Авганистанците се снајдоа против талибанските власти- опиумот со катапулт го префрлаат во Иран - Канал 5

Авганистанците се снајдоа против талибанските власти- опиумот со катапулт го префрлаат во Иран

За да ја избегнат забраната за производство на опиум што ја наметнаа талибанците по враќањето на власт во Авганистан, тамошните фармери смислија како оваа главна состојка на хероин да ја пренесат во соседен Иран.

Авганистанците се снајдоа против талибанските власти- опиумот со катапулт го префрлаат во Иран

Како што пренесува британскиот весник „Телеграф“, за тоа користат катапулти.

По напуштениот, правлив пат на границата на Авганистан со Иран, се редат истрели или катапулти еден по друг. Со години, овие рути се користеле за транспорт на дрога од западната авганистанска провинција Нимроз преку граница до Систан и Белучистан во Иран.

Сега, по воведувањето на талибанската забрана за производство на опиум, употребата на катапулти дополнително се зголеми, особено под закрила на ноќта.

„Ноќите се поволни кога има многу месечина“, вели Џабер, кој често пренесува опиум на овој начин.

„Тоа им олеснува на луѓето од другата страна да ги лоцираат пакетите. Талибанците ја зајакнаа забраната и апсењата се чести, па сега ги извршуваме нашите операции под превезот на темнината и користиме различна локација секоја вечер за да избегнеме какви било конфликти со нив“, додава 31-годишникот.

Границата е делумно заштитена со ровови и електрични огради, што значи дека решението се катапултите.

„Со секое лансирање, околу половина килограм патува 300 до 400 метри подалеку до Иран. Иако овие ноќи првенствено се фокусирани на опиумот, имам контакт кој конкретно бара хероин што тој го испраќа во Турција“, вели Џабер.

Новите владетели на Авганистан ја интензивираа националната акција против производството на дрога и фармите за афион пред наближувањето на сезоната на жетва, што предизвика протести без преседан. Талибанците предупредија дека ќе распоредат војска во регионот за да ги задушат јавните демонстрации.

YouTube video

Претходно овој месец избувнаа немири кога талибанските сили за борба против наркотици почнаа да ги уништуваат полињата со афион во провинцијата Бадакшан. Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат како жителите извикуваат слогани против врховниот лидер на Талибанците, Мула Хибатула Ахунџад, кој наредил забрана за одгледување афион.

Цените исто така драматично се зголемија откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во август 2021 година, скокајќи од околу 30 фунти (околу 35 евра) за килограм на помеѓу 800 и 1.000 фунти. Напливот поттикна многу фармери ширум земјата да одгледуваат афион тајно, или во нивните приватни градини или во оддалечените села.

Ахмадвали (42), еден од фармерите, го трансформирал своето некогаш луксузно лозје во зафрлено село во западниот дел на Фарах во фарма за афион заштитена од очите на талибанците со високи ѕидови. Тој доделил два од неговите синови да ја следат фармата во случај талибанците да станат сомнителни. На овој земјоделец му требаат само уште десет дена за да собере богата жетва на опиум.

„Имав неколку фарми во Хелманд и Кандахар, но талибанците ги уништија сите. Потоа го зедов моето лозје, изградив голем ѕид околу него и го претворив во фарма за опиум“, вели тој и продолжи:

„Сè уште имам малку опиум од минатата година, но се двоумам да го продадам. Го има сѐ помалку, а цените растат од ден на ден. Ми требаат уште само десет дена пред да почнам со бербата“.

Сепак, талибанските власти рекоа дека значаен аспект на неодамнешните протести е намерната инфлација на цените, користена од највисоките функционери, кои поседуваат тајни фарми или магацини за опиум, за дополнително да се збогатат:

„Многу од нив, особено оние кои се поврзани со естаблишментот Кандахар, собраа стотици килограми складиран опиум. Пред само две години, мојот командант немаше ништо друго освен расипан мотоцикл, а сега има два Land Cruiser и раскошна куќа Тие стануваат сѐ побогати и побогати со секоја фарма со афион што ја уништуваат“, рече локален талибански функционер во западен Херат.

Авганистан ја држеше титулата најголем производител на опиум во светот сѐ додека талибанците не воведоа забрана за одгледување на почетокот на 2022 година, отстапувајќи го првото место на Мјанмар. Производството на опиум во земјата е намалено за повеќе од 90 отсто, според извештајот на Обединетите нации, додека талибанските борци ги уништуваат фармите за афион низ целата земја.

Одгледувањето во провинцијата Хелманд, која некогаш произведуваше околу четири петтини од опиумот во Авганистан, падна на околу 2.500 хектари минатата година, помалку од 320.000 хектари една година порано. Хаџи Холам Јахиа (46) користи поинаква стратегија за да го скрие своето поле со афион во областа Сангин во Хелманд.

Ја опкружил со високи дрвја и околу неа одгледува пченица како дополнителна маска. Неговиот помлад брат е во талибанците и му помага да ја задржи Харма од сомнежот на неговите претпоставени.

„Понекогаш му давам опиум и пари за да му се заблагодарам. Пазарот е одличен. Опиумот е црно злато. Претходно, друга влада, а сега и талибанците, ни рекоа да одгледуваме пченица“, вели тој.

Ихаја планира да испрати дел од својот опиум на роднина во западната провинција Нимроз, кој потоа ќе го прошверцува во соседен Иран, каде што цените исто така се зголемени. Голем дел од опиумот и хероинот произведени во Авганистан се шверцуваат во Иран, кој се смета за порта на патот на дрогата кон Европа.

Башир (29), кој има „кујна“ за производство на хероин во близина на границата со Иран, ги прошири своите операции за шверц на опиум во Иран како одговор на уште повисоките пазарни цени.

„Поминаа неколку месеци откако испратив големи количества хероин бидејќи опиумот е полесен за трговија, а сега и попрофитабилен. Опиумот стана редок“, вели Башир.

Патувајќи со двајца вооружени мажи, тој секоја недела носи околу 20 килограми опиум до границата, а потоа работата ја преземаат неговите ирански контакти. Исплатата ја добива во американски долари на граница, по што е обврска на неговите ирански колеги да ја дистрибуираат во нивната земја и да ја проследат до нивните турски колеги за европските пазари.

„Мораме да ги правиме луѓето среќни во тешки времиња каде и да се. Талибанците ни ја отежнаа работата малку“, заклучува Башир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“

Голманот на англискиот шампион Арсенал, Давид Раја, мораше да го напушти теренот поради повреда на левото рамо за време на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл, кој заврши нерешено 2:2.

Арсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“

Ова се случи во момент кога актуелните шампиони на Англија се соочуваат со серија тешки натпревари.

Раја се повреди при пад на тревата по дуел со напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, откако ја фати топката по изведен корнер. Шпанскиот репрезентативец изгледаше како да трпи големи болки уште додека му се укажуваше помош, а потоа го напушти теренот придружуван од член на медицинскиот тим на Арсенал.Засега се уште не е познато колку Раја ќе биде надвор од стативите.

Во следните две и пол недели, Арсенал го очекуваат дуели против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство, во истиот период, ќе играат против Манчестер Сити, Брентфорд и Тотенхем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ.

Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб.

Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб.

Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор.

Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии.

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори.

Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб?

Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска?

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

Скопје, 22.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регистриран земјотрес во Србија

Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди околината на Горњи Милановац рано утринава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. 

Регистриран земјотрес во Србија

Според Заводот, земјотресот се случил околу 5 часот и 25 минути, на длабочина од 12 километри.

Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат поголема материјална штета во епицентралното подрачје.

Сепак, жителите на овој дел од Србија го почувствувале потресот – најверојатно оние што биле најблиску до епицентарот – и го коментирале настанот на социјалните мрежи.

„Има ли некој буден што се разбудил од земјотресот утрово?“, напиша еден корисник. „Јас бев буден, точно во 5:25“, потврди друг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер