Стоилковски: Државната новинска агенција не смее да објави оригинална изјава на Заев

Спогодбата со Грција значи бришење на македонскиот идентитет и бришење на името Република Македонија.

Спогодбата со Грција значи забрана да се употребува името Македонија. Спогодбата со Грција значи цезура секогаш кога ќе се спомене Македонија!

Уште не стапила на сила, а веќе ги гледаме ефектите. Првиот скандал е пред нас. Зоран Заев кој е Премиер на Република Македонија по забелешки од нашиот јужен сосед мора да ги цензурира сопствените изјави. Државната новинска агенција не смее да објави негова оригинална изјава, па одеднаш менува нешто што Заев не кажал, само за да не го пренесе тоа што го кажал и тоа без да објасни зошто го прави. Објавува измислен став и ги доведува во заблуда корисниците на сервисот без да наведе дека станува збор за корегирана верзија, по урнек на начинот на кој што работи Заев, а тоа е „ако помине, помине. ако ги излажеме, ги излажеме“.

Почитувани, државната агенција МИА, (која што и сама треба да го смени името) итно ЦЕНЗУРИРАЛА, ИЗБРИШАЛА, ПРЕИНАЧИЛА, СМЕНИЛА, изјава на Зоран Заев, на само едно реагирање на Атина.

МИА е првата медиумска жртва на бришењето на идентитетот! Го преиначува, го брише премиерот по диктат на Грција. Одговорност е на МИА како државен сервис и како агенција која мора да се води по професионалните новинарски кодекси да не потпаѓа под влијание и цензура и оваа капитулација и обид за обезличување и да ги сочува и архивира за идните генерации!

Имено, Грчкиот весник Катимерини, пишува дека МИА цитирам „во петокот ги смени изјавите дадени од премиерот Зоран Заев по интервенцијата од Атина. Па потоа продолжува „Во интервју за МИА во Вашингтон, Заев, наводно, рече: „Северен дел од Грција е Грција, западниот дел на Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има уште еден во светот“, објави МИА првично. Сепак, МИА подоцна целосно го промени цитатот. Ревидираниот цитат гласеше: „Сите знаеме дека денес дел од геополитичкиот регион на Македонија е во Грција, дел е во Бугарија, а северниот дел е во нашата земја. Никој никогаш нема да се обиде да ја негира нашата Македонија. Придавката "Север" прави разлика и потврдуваме дека постојат региони во Бугарија и Грција кои се нарекуваат Македонија ", продолжува Катимерини.

Ова е срам и за МИА и за премиерот на Република Македонија. Ова не е зачуван образ и идентитет. После извинувањето за Илинден, ова сега е уште една капитулација и доказ дека ќе имаме проблеми дури и кога ќе се шепоти името Македонија.

Има ли подобар доказ дека со договорот со Грција предадена е сувереноста на државата. Грција го менува нашиот уставот и изготвува амандмани, а сега ги менува и текстовите на националната новинска агенција.

За ваквиот новинарски срам мора да има одговорност од врвот на МИА.

Ваквиот срам не смее да се повтори. Затоа СДСМ мора веднаш да ги објави амандманите за смена на Преамбулата, за бришење на АСНОМ, Крушевската република, вековната борба на Македонците за држава Македонија. Кои се и какви се точно Уставните измени на барање и диктат на Грција? Што дополнително „НЕПРИЈАТНО“ ќе биде за Македонците?

СДСМ и Зоран Заев покажете барем малку почит кон оние кои слепи ви веруваат. Амандманите ги знаете, измените ги знаете, Зоран Заев сам ги наброја.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер