Стоилковски: Дали дигитализацијата на Царовска ќе чини 120 милиони евра ?

​Нема одговор од режимот на мафијата за тоа колку ќе чини таканаречената дигитализација на образованието што го турка на сила.

Режимот на мафијата докажа дека ниеден зафат не е способна да спроведе ако зад тоа нема проценти и провизии, ако зад тоа нема лукративни пориви.

Режимот сега тргна не само во одземање на минатото и на сегашноста, туку и на иднината. Во услови на епидемија, околу 25,000 деца не следат настава, иако основното и средното образование се законски задолжителни. Сега Мила Царовска со поддршка на мафијата на режимот тргнаа и да ги одземат учебниците на овие деца, коишто се всушност од најранливата категорија граѓани, им ја одземаат можноста за еднаков развој и напредување, можноста да ја променат својата состојба.

Оттука, Мила Царовска е должна да одговори: Дали зад овој таканаречен проект на дигитализација не се работи за проект вреден 120 милиони евра, буџетски пари?

И дали овие 120 милиони евра треба да ги добие фирма од Хрватска?

Царовска мора да каже дали за ваков, според сите, неразумен зафат, ќе биде потребен ангажман на бројни невладини организации, надворешни советници и соработници, избрани без познати критериуми?

Почитувани, овој „дрвено железо" проект, мултимедијални содржини-аудио и видео содржини коишто би требало да можат да бидат испечатени од родителите или од училиштата, зад себе крие многу прашања, а режимот нема доблест да ги одговори.

Креирање на образование кое што креира нееднаквост меѓу децата, притоа со европско знаменце е злоупотреба на моќ и злоупотреба на вредностите. Укинување на учебници нема во ниту една земја во светот. Електронски учебници можат да бидат само помагала, но не и врз нив да се одвива сиот наставниот процес.

Ова не е реформа, ова е експеримент на мафијата на власт со иднината на децата, којшто чини 120 милиони евра, а зад којшто стојат однапред договорени фирми и сметки.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Мајка од Њујорк го држела своето 2- годишно дете во кафез, живеело во ѓубре и фекалии (ВИДЕО)

Наеша Лампкин (24) од Њујорк е обвинета дека ја загрозила безбедноста на своето дете (2) оставајќи го затворено во кафез во нивната семејна куќа.

Американската полиција во четвртокот на 16 мај соопшти дека мајката била уапсена откако нејзиниот син бил пронајден во страшни услови, со модринки по целото тело. Подоцна било утврдено дека тој претходно имал скршеници на две поголеми споени ребра, што укажува дека повредите настанале многу порано, пренесе Њујорк Пост.

На испрашувањето, мајката рекла дека момчето ги повредило ребрата кога паднало од скала на крајот на минатата или на почетокот на оваа година, но дека не мислела дека неговите повреди се „страшни“, поради што не го однела на лекар.

За време на лекарската проценка во болницата, медицинскиот персонал потврдил дека двегодишното дете има „модринки по лицето и телото“. Утврдено е и дека детето има две скршени ребра кои се лекуваат, а според нивните проценки, повредата настанала помеѓу десет дена и две недели пред детето да пристигне во болница, соопшти полицијата.

Несреќното момче било откриено откако полицијата на почетокот на годината по друга основа дошла да ја уапси неговата мајка.

Кога пристигнале во куќата за да ја уапсат, го пронашле нејзиниот двегодишен син во посебна спална соба во „импровизиран кафез“ направен од ограда за игра покриен со парче креветче врзано од три страни. Во соопштението за медиумите се наведува дека во кафезот немало доволно простор за детето „да застане или да излезе од кафезот“.

Полицијата сподели фотографија од мал кафез, на кој се гледаат пар сиви креветчиња врзани заедно. Околу кафезот имало расфрлано ѓубре и фекалии, се вели во полицискиот извештај, во кој се додава дека со измет бил извалкан и ѕидот до него.

„Имаше остатоци од храна.“

@faitsdiverstiktok Naesha lumpkin doit être jugée au mois de Juin! mais cela fait polimique car elle va peut être pouvoir récupérer sont enfant de 2 ans! ppfff . #enfants #cage #mere #faitsdivers #crimestories #pourtoi ♬ Disturbing Suspense-Psychological Thriller (with drama)(890116) - CHROMA

Полицијата во пријавата навела дека малото дете и кафезот биле покриени со „човечки измет и урина“.

"Имаше голем број оправдувања зошто детето беше така во тој кафез. Ниту едно од нив не беше со добра причина. Да бидам искрен, ниту едно дете не заслужува да живее така", додал О'Калаган.

Инспекторите во местото на живеење ги повикале Службите за заштита на децата од округот Ири и ЕМС во домот за да го лекуваат детето. Детето потоа било префрлено на лекување во детската болница Оишеи, соопшти државната полиција.

Според американските закони, доколку судот ја прогласи мајката виновна, таа се соочува со затворска казна до една година.

На жена со операција ѝ извадиле чаша од мочниот меур, докторите шокирани како влегла

Неверојатна приказна се случила во Тунис, каде лекарите пронашле „туѓо тело“ во мочниот меур на 45-годишна жена, која се пожалила на уринарна инфекција.

По прегледот било јасно дека треба да се организира операција, а резултатот ги остави без зборови искусните медицински лица.

Случајот е снимен пред неколку години, но и денес ја збунува пошироката јавност. Жената чиј идентитет не се соопштува, премногу си играла во кревет со партнерот, по што стаклената чаша завршила во нејзиното тело.

Сепак, тоа не е најшокантниот детал. Туѓиот предмет не бил внесен преку гениталниот орган, туку преку уретрата, пренесува Lakalle Blu Radio.

Рентгенот првично открил чаша од осум сантиметри која била покриена со калкулус.

Постапката за отстранување не била лесна, имало ризици, но на крајот сѐ завршило без последици. Чашата била отстранета, а лекарите сфатиле дека е практично неоштетена.

Приказната постојано се ажурира на социјалните мрежи, а корисниците главно се шокирани.

„Што се случува со луѓето?“, „Се исплашив од камен во бубрег од 2,8 мм, но ова...“ беа дел од пораките.

Kостов: Колку години е Мицотакис премиер, дали стапна во Македонија?

„Влегување во ЕУ под бугарски диктат не поддржувам“

Колку години е Мицотакис премиер, дали стапна во Македонија? Не. Уште пред инагурацијата претседателката Сиљановска ризикуваше да и се налути Брисел и рече, прво ќе одам кај соседите. Сега доаѓа еден убав празника, па ќе оди во Рим, ќе се сретне и со Италијанскиот претседател и со Папата. Треба да се седне на маса и да се разговара рамноправно, не едниот ќе го присилуваме да прави нешто поради влез. И не' изиграа, го сменивме името и не влеговме во ЕУ. До кога? Бугарското општество од политички аспект го жалам, од лево отидоа десно, отидоа центарг па граѓанско општество правеа. Се јавуваат партии ко печурки, победуваат па губат на избори, не можам да го сфатам тоа и не е нешто на кое треба да се угледаме или нешто од кое треба да се исплашиме, дури и можеби треба да им укажеме дека демократијата бара стабилност и цврсти ставови, не менување катадневно. Владата нека си одговори што ќе договори во новата коалиција, но влегување во ЕУ под бугарски диктат не поддржувам, рече Сотир Костов во Само Вистина.

притисни ентер