Стоилковски: Хибридниот режим на Заев штити нелегално производство на марихуана само затоа што му слугуваат

 За Мери Проја Продановска и нејзиното семејство не важат законите, затоа е што функционер на СДСМ.

За Мери Проја Продановска и нејзиното семејство не важат законите, затоа е што е активен член на СДСМ, дури и кандидат на изборни листи.

Мери Проја Продановска и нејзиното семејство се под заштита на Зоран Заев и на неговото правосудство.

Мери Проја Продановска и нејзиното семејство се под заштита на Вилма Русковска и за нив не важат законите.

Само затоа што Мери Проја Продановска е функционер на СДСМ, тие се недопирливи дури и кога се фатени во производство на дрога.

Само затоа што Мери Проја Продановска е извршител на нарачките на Зоран Заев, законите за нив не важат.

Скандалот поврзан со Проја, за кој што пишуваа медиумите е огромен.

Според медиумите, МВР во 2017-тата година во дворот на викенд куќа сопственост на родителите на Мери Проја Продановска, во Маркова Сушица, пронашла 15 стебла марихуана, по што до ОЈО е поднесена кривична пријава, за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, кривично дело за кое што казната затвор е од 3 до 10 години.

ЈО на Заев ја отфрлило пријавата, која била уредно документирана во МВР.

Како во оваа држава кога ќе ве фатат во производство на марихуана не одговарате!? А, луѓе кои немаат конекции со власта на Зоран Заев завршуваат во затвор за најбанални работи!?

Во хибридниот режим на Зоран Заев, со правосудство во пупка, не одговарате за производство на марихуана, ако ве штитат Заев и неговите обвинители.

Ова ли е причината поради која Заев ја држи уценета Проја, да извршува секакви нарачки!?

Проја е должник на Заев и се нафаќа да биде извршител на нарачките на параполицијата под контрола на СДСМ. СДСМ вмешува и злоупотребува институции во партиската битка. Одговорност за ова однесување ќе има, мора има. Ова е уште еден доказ за хибридниот режим и злоупотреба на државата, ова е уште еден доказ за шурување со криминалот, за неморалното однесување.

ВМРО-ДПМНЕ не прави компромиси со криминалот и по тоа е различно од СДСМ со кој што Македонија тоне во криминал, корупција, сиромаштија и срам.

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер