Стоилковски: Испливуваат докази и сведочења за местење и директни наредби во судството

​Се повеќе докази испливуваат од мрачното подземје каде функционира оваа власт, оваа државна мафија! 

По Леонардо, Порошенко, Рекет, испливуваат и докази и сведочења за местење и директни наредби во судството! Испливува спрегата на Државната мафија со Рускоска/Јанева обвинителствата и Кацарска судството!

Без срам, Зоран Заев признава дека му се јавувал на Блерим Беџети, одговорен за правните работи во ДУИ, на истиот Беџети кој што директно го обвини дека Заев вршел притисок врз него да влијае на одлуките на Судскиот совет за смена на претседател на Суд и тоа да биде завршено до септември, според зборовите на Беџети!

Без срам, Заев признава дека му се јавил на Беџети за Јово Вангеловски. Според датата која што ја наведе Беџети, тогаш беше суспендиран Владимир Панчевски, а беше одложена расправата за разрешување на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Па, Заев, ако признаваш дека си зборувал со Беџети за Вангеловски, ајде признај и за што си зборувал со Васко Ковачевски за тендерите со ископот во РЕК Битола? За што разговараше со Китанов за експресниот пат Штип – Радовиш? За што разговараше со Филипче за тендерот за стерилизација во Италија? За што разговараше со Ден Дончев и Киче за оние 11 милиони евра од „Диамед"?

Заев, директно да одговориш, дали си нарачал Јово Вангеловски да биде разрешен до септември?

Ова е јасен доказ за нарачани судски одлуки, местење на судски процеси, местење и нарачки на членови и распоредување на судии, ова е јасен доказ за целосна зависност, потчинетост, окупација на правниот систем во Република Македонија!

Ова е доказ за киднапираното судство, за судство кое работи по нарачка, за судство кое заедно со киднапираното Русковска – Јанева обвинителства се спроведуваат политички монтирани процеси против неистомисленици. Ова е доказ дека и вчера Заев повторно упати јасни сериозни закани кон новинари. Ова е доказ за политички режим и диктатура!

Заев го згази правниот систем, Заев го уништи телото за реформи според барањата на Прибе и ја киднапираше судската независност. Заев, аболицираниот криминалец, е човекот кој сам себе се ослободи за „Поткуп", едно Евро за Вицето, едно за црквата. Тој е човекот кој што го згази достоинството на парламентот, секојдневно го рекетира бизнисот, сега го киднапира буџетот додека граѓаните тонат во сиромаштија, а државата ја прикова на дното.

Тој е човек кој што сам обвинува, сам суди и пресудува, и сам егзекутира!

Зоран Заев ниту е чесен, ниту е достоинствен за функцијата. Зоран Заев е срам за државата и тој срам се повеќе меѓународно се шири. Зоране Заев, ништо помалку од оставка повеќе не е валидно од тебе. Оставка веднаш и Собранието на Република Македонија да распише предвремени избори!

Прашање: Како ја оценувате вчерашната одлука на за формирање на посебно тело за борба со криминалот и корупцијата?

Одговор: Срамно не влада после три години во време кога се стега обрачот околу премиерот и неговите најблиски соработници во еден најкоруптивен случај наречен рекет да формира сега тело, внимавајте влада со сите институции со сите органи за испитување за репресии и сите институции за заштита на правото и правниот систем по три години власт формира тело за борба против корупцијата и криминалот. Прашањето е али досега не функционирале и како истите оние луѓе кои што се споменуваат можеби под псевдонимите Кики, Фрики, Коки, Зоки, Шеки, сега ќе координираат тело за борба против криминалот и корупцијата. Ова е уште една маска и уште еден прав во очите на јавноста само и само за да се заташка истрагата за случајот рекет./МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер