многу веројатен бидејќи расправијата не вклучува сериозно кривично дело.

Според шведскиот весник „Сидсвенска“, кривичното дело упатување закани во нивната земја обично води до парични казни.

Инаку, откако Клајн беше исфрлен поради закани кон снимателка, од холандската делегација изјавија дека се шокирани од таа одлука бидејќи нивниот претставник не ја допрел.

- И покрај јасно склучениот договор, Јост е снимен во моментот кога се симнал од бината и отишол во зелената соба. Јост во тој момент неколку пати јасно стави до знаење дека не сака да го снимаат, но тоа не се почитуваше - велат тие и додаваат дека на ЕБУ ѝ понудиле неколку решенија, но Клајн и покрај сѐ бил избркан.

Јост го призна нападот на камерманката и ѝ се извини на јавноста, но не се знае дали ѝ се извинил и неа лично..

Полскиот претседател: Ако Русија ја победи Украина, може да нападне и други земји (ВИДЕО)

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска најави дека Русија би можела да нападне други земји доколку нејзините сили победат во војната против Украина.

Тој додаде дека предвидува нов воен притисок од Кремљ во наредните недели.

Во интервју за Блумберг на маргините на Катарскиот економски форум, Дуда не рече дека нападот врз соседите на Украина е неизбежен, но предупреди дека сојузниците во НАТО се ранливи.

„Ако успеат да победат во Украина, ако успеат да ги остварат своите цели, ќе нападнат други земји. Тоа може да бидат балтичките земји, може да биде Финска, може да биде Полска“, рече Дуда.

Тој додаде дека се надева оти помошта ќе пристигне во Украина пред да започне новата руска офанзива, која очекува да започне во пролетните месеци.

Полскиот претседател најави и дека неговата влада нема да може да ја испорача противракетната батерија „Патриот“ во Киев, пишува „Блумберг“.

Полска е „во потенцијално опасна зона“ и треба да ги надополни своите ресурси, рече тој, мислејќи на тенковите, авионите од советската ера и воената помош за Украина во вредност од 4 милијарди долари.

„Сега треба да се грижиме за себе“, нагласи Дуда.

Полскиот лидер, кој меѓу првите го најави своето присуство на Самитот за постигнување мир во Украина, што ќе се одржи следниот месец во Швајцарија и на кој ќе се разговара за мировниот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека е неопходно за Украина да ја врати контролата врз целата окупирана територија.

Шефовите на држави и влади на повеќе од 160 земји, вклучително и Групата седум, Групата 20, Европската унија и земјите од БРИКС, се поканети на собир во близина на Луцерн на 15-16 јуни, а Русија, која не е меѓу нив, рече дека самитот е бесмислен без учество на Москва.

притисни ентер