Стоилковска експресно до второто коло на фјучрс во Египет

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Шарм Ел Шеик. 

Таа денес ја совлада квалификантката Нина Рудикова од Русија со 2:0, по сетови 6:1 и 6:0 за 51 минута.

Стоилковска истата ривалка ја победи и претходната недела на фјучрс во Египет, но тој меч се играше во три сета и беше решен во тај брејк.

Интересно е тоа што првиот гем во мечот го освои Рудикова и поведе со 1:0, но потоа следуваше серија на Стоилковска од 12.

Македонската тенисерка имаше реализација 6/9 на брејк топки, а во вкупниот број поени скорот беше 51:16.

Во следното коло Стоилковска ќе игра против четвртата носителка Романката Карола Патриција Беженару, која во првото коло со 2:0 (6:0 и 6:1) ја совлада квалификантката Шанел Јансен од Холандија. /МИА

Трагедија во Гостивар, почина шестгодишно момче, му се слошило на тренинг

Дете на шест годишна возраст починало во Гостивар на фудбалски тренинг. 

На детето му се слошило за време на тренингот,и со возило на Брза помош било однесено во општата болница во Гостивар, каде што пристигнало без знаци на живот.

„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот“, известија од МВР.

Лекарите се обидувало да го реанимираат, меѓутоа на крајот можеле да констатираат само смрт, се очекуваат резултатите од обдукцијата.

Утринава почина 14 месечно бебе на детската клиника, било донесено во сериозна состојба

14 месечно дете рано утринава почина во Клиниката за детски болести. Семејството на детето тврди дека станува збор за негрижа од страна на детската клиника. 

Роднини на семејството на починатото девојче раскажаа дека детето било болно и уште пред неколку дена го носеле во болница каде што има дале сируп и има кажале да го однесат детето дома. Откако не се подобрила состојбата детето тие го однеле детето во болницата Козле, но оттаму детето околу еден часот ноќеска било претпратено на клиниката за детски болести. Околу четири часот тоа починало.

Денеска на клиниката имаше и полициско обезбедување, откако бил пријавен инцидент од страна на вработените, кога вознемирениот татко по смртта на неговото дете почнал да крши во ординациите. Вознемиреност од целиот настан имаше и кај персоналот но и кај пациентите кои доаѓаа. Директорот на клиниката Реџеп Мемеди објасни дека детето било донесено во тешка здравствен состојба.

На прашањето дали детето било вратено од клиниката и дали на смена бил тим за интензивно лекување? Мемеди одговори дека истражните органи ќе ја испитаат состојбата, а дека на смена имало тим кој одговора на задачата на интезивна нега.Телото е предадено на обдукција.

Од ДСЗИ потврдија дека ќе се изврши вонреден инспекциски надзор. Надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица од двете болници детска клиника и козле и вработените кои биле вклучени во овој случај. По добиените изјави и документација ќе се формира и комисисја за стручен надзор.

По обилните врнежи во тетовско над 20 интервенции на пожарникарските екипи

Над 20 интервенции имало синоќа во поплавени куќи во Тетово по обилниот дожд.

Тетовските пожарникари ноќта имале повеќе од 20 повици за испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи биле во селата Мала и Голема Речица.. Поради обилните врнежи пожарникарите вчера извлекувале и неколку возила..Најкритично било во Желино каде во подвозникот по кој поминува локален пат в насобраната вода се заглавило комбе со 11 патници., кои не можеле да излезат , и по интервенција на тетовските пожарникари успешно биле извлечени од комбето и патниците и возачот

притисни ентер