МакедонијаСтоилковиќ со честитка по повод 8 Април - Меѓународниот ден на РомитеПочитта не е само обврска, таа е избор што го правиме секојдневно.Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите упати честитка до сите припадници на ромската заедница и порача: „8 Април, Меѓународниот ден на Ромите е ден кој не е само симбол на борбата на ромскиот народ за еднаквост, слобода и достоинство, туку и ден за сеќавање и ден за надеж. Ден посветен на подигнување на свеста за правата и културата на ромската заедница, но и потсетник дека секој граѓанин без разлика на етничката или верската припадност има еднаква можност да учествува, придонесува и напредува. Ромската заедница во Република Македонија е нераскинлив дел од мозаикот што ја прави нашата земја толку богата и шаренолика, а Ромите се нераскинлив дел од македонското културно наследство. Таа е длабоко вкоренета во историјата и развојот на нашата земја, а нејзините членови секојдневно придонесуваат во различни сфери. Основната мисија на Министерството за односи меѓу заедниците е да гарантира заштита на правата на етничките заедници, унапредување на меѓуетничките односи и јакнење на културна кохезија во општеството, како и промоција на културните вредности, подигање на свеста за важноста и потребата од почитување на диверзитетите на културните и сите други изразувања. Ќе направиме сѐ што е потребно за интеграцијата на сите заедници и граѓани во македонското општество да не биде само празна фраза, туку и предизвик кој преку континуирана работа, искрен дијалог и вистинска волја ќе значат реализирање на визијата - општество во кое никој не е невидлив. Министерството за односи меѓу заедниците останува силен поддржувач на ромската заедница, и не само ромската, да биде слушната и вистински вклучена во донесувањето одлуки. Сигурен сум дека таквите политики ќе ја потикнат севкупната интеграцијата на македонското општество не само на ромската заедница и дека тоа не значи асимилација, туку меѓусебно прифаќање, разбирање и заедничко градење на иднината. Почитта не е само обврска, таа е избор, избор што секојдневно го правиме со нашите зборови, нашето однесување и нашите политики. А кога ќе го избереме почитувањето, го избираме и човечкото достоинство. 8 Април, денот на ромската заедница нека биде потсетник дека напредокот се мери не само по економски показатели, туку и по начинот на кој се однесуваме кон најранливите меѓу нас. Нека ни биде поука дека различноста е сила, а не пречка. И нека ни биде водилка во создавање општество во кое секој поединец – без разлика на потекло, вера, се чувствува достоен, безбеден и рамноправен. На сите Роми во нашата држава и ширум целиот свет им го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите! Ви посакувам здравје, успех и уште поголема афирмација на потенцијалите на ромската заедница.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЧупиќ ги објави претседателските избори во СрбијаПретседателот на српскиот Парламент, Александар Чупиќ, денес ги распиша вонредните претседателски избори, кои ќе се одржат во недела, на 27 декември. Чупиќ ја потпиша одлуката за распишување на изборите напладне во Домот на Народното собрание. „Почитувани граѓани, во согласност со член 114, ги распишувам изборите за претседател на Србија, кои ќе се одржат на 27 декември.„Се надевам дека ќе имаме тежок избор помеѓу водечките кандидати и нивните програми, нека јавните дебати и демократскиот изборен процес бидат покана за голема излезност“, рече претседателот на Народното собрание и продолжи: „Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни и да излезат на гласачките места на 27 декември. Нека јавните дебати бидат повик за голема излезност. Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни за волјата да роди претседател со силен интегритет. Да живее Србија.“ изјави Александар Чупиќ. „Оваа одлука стапува на сила од денот на објавувањето во Службен весник“, рече Чупиќ на прес-конференцијата. Роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат од денот на распишување на изборите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоради процесот Брдо-Бриони во Охрид и Струга посебен режим на сообраќајПоради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денес и утре ќе се одржи во Охрид, од денеска во Охрид и Струга, на сила се засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, информираат од МВР.Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посета. Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид и Струга, на трасите предвидени за движење на возилата под придружба, интензивно спроведуваат мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот во двата града, особено по булеварот „Туристичка“ во Охрид, на дел од автопатот Охрид-Кичево, во централното градско подрачје во Струга, по регионалниот пат Струга Струга-Дебар, како и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила. Тука, предвидени се краткотрајни застои во сообраќајот кои ќе трааат до поминување на возилата со кои се превезуваат учесниците на средбата. Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности на терен, СВР Охрид навремено воспостави контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици во општините Охрид и Струга, јавните претпријатија и други релевантни институции. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедноста на сите учесници а своите возила, да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Атрактивна спортистка позираше само во пешкир по саунатаГерманската атлетичарка Алика Шмит повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, откако сподели со своите следбеници фотографија направена веднаш по опуштањето во сауната. 28-годишната атлетичарка објави фотографија на својата приказна на Инстаграм на која позира облечена само во крпа. Посебно внимание привлече сцената во позадина, бидејќи зад неа се протегаше импресивен планински пејзаж. Заедно со фотографијата, таа накратко напиша „Поглед по сауната“, односно погледот по сауната. Како што се очекуваше, објавата брзо предизвика бројни реакции од нејзините следбеници, кои го изразија своето воодушевување од коментарите. Имаше и реакции од колегите спортисти, кои исто така ја забележаа нејзината нова објава. View this post on Instagram A post shared by Alica Ѕchmidt | Olympian (@alicasmd) Алика Шмит одамна е позната надвор од атлетскиот свет. Германската претставничка настапи на Олимписките игри во Париз во 2024 година, каде што ја претставуваше својата земја во штафетното натпреварување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook